скоро:

    follow me on Twitter

    петок, јуни 03, 2005

    Културен Шок

    Без разлика на тоа колку знаев за Американската култура, Англискиот јазик како и нивната историја ме удри оној кулутрен шок затоа што се е различно од кај нас. Абсолутно се! Некои од работите се подобри некои се полоши. За да живееш во градот во кој што јас се наоѓам секогаш мораш да имаш кола (која јас ја немам) затоа што верувале или не нема пешачки премини и тротоари! Секој ресторант, секое место мора да си има паркинг место а некои за да се придвижат од една продавница до друга користат кола кое што ми беше многу чудно. Ако ме питате дали сум ги видел плажите на сликите подолу да ги видов и е неверојатно! Некои од местата се опустошени од минатогодишните урагани но повеќето се обновени. Фактот дека во Америка имало само дебели луѓе не е точен (иако постојат). Не знам зошто но тука се врти мода Бритни Спирсповеќето од девојчињата се руси и се обидуваат да изгледаат како неа. Не ретко не прашуваат зошто сме дошле тука, дали имаме плеј стејшн, компјутери, и се чудат кога ќе им кажеме дека имаме MTV, VH1... Повеќето се пријателски расположени, викаат хај се смеам кое мене некогаш ми изгледа лицемерие. До сега само еден од триесетина знаеше каде е Македонија повеќето од нив мислат дека е некаде во Русија или Африка кое мене страшно ме нервира. Најчесто јадат брза храна и се срушени сите стереотипи, предрасуди кои што ги имаме ние во Македонија ете преска видов баба таксист која сопира до бургер кинг и си порачува `Чикен он а стик`... Пред да стигнам во Миами слетав прво во Париз и верувале или не ме пуштија во Франција без ВИЗА! Кој вели дека ми треба виза за Франција? Бев до тур ефел, шанзелизе, гробот на Наполеон Бонапарта, Лувр... Ќе ставам слики на блогов овие денови. Кога излегов од аеродромот во Миами се шекнав од жештината како и 18 часовниот пат до Пенсакола, Флорида. Имавме десетина одмори и застанавме во неколку градови меѓу кои беше и Орландо каде претежно живеат црнци и не знам зошто ама ми беше малку непријатно. Зборуват малку лош дијалект кој тешко се разбира. Ај до скоро....

    2 коментари:

    Малечката принцеза рече...

    Еееее стигна веќе? Супер! Продолжи да ни раскажуваш за Америка и да ни ја рушиш сликата која ја имаме.
    Ајде убаво поминувај си. :)

    Анонимен рече...

    tie premnogu debelite verojatno bile doma,pa zatoa ne si gi videl.