Авторот на Озборувач е тука уште на истото место... Дневната рута му е работа - дома - работа - пријатели - заболекар - дома - некој американски бар од време на време и пак работа... Се бори со бурната зима во Чикаго и пред да излезе од дома мора да облече неколку слоја на алишта почнувајќи од ѕиври и завршувајќи до шали и ракавици. Времето дома најчесто го поминува со цимерките пред телевизор гледајќи американски сапуници, филмови, Ен Би Си Вести или дабавлју џи ен Чикаго. Многу често на масата се наоѓа некој шише со отворено Кијанти или Мерлот вино или Т`га за Југ ако некој решил да отиде до балканската продавница со некој видео изменет специјалитет (поради недостаток од продукти) од Македонската / Бугарската кујна секогаш презачинета барем во мојата чинија. Бад лајт или бадвајзер се многу често присутни...
Есента а особено зимата секогаш го депресирала и многу често мислата го води на кај своите во Македонија иако многу добро знае дека многу повеќе местото му е тука во Америка отколку некаде на балканите... Мислејќи за себе си, земјата во која е роден реши да посети една Македонска црква која не далеку се наоѓа од местото каде што живее. И ја најде затворена. Наоѓајќи го сето тоа комично не може да поверува кога забележа дека на на вратата на црквата се наоѓа реклама за пица.
Од кога црква затвора во три саат поручек? Што убаво си беше атеист. :)
Нешто што авторот го разбра е дека повеќето луѓе околу него се осамени а тоа не се само Американци туку и свежо печените балкански имигранти... Најчесто врските / сексуалните доживувања се случуваат Бугарин/Македонка - Македонец / Бугарка, Бугарин/Бугарка - Македонец / Македонка. Од време на време се вклучува некој/а Србин/Србинка, Романец / Романка или некоја соседка од поисточна Европа. Сум останал со впечаток дека флертувањето и создавањето на пријателства на новопечените имигранти им оди потешко со Американци веројатно поради јазичните / културните разлики. Дури сега го разбрав одговорот на прашањето: "Зошто македонските ергени / моми од Америка си бараат жени / мажи кога ќе се вратат преку лето?". Мажот балканец најчесто некој мачо тип бара жена која ќе му пере, готви и чисти и не треба да е промискуитетна. Колку помало сексуално искуство имала толку подобро. Жената имигрантка пак водена од влијанието на општеството во кое израснала го бара мажот покровител на семејството во кое се се одвива по некои норми и поделби. И почитува авторитети - а авторитетот е нејзиниот маж... Авторот има чувство дека многу од нив живеат и сакаат да живеат како што живееле нивните родители. Интересен е фактот што тие луѓе одбиваат да се Американизираат со години дури понекогаш и цел живот и верувале или не - не научуваат да зборат Англиски и секогаш си го носат македонското во себе и никогаш не можат да го прифатат Американското за нормално.
Добар дел од нив успеаваат да се американизираат делумно или целосно некој од нив делумно или целосно загубувајќи го контактот со земјата од која се родени. Кај тие луѓе балканското најчесто се познава по мали ситни навики кои не ги прават американците како не мачкање на путер на леб, јадење на леб / салата / главно јадење со исто време, јадење на мајонез со помфрит за кои американците најчесто би рекле:
You eat mayo with your fries?
3 коментари:
Па добро, разбирам кога се оди во странство, се имаат илјада причини за тоа... Ама не разбирам бре, како може да не се прифати барем минимумот од тамошната култура и јазик за да се преживее и социјализира во таа земја!? Што дивјаци ќе имаше одовде бре... Погледни ги, цел живот р`мбаат по Швајцариите, Скандинавиите и Амриките само за да дојдам во некое и од бог заборавено село да изградат палати, ама за кој бре!? Златната шанса од прва рака ја имаат да го видат цутот на цивилизацијата (не сегашниот), да прошетаат на викенд до Лувр, на одмор некаде во Африка... Каде македонците... таму и глупоста (и сите други балканци, не само македонците)...
Бугарин/Бугарин ли? Не е ли Бугарин/Бугарка ;-)?
Мал лапсус... :) А и да е првото ... не дискриминираме на база на сексуална ориентациja.
Објави коментар