озборувач.com
скоро:
четврток, август 26, 2010
среда, јануари 28, 2009
понеделник, јануари 26, 2009
За пост Буш Америка , Обама и мене
Се сеќавам кога бев на факулет во Бугарија пред неколку години зборев со еден мој другар кој ме убедуваше дека Америка никогаш нема да има црнец за претседател... Тој беше убеден дека тоа никогаш нема да се случи а јас о зацрвенети образи, испиени неколку чашки со вино дури му се развикав за неговата етничка нетолеранција
Ха, и се случи. Кога го избраа му испратив поракс на фејсбук
` Се сеќаваш кога ти реков дека Америка ќе има црн претседател` -
на кое тој ми одговори
` bobane sepak ne bese u pravo ,via e pobel i od nas u dusata,ja zboruvam za crnciste salam ,a ne kako ovoj :))) `
Не сигурен што уствари тој сака да ми каже, го гледав говорот на Обама и за прв пат толку се инспирарав од говорот на некој политичар затоа што не само на мене туку Обама и даде надеш на многу луѓе дека
- расизамот и етничката толеранција ќе исчезнат
- економијата ќе се подобри
- ќе се скратат даноците
- ќе се легализираат геј браковите
- ќе се легализираат нелагалните имигранти
и ред други работи....
Ништо не да ја опише таквата голема единственост на Америка кога го избраа и кога го прогласија за претседател.. Секо гаш ќе го паметам моментот кога мојата шефка - 46 годишна црна жена ми се јави кинкајки на телефон да ја сподели радоста дека Обама е победник...
Луѓето за Обама имаат огромни очекувања, го направија господ ... Многу го споредуваат со JFK.
Ќе му е слична ли судбината со ЈФК?
Ако сте ги испуштиле:
- победничкиот говор
- говор на неговото прогласување (дел 1)
- дел (2)
За мене
Денеска веќе како сум во Америка три години, 8 месеца и 23 дена... За ова време мојот престој во Америка можам да го сведам на:
- изработени 40+ саати на недела,
- две месечни плати
- многу денови каде што температурата е под -5 степена
- излегување неколку пати неделно
- неделни скајпи повици со моите родители
- постојани убедувања да се женам од моите (WTF?)
- навикнување на Американската храни
- забравање како мириса турско кафе, ајвар, тавче гравче
- откривање на штетите на јадење на брзи храни
- ползите од земање и јадење на балансирани храни (40 процеинта јаглохидрати, 40 % протеини и 20% мазноти
- ползата од редовно вежбање
- асимилирање со американската култура
- еден куп оне најт стендови
- неколку врски
- забавен живот
Кога ќе направам рикеп од пооследите три години и си направен споредба што ќее ако бев во Македонија си мислам вака
- сигурно ќе бев женет, ќе имав и дете ( тоа ли е тоа што јас ќе го сакав)
- најверојатно ќе живеев со моите родители во заедница и ќе делевме сметки
- ќе работев некаде како професор по англиски
- и сигурно ќе мислев како е да се биде надвор од Македонија....
Ај белким го направив вистинскиот избор.
среда, декември 31, 2008
четврток, декември 25, 2008
понеделник, јуни 09, 2008
Преселување
Целата процедура за барање на стан е толку многу комплицирана што дури и те збркува. Разбрав дека неможеш да го земеш кој стан сакаш - ќе ти го дадат стан кој е скап колку една третина од твојата плата, мора цел живот да си ги плаќал сметките на времe па дури ќе ти направат и криминална проверка од зградата во која ќе живеш... Тоа значи дека немаш никаква приватност - никаде. Кога ќе ти направат проверка на матичниот број ќе дознаат се за тебе и нема да можеш ништо да скриеш.
Интересно е поради тоа што американците се местат просечно по еднаш на две години постојат специјализирани бизниси (Chicago Apartment Finders, North and Clybourn Group) кои ќе ти најдат стан и кои ветуваат дека нема да ти наплатат но заради тоа ќиријата ќе ти е повисока за 50-100 долари на месец. Дури пак те возат до становите и со лоши убедливи коментари ќе пробаат да те убедат да го земеш станот. Јас видов околу десетина такви и цените за една гарсоњера се движеа од 770 - 900 долари на месец. Шетајќи по малото во кое што сакав да живеам (Lakeview) разбрав дека ако имаш време да отидеш по зградите и лично да се видиш со сопственикот на зградата цената на киријата е за 50-100 долари поефтина. Еве како апартмент фајнднинг бизнисите прават пари.
Кога ќе го најдеш станот доаѓаат уште поголемите главоболки. Треба да си изнајмиш камион и кој можеш сам да го возиш и за кое мора да платиш осигурување кое чини 25 долари (ЈуХаул), да видиш кои од пријателите ти се слободни тој ден и да спремиш екстра пари во џеб и да си готов за модрици по рацете. Пакувањето е уште подолг процес а за отпакувањето уште полошо - не сум уште успеал да се отпакувам.
И да успеав да се преселам во голема гарсоњера со три огромни ормари, малецка кујна, фино ве-це, клима, фина зграда и поглед кон капиталистичка Америка. :)
вторник, април 29, 2008
Американците дома
недела, април 27, 2008
понеделник, април 21, 2008
Репринт: Казино ин Лас Вегас
Точно на Дивижан стрит во Чикаго. Онаму каде што се пресечува со Кларк. Тој е црнец облечен со бела долга кошула, црни панталони. Некаде е во неговите четириесети години. Лицето му е пропаднато. Носи несредена брада. Тој е веројато луд. Вика преку целото време.
“Казино ин Лас Вегас, брату. Казино. Сакам казино. О госпоѓо, господине сакам казино во Лас Вегас. Смачено ми е од Чикаго, смачено ми е. Госпоѓо не тргнувај од кај мене остани овде сакам да зборуваме.“
„Кенјада!!!! Белата куќа. Казино во Лас Вегас. Ти што внукот ти умре во Ирак. Ми требаа пари за кампања. Јас ќе сум првиот црн претседател во Америка.
петок, април 18, 2008
среда, април 16, 2008
Спрингфилд, Илинои, УСА патепис
Кога стигнав на станицата на железничката имав чувство дека ја видов Америка пред околу триесетина години со одредени модернизации како селф-тикетинг киоск, автоматски машини за кафе, еј ти ем машини. Како и секаде по Америка ги видов браќата имигранти мексиканци со секогаш интересен изглед кој потсеќа на сапунските опери кои некогаш ги гледав во Македонија. Несредени бркчиња, закруглени главички и капички од ресторантите по кои работат. Зборејќи со моите познати таму разбрав дека повеќето од нив дошле во Америка преку пустините и 50% + од нивните примања ги праќаат дома по Мексико.
Како возбуден турист разгледував наоколу и очекував да видам барем еден облакодер но таков немаше, се ме потсеќаше на предградијата на Чикаго. За мојот тридневен престој таму не чув ниту една полициска сирена и ниту една амбулантна кола која никако не е случај за Чикаго кои ги слушам на секои десетина минути - дури понекогаш ме будат од сон. Повеќето од луѓето во Спрингфилд (главен град на Илинои) работат владини работи и сите од нив си ја оствариле својата Американска мечта: еднокатни или двокатни куќички, позелени дворчиња, куче кои постојано те лае, две-три коли пред гаражата, еден кош и скара позади во дворот - таму каде што жената "нема" пристап. Тоа е машка работа.
Најголемата и најубава зграда е она на Стејт Капитал и музејот на Абрахам Линколн; 16-тиот претседател на Америка. Тој е најдобриот музеј што сум го посетил, затоа што користеа технологија која што не сум ја видел досега. После музејот не можев да си дојдам при себе околу половина час. Имаше актери кои изчезнуваа на сцена се појавуваше духот на Абрахам Линколн, жена му, дури видов и рекреација / реанимација од цивилната војна. Имав чувство дека за момент отпатував во деветнаесетиот век. Од извори на музејот дознав дека се потрошени над билион долари за да се оствари сето тоа и да се изградат сите згради. Абрахам Линколн е голем дел од Американската историја тој е првиот претседател кој отворено не гледа смисол во робството, ги ослободува сите робови, ја води цивилната војна преку која неверојатно остарува и како последица на сето тоа бива убиен додека гледа престава во театар. Не можев да сликам повеќе ми рекоа дека е забрането да се слика во музејот.
Спринфилд е дестинација за луѓе кои имаат желба да научат повеќе за американската историја затоа што тука пораснал и ја почнал политичката кариера еден од најголемите претседатели на Америка.
вторник, април 15, 2008
Јавниот собраќај фалира
сабота, април 12, 2008
Спрингфилд (не оној од Симпсонс)
Тука знам дека:
- почнале драјв тру прозорите... огромен дел од американската култура.
- пораснал и е закопан Абрахам Линколн.
- ќе пробам корн дог он а стик.
- ќе станам сведок на македонско - американско згодување.
Не сум излегол од Чикаго девет месеци.
среда, март 26, 2008
петок, март 21, 2008
Зошто војната во Ирак нема смисла?
Над 80.000 повредени.
175 британски војници и 127 други војници убиени.
151.000 - 600.000 (бројот е непознат) на убиени цивили, терористи и др.
4.4 милиони бегалци,
3 билиони долари потрoшени,
и
само ЕДНА Америка.
вторник, март 18, 2008
Нешто за американската мечта
Постои таква тенденција македонците, бугарите и србите да се групираат заради блискиот балкански интелект. Многу често меѓу тие групи има борба за престиж, оговарање. Абе... балканот на мало.
Секој се обидува да ја најде американската мечта на свој начин. Мојата бивша цимерка се ожени со романец и има дете, живее во еднособен стан и има документи. Друга моја бивша цимерка се пресели на остров во западна Америка и не сака да мрдне од таму. Мој братучед се ожени за Американка. Мој пријател Бугарин работи како стриптизер во еден клуб. Друг живее со девојка му во Њујорк. Трети имигрираа во Канада на основа на сексуална ориентацја. Некои се вратија по балканите. А овој заглави во затвор во Флорида затоа што решил да работи како платен убиец. Некои од пријателите ми се успешни брокери, доктори, заболекари. Некои од нив се обидиле да ја најдат американската мечта преку дилање на дрога, проституција, крадење...
`having the belief and the freedom that allows all citizens and residents to achieve their goals in life through hard work in the United States of America.`
И тоа многу хард work. :)
петок, март 14, 2008
Бесплатен Интернет? Хм... е нема!
Имаше предлог да се даде одредена фреквенција и да се дистрибуира бесплатен бежичен Интернет низ цела Америка.
Комуникационата `комисија` не ја одобри со образложение дека тоа нема да е во интерес на конзумените.
И јас пак ќе плаќам по $44.99 на месец за мојот.
вторник, март 11, 2008
сабота, март 08, 2008
Од кај си? Од Македонија сум...
среда, март 05, 2008
Да работиш во Америка vol.1
Уствари тоа е нешто како МекДоналдс (може да ме отпуштат за оваа споредба!) во кафе бизнисот со многу поголем квалитет. Ако решиш да седнеш и да го пиеш кафето во кофи шопот нема проблем само немој да запалиш цигара, правиш галама и немој да заспиеш на удобните футељи и троседи кои ги имаме - ќе мораме да те разбудиме. Ако решиш да го донесеш лаптопот и да го загубиш денот кај нас нема проблем... За тоа сме тука... Она што корпорацијата се обидува да го направи е да создаде средина која се нарекува трето место - не на работа и не дома... туку кај нас....
За истата корпорација работам веќе 2.5 години и сега сум заменик управител на еден таков кофи-шоп со многу исчистени подови, џамови, ве-цеа, лижење на газови и околу 5+ милиона направени кафиња. Уствари станав оној на кој јас лижев газ некогаш и сега е обратно. Тој шефот е секогаш тука, ја надгледува твојата работа и бара некогаш да го направиш невозможното или како што они љубат да кажат - те предизвикуваат за да ги надминеш очекувањата од твојата работа. Пример: Сакам да го зголемите бројот на клиентите за 10% во наредните две недели.... Сакам да излезете од вашата комфорт зона и да измислите начин како да ја подобрите чистота и организираноста на продавницата?
Во истиот стил јас им се обраќам на на моиве: Погледни го ова и запрашај се.. Ова може ли да биде почисто? Ако одговорот е не... Тогаш е чисто..
Тоа значи многу изработени саати и малко време поминато дома кое значи малку време за излегување, малку време за да се видиш со пријатели и малку време да си посветиш на фамилијата ако ја имаш. Тоа е многу стрес и несоници. Поради овие причини многу американци се во безуспешна потрага по работата од соништата која за многу луѓе не постои.
Погорниве работи не значат дека е лошо да се работи во една корпорација... Таа ти дава нешта кои малку потешко да ги направиш сам - здравствено и забно осигурување, пензиски фонд, акции, стабилна плата и друго...
Тука ќе прекинам да се жалам.
понеделник, март 03, 2008
сабота, март 01, 2008
четврток, февруари 28, 2008
Царина / Македонски пошти
Улоги: Татко ми, Тетката од Македонски пошти
Тетката: Треба да платите лежарина од 192 денари за една ноќ?
Татко ми: Зошто? Па јас известувањето го добив ова утро дека ми стигнала камерата во поштата?
Тетката: Па пакетот стигна синоќа но ние немавме дежурен поштар?
Татко ми: Па јас не сум виновен за ова... Вие барате да платам царина од 800 ден и 192 денари лежарина затоа што вие не сте ме известиле на време... Има ли некој друг со кој може да зборувам?
Тетката: Не, ако не платиш ќе ја вратиме назад!
Крај.
среда, февруари 27, 2008
Сума Сумарум
Уште сум во Чикаго - во оној неверојатно студен град во кој што мојата балканска душа не може да се навикне на студот... Најладната зима која што сум ја видел и почувствувал во мојот живот со температури кои не се качуваат над -10 степена... Оној град во кој што нема луѓе туку сите ми личат на вреќи со алишта кои најчесто означуваат престиж или испотрошени кредитни карти....
Градот во кој не успеав да излезам никаде цела зима и ноќите ги поминав гледајќи ги сите 2007 филмови и сите номинации за оскар. Зимата во која ги изгледав сите серии на Очајни Домаќинки и која ја поминав карајќи се со газдарицата да го покачи парното...
Зимата во која разбрав дека Тоше починал и дека Македонија е на пат да си го промени името....
Зимата во која видов стари пријатели и испивме десетици шишиња Кијанти...
Зима која едвај чекам да заврши!!!!
вторник, февруари 26, 2008
понеделник, септември 03, 2007
To blog or not to?
- април 2005
- мај 2005
- јуни 2005
- јули 2005
- август 2005
- септември 2005
- октомври 2005
- ноември 2005
- декември 2005
- јануари 2006
- февруари 2006
- март 2006
- април 2006
- мај 2006
- јуни 2006
- jули 2006
- август 2006
- cептември 2006
- октомври 2006
- ноември 2006
- декември 2006
- јануари 2007
- февруари 2007
- јуни 2007
- септември 2007
вторник, јуни 05, 2007
петок, февруари 09, 2007
Рандом
Да пишувам за колешката лезбејка која живее во Саут Сајд гетото во Чикаго и која се крка со кокаин пред да дојде на работа, и ли за колегата кој е микс од неколку националности со преголема доза на тестостерон во себе кој што кога се движи имам чувство дека подот ќе почне да се крши? Или за менаџерот евреин од работа кој некогаш бил многу познат фјелтист и завршил како менаџер на кофи шоп? Или за колегата кој е ХИВ+ и работи во кофи шопот затоа што огромната корпорација му плаќа здравствено осигурување? Или за оној обичниот американец кој на дваесет години решил да излезе од дома, да живее сам и да се бори за она што се бори секој млад американец во неговите дваесети... Жена/Маж, куќа, убава кола, убаво платена работи и секако куче. Или пак општо за оној американец кој успеал да најде работа на која работи од девет сабајле до пет поручек пет дена во неделата и секогаш има слободни викенди... Или оној американец кога ќе отиде да си купи кафе од некој кофи шоп не му прави впечаток дали ќе потроши петнаесет или педесет долари?
Или за состојбата на македонците, бугарите, србите во Чикаго. Или кои работи би можел да ги направи еден имигрант кој не ми би можел никогаш да ги направи заради не слободата во земјите од кои потекнуваат? Или за себе си?
недела, февруари 04, 2007
понеделник, јануари 29, 2007
Турбо фолк збиднување
Нашава го фаќа микрофонот и вели:
"Абе хубав си... Но ако още веднъш ме барнеш за гъза, ще ти прасна една"..
Се раширува несопирлив смев во ресторанот...
Уште еднаш си ветив дека нема да посетам никакво турбо фолк збиднување.