скоро:

    follow me on Twitter

    понеделник, март 13, 2006

    Америка против Бог и Имигрантите






    "Името ми е Педро. Живеам во Чикаго веќе 18 години. Имигрирав од Мексико заедно со целата фамилија преку Алабама каде што останав некое време и после решив да дојдам во Чикаго затоа што велеа дека тука најлесно се наогало нелегална работа. Работам како мијач на садови веќе 12 години. Живееме нормално досега но може да дојде крај на тоа откако сенатот почна да расправа за статусот на илегалните имигранти. Протестирав и сакав да протестирам. Јас се чувствувам како дел од оваа земја."

    Педро е еден од скоро 1 000 000 примери на илeгални имигранти. Најчесто таквите работат како мијачи на садови, чистачи на маси, работа во земјоделието работа во изградби. Од време на време ќе најдеш некој илeгален имигрант менаџер, заменик менаџер како и управител на фирма. Проблемот е што Америка веќе долго време и овозможува на илегалните имигранти да живеат како слободни не правејќи им никакви проблеми се додека не излезат од државата - не дозволјувајќи им да се вратат повторно назад. Каков апсурд.

    Така да, нашиве се женат, мажат бараат спонзори за секакви видови на визи, се запишуваат на факултети само за да можат да останат тука легално.

    "Не дојдов во оваа земја да крадам, туку да работам и да го издржам моето семејство"
    "Иако сум илегален Америка ја чувствувам како своја земја"
    Ова се дел од коментарите на 100 000 протестанти кои пред некој ден маршираа во центарот на Чикаго - гледка која никогаш не сум ја видел во животот и која ја гледав со огромен восхит.

    Представете си ја ситуацијата во која се наогаат сега: Ке треба да напуштат држава во која си имаат изградена своја сегашност и да се вратат во државата во која се родени и во која во моментот немаат апсолутно ништо. Такви има и Македонци. Ништо чудно скоро таквите да се вратат во Македонија за кои сигурно сте мислеле дека се со зелени карти, успешни, богати и за кои Америка е земјата на сништата. Повеќето од Американците со кои зборував за ова се против било како истерување на нелегалните - тие се срцето на економијата на Америка. Многу и од нив се жалеа дека всушност имигрантите ги земале работите на Американците. Во тој момент се почувствував како навреден имигрант. Искрено.

    4 коментари:

    Анонимен рече...

    a koj e tvojot status momentalno vo usa?
    imase pisano neso za fakultet...

    MT рече...

    Само што дознав дека до 27 Март конгресот треба да усвои амнестија на сите илегални работници со тоа што ќе им додели привремени работни визи. Со тоа секој резидент кој моментално е во САД би имал легален статус. Ова морало да се случи пред да биде изгласан новиот закон за Имиграција.

    Анонимен рече...

    EI MOMCHE MNOG MI HARESA BLOGAT TI< OBICHAM TE< AVELINA ste si pusan ia s blog..che da imame brastka vraska

    Анонимен рече...

    Зошто ко навреден имигрант си се почуствувал? :)