скоро:

    follow me on Twitter

    среда, март 05, 2008

    Да работиш во Америка vol.1

    Работам во Starbucks. Со кафе. Почнав како кафе уметник, кофи мејкер(ха!) или како бариста - релативно нов американски збор украден од италијанскиот јазик. Ако се обидам да ја споредам мојата професија со таква балканска нема да успеам затоа што таква не постои. Тоа е нешто како фаст фуд (во овој случај фаст-кофи) место во кој што влегуваш, се редиш во линија и чекаш да го земеш кафето за 3 минути - затоа што брзаш и треба да стигнеш на работа, носиш децата на школо, да одиш на доктор, ги носиш да ги испереш алиштата, да земеш филм, да купиш два бургера од Бургеркинг...

    Уствари тоа е нешто како МекДоналдс (може да ме отпуштат за оваа споредба!) во кафе бизнисот со многу поголем квалитет. Ако решиш да седнеш и да го пиеш кафето во кофи шопот нема проблем само немој да запалиш цигара, правиш галама и немој да заспиеш на удобните футељи и троседи кои ги имаме - ќе мораме да те разбудиме. Ако решиш да го донесеш лаптопот и да го загубиш денот кај нас нема проблем... За тоа сме тука... Она што корпорацијата се обидува да го направи е да создаде средина која се нарекува трето место - не на работа и не дома... туку кај нас....

    За истата корпорација работам веќе 2.5 години и сега сум заменик управител на еден таков кофи-шоп со многу исчистени подови, џамови, ве-цеа, лижење на газови и околу 5+ милиона направени кафиња. Уствари станав оној на кој јас лижев газ некогаш и сега е обратно. Тој шефот е секогаш тука, ја надгледува твојата работа и бара некогаш да го направиш невозможното или како што они љубат да кажат - те предизвикуваат за да ги надминеш очекувањата од твојата работа. Пример: Сакам да го зголемите бројот на клиентите за 10% во наредните две недели.... Сакам да излезете од вашата комфорт зона и да измислите начин како да ја подобрите чистота и организираноста на продавницата?

    Во истиот стил јас им се обраќам на на моиве: Погледни го ова и запрашај се.. Ова може ли да биде почисто? Ако одговорот е не... Тогаш е чисто..

    Тоа значи многу изработени саати и малко време поминато дома кое значи малку време за излегување, малку време за да се видиш со пријатели и малку време да си посветиш на фамилијата ако ја имаш. Тоа е многу стрес и несоници. Поради овие причини многу американци се во безуспешна потрага по работата од соништата која за многу луѓе не постои.

    Погорниве работи не значат дека е лошо да се работи во една корпорација... Таа ти дава нешта кои малку потешко да ги направиш сам - здравствено и забно осигурување, пензиски фонд, акции, стабилна плата и друго...

    Тука ќе прекинам да се жалам.

    Нема коментари: