Многу одамна бев чул за Амазон, но никогаш не сум купувал од таму затоа што секогаш книгите кои ми се допаѓале или ЦД-то сум го купувал од локалната продавница во која цените се за 30-40% поевфтини од некој гигантски Американски продавач. Не можев да се начудам на брзината и на ефикасноста на Амазон и леснотијата да најдам одговор на сите мои прашања. Плус, ако не ми се допаѓа можам да го вратам продуктот и да добијам моите пари назад. Sounds like a good deal, hugh?
Шо си купив?
1. Најдоброто од Македонија, колку да ме фати носталгија пак. :)
2. Прашина на Милчо Манчевски (отсекогаш сум сакал да го имам во колекција)
3. Штети на Баже - од македонски автор кој живее во Њу Џерси (ми ја препорача добар пријател)
4. Mапа на Америка - ќе си ја ставам над креветот во мојата соба
Правење на пари од Гугл
Да правиш пари со тоа што ќе го ставиш Google Adsense е фикција во Македонија но реалност во Америка особено ако имаш веб сајт кој добива илијадници посети дневно. Авторот на Диџитал Инспирејшнс заработува околу 1000 долари дневно од неговиот блог во споредба со мене 13 цента и тоа за три недели. Ја откажал работата која ја имал и живее од неговиот лаптоп и неговиот блог. Јас веројатно останувам во мојот кофи шоп.
Различности
Што ќе се случи ако се соберат неколку холанѓани, босанци, црнци, македонци и бугари во една соба со присуство на огромно количество на алкохол? Што се случува ако се измешаат лесни дроги, тврдолгавост, гето стил, гостопримливост и танц?
Избивање на комплекси, судир на спорови, величење на сексот, толеранција, невкусни шеги, паѓање, и параноично смеење. И мамурлук наредното утро.
Избивање на комплекси, судир на спорови, величење на сексот, толеранција, невкусни шеги, паѓање, и параноично смеење. И мамурлук наредното утро.
Градски психопати: Тишина
Доказ дека тишината те прави среќен.
6 коментари:
"Да правиш пари со тоа што ќе го ставиш Google Adsense е фикција во Македонија но реалност во Америка..."
А што има разлика од каде во светот блогираш? Парите стигаат во Македонија, значи само треба да се има што да се каже и да се пишува на англиски јазик. Не е недостижно, а уште помалку фикција, нели?
Edna od knigite sto si ja kupil e so gay tematika..
Dali ti se dopadna?
Mene mnogu,odma ja kupiv stom izleze i go doceka denot na videlina..
ako sakas,Boban,da prokomentirame za knigata..bas bi sakal..
Odmamna ne sum ti go posetil blogov..ama eve denes,se sluci toa.
Knigata koja sto ja kupiv uste ne mi e stignala po posta... Treba da mi stigne ovie denovi. Da moze da prokomentirame nema problem. By the way, fala so naminuvas na mojot blog
Nema problem..
Ti procitaj ja i posle ke sledat diksusii.
Boban kako uspea da gi stavis ovie za kupuvanje od Amazon?
pa mnogu lesno... se sto treba da napravis e da apliciras da bides amazon associate.... https://associates.amazon.com/
Објави коментар