*Mood: Nostalgic. Пред мојот лаптот. Дејствието се одвива во продолжение од неколку дена.
Деновиве, се наоѓам во некоја времена Интернет носталгија кон балканите , почнаа да ми недостасуваат пријателите, родителите, и сите оние тинејџерски и адолесцентни моменти кои сум ги преживеал во Штип и во Пловдив...
И се заради тоа што се зачленив во ВИП секцијата на Носталгија и си ги симнав сите оние стари хитови од времето на моите: Рибља Чорба, Црвена Јабука, Дивје Јагоде, си го симнав и албумот на Анастасија од „Пред дождот“ како и онаа филмска музика на сериите кои како мал сум ги гледал на Београдска Телевизија. Бољи Живот и Сречни људи и те какви фамилијарни серии беа... Се сеќавам колку се нервирав кога не го фаќавме сигналот на телевизијата или кога имаше слика немаше глас или обратно. Сега тие серии се заменија со Латино Американски. Тоа ти се вика глобализација.
“Сиви Дом“ ме потсети на еден мој пријател кој ужасно добро свиреше на гитара. “А ти ме изневери“ ме потсети на првата љубов. "Ружица си била" на првиот секс во животот.
После преминав на Македонски фолклор... Сестра брата кани на вечера... Зошто си ме мајко родила... Зајди Зајди јасно сонце.... Сите девојчиња мамо се мажија...Слушнете ме другарки... Дури сега сфаќам колку малку сум го почитувал фолкорот во Македонија и она што не прави различни и посебни. Македонскиот фолклор е богат и неверојатен и срам ми е што толку малку знам за него. Да ме прашаат едно обично прашање за Македонскиот фолкор веројатно нема да знам да го одговорам заради некои глупави тинејџерски принципи дека тоа не било ИН туку биле Њу Кидс он д Блок. А да тука се појавија и Бекстрит Бојс и Спајс Грлс.
Цимерката ми се развика после некое време. Ми рече дека песните биле многу носталгични. Мене носталгијата ме држи веќе неколку дена.
И А1 сака да ме натера да си купам ЦД-еа од Амазон.

6 коментари:
Izvini mi na komantarov...ti go pocitucvam blogot..ama koga pisuvas vakvi raboti...za nostalgija i takvi sranja....
mislam deka si glup!
Носталгията е част цената, която се плаща, когато си далече от дома :(
Но пък така като се прибереш пак в Македония чувството на радост ще е още
по-силно.
Тук в Германия пускаме понякога "Македонско девойче":
...Дали има, овой белий свет,
по юбаво девойче от македонче.
Нема, нема, неке се роди,
по юбаво девойче от македонче...
Нека е поздрав за всички! ;)
Здравей Бобане! Чета с интерес твоите разкази. Благодаря ти, че в тях споменаваш България с любов. Аз съм от Пиринско и ми е много мъчно, че македонците гледат с огромна омраза, злоба и презрение на всичко българско.
Носталгията е странно нещо и може да те нападне по различни поводи и места. Преди години бях за около 20 дни в Русия.Нищо и никакви 20 дни.На връщане в купето на влака пътувахме две българки и една рускиня, женена за нашенец, която се връщаше от посещение при роднините си. Когато влакът минаваше Дунав мост и трите, като по команда, залепихме лица на прозореца и загледахме отсрещния бряг - мил и роден. Сълзите се стичаха по бузите ни без да правим опит да ги избършем. Най-интересна бе рускинята, която нареждаше "Милата ми България...Моята България..." и галеше прозореца... В моите сълзи бе всичко - любов, болка, радост, спомени, надежди...Не искам да живея другаде освен в родината си, макар да е бедна и неугледна. Мисля си, че за това ми решение има принос онова преминаване на Дунава и всички чувства, които ме връхлетяха тогава.
Поздрав Не-да.
@Петар - блогот е дел од мене, она што го преживувам е она што го пишувам. Извини што ги изневерив твоите очекувања.
@Николај - знам дека ќе испитам голема радост, но прашањето е: „Колку таа ќе трае?“
@Анонимен: - Бугарија беше дел од мојот живот, таму преживеав неверојатни студентски денови. Тоа дека сите македонци ја гледат Бугарија со голема омраза е само стереотип. Барем јас така мислам.
Бобане, имам идеалната рецепта за тебе. Като бях по-млад доста пътувах по чужбина и по метода на опита и грешката открих идеалното съотношение - два месеца в чужбина, две седмици у дома. Така се натрупва максимум емоционална енергия ;-)
За тоа со песните македонски што го спомна... Малку ми е непријатно, како да рекламирам, но посети го мојот блог со Македонски народни песни ако ти требаат текстови на песните.
Мој совет: ако те фаќа носталгија, најди си некоја работа или занимација, за да не мислиш додека не ти помине.
Објави коментар