скоро:

    follow me on Twitter
    Се прикажуваат објави со етикета Размислувања. Прикажи ги сите објави
    Се прикажуваат објави со етикета Размислувања. Прикажи ги сите објави

    понеделник, април 21, 2008

    Репринт: Казино ин Лас Вегас

    Точно на Дивижан стрит во Чикаго. Онаму каде што се пресечува со Кларк. Тој е црнец облечен со бела долга кошула, црни панталони. Некаде е во неговите четириесети години. Лицето му е пропаднато. Носи несредена брада. Тој е веројато луд. Вика преку целото време.

    Влегува во автобус. Наеднаш сите го загледуваат и го слушаат неговиот глас.

    “Казино ин Лас Вегас, брату. Казино. Сакам казино. О госпоѓо, господине сакам казино во Лас Вегас. Смачено ми е од Чикаго, смачено ми е. Госпоѓо не тргнувај од кај мене остани овде сакам да зборуваме.“

    Госпоѓата си тргнува. Овој почнува да зборува на друг црнец на наредното седиште.

    „Бро, за тебе има пат до белата куќа и не само за тебе и за мене. Ми требаат пари, ми треба казино во Лас Вегас. Ми требаат пари. Пари за кампања. Ќе станувам прецедател. Јас ќе сум првиот црнец кој што ќе е претседател. “

    Станува. Почнува да се шета низ абтобусот и се фаќа за држачите. Разгледува.

    “Јас ќе сум првиот црн претседател во Америка. Тој ќе сум. Знам дека ќе ме убијат белите. Јас сум за животот на црните. Сите треба да имаат работа, сите треба да работат. Казино во Лас Вегас, тоа е. Ќе ме уништат. Но ќе се борам. Ќе се борам до крај. Јас ќе сум поголем и од Мартин Лутер Кинг. Ќе сум. Ми требаат пари. Казино ин Лас Вегас“.

    Продолжува да се шета по автобусот. Здогледува Полска двојка која се гледа вљубено. Се поздравува со нив.

    „И за вас ќе има добро. Јас сум на пат кон белата куќа. Среќни луѓе сте вие. Момче, убава девојка имаш. Треба да се ожениш со неа. Да имате деца. Тие треба да се дел од Америка. Ние заедно ќе ја градиме оваа држава.“

    Полската двојка се смее. За нив тој е лудак. Црниот продолжува по автобусот здогледува двајца мексиканци кои се обидуваат да не му обрнат внимание.

    „О, браќа Мехикано. И вие ќе сте со нас. И вие сте со мене. За вас ќе има убави работи, нема да чистите, миете садови и вецеа. Вие ќе имате место во Сенатот, во Белата куќа.“

    Продолжува да шета по автобусот и повторува неколку пати „Казино ин Лас Вегас.“

    Седнува, се смирува за момент и се загледува во една точка во автобусот. Автобусот застанува. Влегува црна жена во нејзините 50-ти. Овој ја здогледува и се обраќа на цел глас:

    „Кенјада!!!! Белата куќа. Казино во Лас Вегас. Ти што внукот ти умре во Ирак. Ми требаа пари за кампања. Јас ќе сум првиот црн претседател во Америка.

    Автобусот застанува. Овој излегува. Се што се слуша е: „Казино ин Лас Вегас“. Автобусот тргнува. Неговиот глас исчезнува. Автобусот наеднаш станува тих. Црниот имаше цел, тој имаше некоја гледна точка. Беше ли тој луд?

    петок, март 21, 2008

    Зошто војната во Ирак нема смисла?

    3988 убиени Американски војници.
    Над 80.000 повредени.
    175 британски војници и 127 други војници убиени.

    151.000 - 600.000 (бројот е непознат) на убиени цивили, терористи и др.

    4.4 милиони бегалци,

    3 билиони долари потрoшени,

    и

    само ЕДНА Америка.

    Извор: Red Eye Chicago

    вторник, март 18, 2008

    Нешто за американската мечта

    Секој од вас знае за некого што е во Америка.... И вие сите сте чуле колку им е убаво на нив во Америка... Најчесто нашите имигранти кога ќе се вратат на балканите си доаѓаат со неверојатни стории за тоа колку се успешни, колку пари земаат, какви куќи имаат и колку коли имаат. Многу од нив не се толку успешни какви што велат дека се.

    Постои таква тенденција македонците, бугарите и србите да се групираат заради блискиот балкански интелект. Многу често меѓу тие групи има борба за престиж, оговарање. Абе... балканот на мало.

    Секој се обидува да ја најде американската мечта на свој начин. Мојата бивша цимерка се ожени со романец и има дете, живее во еднособен стан и има документи. Друга моја бивша цимерка се пресели на остров во западна Америка и не сака да мрдне од таму. Мој братучед се ожени за Американка. Мој пријател Бугарин работи како стриптизер во еден клуб. Друг живее со девојка му во Њујорк. Трети имигрираа во Канада на основа на сексуална ориентацја. Некои се вратија по балканите. А овој заглави во затвор во Флорида затоа што решил да работи како платен убиец. Некои од пријателите ми се успешни брокери, доктори, заболекари. Некои од нив се обидиле да ја најдат американската мечта преку дилање на дрога, проституција, крадење...

    А Американската мечта е:

    `having the belief and the freedom that allows all citizens and residents to achieve their goals in life through hard work in the United States of America.`

    И тоа многу хард work. :)

    четврток, август 10, 2006

    Доживување на еден црнец и една бела девојка

    Модерна, демократска и капиталистичка Америка, месец јули 2006 година

    Таа е плава, совршени димензии, знаете од оние девојки кога од кога ќе ги погледнеш ти се исполнуваат очите и ти се зголемува сексуалната желба. Тој е црнец, облечен во гето стил, и ланец на врат. И двајцата се во центарот на Чикаго. Решиле да прошетаат низ центарот на градот држејќи се за рака и гледајќи ги човеко создадените згради. Пред тоа биле во бар каде што повеќе излегуваат црни. Тој е менаџер на хотел и заработува над 80 000 долари годишно. Таа е келнерка која не прави повеќе од 24.000 годишно. Тој и е шеф. Нивната врска е забранета.

    Низ центарот на градот е врева и не можат а да не ги забележат погледите на минувачите. Одеднаш почнуваат да се чудат што се случува. Поминуваат пет минути. Почнуваат извици од кола:

    - Црнило, врати се во гетото. Што бараш со оваа девојка до тебе? Врати се таму каде што припаѓаш....

    Остануваат без зборови. Нема што да се каже.

    - Девојко види ме мене, поубав сум од овој расипан црнец. Тој не те заслужува. Ти си секс бомба за него. - извикува пијаница од втората кола.

    Без зборови се, и авторот на овој пост е без зборови.

    понеделник, јули 31, 2006

    Амазон, Гугл, тишина

    Амазон

    Многу одамна бев чул за Амазон, но никогаш не сум купувал од таму затоа што секогаш книгите кои ми се допаѓале или ЦД-то сум го купувал од локалната продавница во која цените се за 30-40% поевфтини од некој гигантски Американски продавач. Не можев да се начудам на брзината и на ефикасноста на Амазон и леснотијата да најдам одговор на сите мои прашања. Плус, ако не ми се допаѓа можам да го вратам продуктот и да добијам моите пари назад. Sounds like a good deal, hugh?

    Шо си купив?

    1. Најдоброто од Македонија, колку да ме фати носталгија пак. :)
    2. Прашина на Милчо Манчевски (отсекогаш сум сакал да го имам во колекција)
    3. Штети на Баже - од македонски автор кој живее во Њу Џерси (ми ја препорача добар пријател)
    4. Mапа на Америка - ќе си ја ставам над креветот во мојата соба



    Правење на пари од Гугл

    Да правиш пари со тоа што ќе го ставиш Google Adsense е фикција во Македонија но реалност во Америка особено ако имаш веб сајт кој добива илијадници посети дневно. Авторот на Диџитал Инспирејшнс заработува околу 1000 долари дневно од неговиот блог во споредба со мене 13 цента и тоа за три недели. Ја откажал работата која ја имал и живее од неговиот лаптоп и неговиот блог. Јас веројатно останувам во мојот кофи шоп.


    Различности

    Што ќе се случи ако се соберат неколку холанѓани, босанци, црнци, македонци и бугари во една соба со присуство на огромно количество на алкохол? Што се случува ако се измешаат лесни дроги, тврдолгавост, гето стил, гостопримливост и танц?

    Избивање на комплекси, судир на спорови, величење на сексот, толеранција, невкусни шеги, паѓање, и параноично смеење. И мамурлук наредното утро.

    Градски психопати: Тишина

    Доказ дека тишината те прави среќен.