скоро:

    follow me on Twitter

    понеделник, февруари 27, 2006

    Секојдневие бр.7


    Едно неверојатно ладно утро на блиску до една од автобуските постојки кај мене...
    Просјаци - претежно Афроамериканци се обидуваат да ти извлечат пари и цигара. Пробуваат и да ти продадат се што им дојде сето тоа правејќи го на креативен начин.

    Дечкото на сликата со чадорот некој Емигрант од Пакистан на кој збор не му разбрав кога го прашав колку долго чека автобус. Двајцата што минуваат по улицата се двајца афроамериканци кои брзаа некаде. шоферот на автобусот исто така.

    На првото седиште двајца полјаци се караат како сега да се враќаат од излегување, на последното седиште еден мексиканец спие а јас сум оној на спротивната страна од мексиканецот со црната капа, шал и капут и се тресам од ладно. Две баби со шубари го дополнуваат целиот шлаг.

    Немав чадор а и не сум си купил. Ги мразам невремињата во Чикаго и мразам да одам на работа во 5:30 сабајле.

    петок, февруари 24, 2006

    Македонија низ очите на еден Бугарин

    Од секогаш ми било интересно како некој Бугарин ке ја доживее Македонија кога ке ја види или пак кога ќе почне да живее во Македонија.

    Морате да ги прочитате разказите на Комитата и Стојчо за нивното патување до Охрид, Струга, Тетово и Скопје.

    Цитирам некои поинтересни делови:

    "Секој бугарин кој што ќе излезе од територијата на Царството (Бугарија) и стапи на територијата на Републиката (Македонија) за прв пат, ја разгледува Македонија како некои многу егзотично јавление под лупата на многугодишните предрасуди од читанките"

    "Од фирмата не израдуваа дека Гјоко (туристичкиот водич) зборел бугарски иако ние многу се чудевме кои се точно литературно бугарските елементи во неговиот говор. Тој не збореше поразлично од другите македонци со кои што имавме контакт"

    Инсистирам на една литературно Бугарска средба мегу мене и тебе.

    1. Стојчо и Комитата кон Охрид
    2.
    Стојчо и Комитата во Охрид
    3.
    Стојчо и Комитата во Струга
    4.
    Стојчо и Комитата во Битола и Скопје

    Уживајте како што јас уживав.

    понеделник, февруари 20, 2006

    Сезонски мисли

    Во Бугарија сигурно сега во моментот сите се наоогаат во некоја мартеничка еумфорија и си купуваат мартенички едни на други - можеш да видиш еден куп Македонски студенти во Бугарија како се наогаат во автобусот на фирмата над фирмите - фирмата на беспрекорната услуга која ти ги осигурува чантите за 10 ден - Пролетер Битола со еден куп мартенички исповрзани на раце за да ги покажат дома и да покажат колку Бугарската култура и начин на размислување е различен од оној во Македонија и веројатно чекаат да видат воодушевување од пријателите и родителите. Како и да не заборавам, да се испофалат колку испити се зеле и колку тешки им биле испитите, на колку журки се били последно, какви дроги земале и колку бугарките биле лесни за легнување.

    "Бугарија е земјата на сексуалните доживувања на секој Македонец" - непознат автор

    Скоро ќе напишам цел есеј околу тоа прашање.

    Bullshit.

    Во Македонија сигурно во овој период смрзнуваат како и јас сега тука, штип е многу ладен и нема каде да излезеш веројато затоа што сите кафичи се полни со 14-17 годишни како и фраери и фраерки од околните села и градот кој најверојатно купуваат една пијачка и ја лигават цела вечер. Тоа е. Се нема пари се разбираме. На дедото му касни пензијата овој месец, мајка ми и татко ми се стечајци и не можат да го издржат семејството.

    Жално и ужасно е.

    Јас пак во скоро време многу размислувам за Балканите иако многу новоститe не ме влечат затоа што кога ќе го отварам сајтот на А1 и го видам следново ми се одзема желбата да продолжам понатаму:

    Сузе: Македонска филхармонија или Скопски симфониски оркестар?

    Се чудам како да ја наречам... Македонската Опра или Македонската Тајра Бенкс??? Предлог? И гледам скоро се појавиле нови шпански опери од кои домакинките припагаат и по цел ден зборат на работа за нив и си раскажуваат идни епизоди една на друга кои ги гледал роднината во Србија, Бугарија, Хрватска или било каде.

    Овој пат не друго ама се вика Циганки. Џипсис. Или Гитанас.

    Комо естас сињорита?

    Море ладно ми е и нешто ме изби на нервоза.


    вторник, февруари 14, 2006

    Како да станеш Американец?

    Дејствието се одвива во неколку случки. Секоја од себе не зависна и посебна. Личностите од различните случки не се познаваат мегусебе. Секоја од тие личности е била во конверзационен контакт со авторот.

    Случка бр.1

    Јас и Том и некои наши пријатели и пријателки излеговме во една полска дискотека кај нас на близу во Чикаго за да се фејс ту фејс со полската емиграција. Типичко руси со сини очи, не току црни привлечно облечени девојки. На Том му беше неудобно од причина што тој беше единствениот црнец во дискотеката ако не го броиме оној што работеше во машкото ве-це облечен во туксидо кошула и машна - даваше марамчиња надевајќи се на бакшиш. После неколку коктели Том имаше шанса да запознае неколку полси девојkи како и да позбори очи во очи со еден од конобарите. Дијалогот ке ви го пренесам на Македонски јазик:

    Ако си дошол тука за полјаќињи подобро немој. Се што сакаат се зелени карти и маж за мажење, а ако имаш пари ќе успеат и да ти го извлечат и последното пени. На Tом не му беше удобно тој ниту не знаеше толку добро што значи поимот зелена карта. Кога ја виде рекламата на видео бимот се му стана јасно ко ден:

    Aleksander Zakowsky
    Immigration Law, marriage, green cards

    Од кога дискотеките станаа место за реклама на адвокати? Јас ова би го нарекол примерен таргет адвертајзинг - без заебанција.

    Случка бр.2

    Јас сум квази студентка. Плава сум и згодна.Работам како келнерка во еден Американски ресторант. Морам да признаам - половината од работите што ги сервирам ниту ги јадам ниту пак ги разбирам.

    'Сите сме дошле во Америка да се оправиме. Јас си барам Американце за маж, мене не ми треба Македонец, Бугарина или било каков друг емигрант без документи.'

    Случка бр.3

    Дојдов во Америка како Ј1-студент. Рaботев во еден забавен пари, се преселив во Чикаго, работев ко вале паркинг, заштедив пари и си купив камион. Сега разнесувам стока по Америка. Скоро се оженив за една Мексиканка. И платив во адвенс $5000 кеш. Сега и плаќам месечно по 400 долари. И се така во наредните 3 години. Сe надевам дека нема да почне да ме узенува за повеќе пари. Морав да минам низ 1000 работи за да дојдам до ова.

    1. 1500$ за документи.
    2. Изрентав стан на мое и на нејзино име.
    3. Отворив сметка во банка на мое и нејзнино име + 2 кредитни карти.
    4. И морав да кажам 'Ај ду.'

    Случка бр.4

    Дојвов во Америка на туристичка виза. Успеав да земам социјален број со жив зор. Требаше да се вратам во Македонија после 3 месеца од мојот престој тука. Не го направив. Сега работам нелегално - а и престојувам во Америка нелегално. Не смеам да стапнам надвор од Америка ниту да отидам во Македонија. Ако заминам нема враќање назад.

    Решението ми е да се мажам.

    Авторот има слушнато уште илјада вакви приказни. А ако продолжи да ги слуша ќе стане имигрејшн профешнал.

    Тој уште ги знае сите типови на визи, нашини за нивно добивање и секакви други работи. Ви треба адвокат? Јавете се на 555-555-555.

    Фала и се најдобро.

    вторник, февруари 07, 2006

    Една (не)цврста жена

    Штип. Соба во која ништо не потсеќа на 21 век. Нешто како типичен македонски дом во касните 70-ти и рани 80-ти години. Два кревета. Дрвена печка во која мораше да готви секој ден. Корнизот веќе се распагаше. Немаа пари да го поправат. Синот, тој да не купеше телевизор и тоа ќе немаа. Месо многу ретко си дозволуваа, уште помалку нешто да си купат за облекување. Тоа и не беше толку важно. Не е важно како живеат.

    Легна на креветот да размисли за целиот свој живот. Во последно време тоа и остануваше само - да размислува. И не сакаше да зборува со никој. Ниту со мажот и, ниту со роднините - личеше на тинејџерка. За ќерка и и синот не знаеше што да мисли - ќерка и ја мислеше за курва а синот малоумен. Не сакаше да мисли и си вообразуваше. Се сеќаваше на првите моменти од нејзиното детство кога немаше со кој да си игра затоа што браќата и не и беа кој знае какви браќа тие беа по 20 години постари од неа. Не знаеше ниту кога е родена. Мајка и и кажа дека е родена во тутун брање некаде пред војната. Успеа да отиде на школо до 4-то одделение и ја натераа да прекине. Мораше да помага по дома. Се сеќава кога татко и даде 5 овци и вреќа брашно на учителот за да не ја бара за да оди на училиште. Таа плачеше ама ништо не помагаше. Сакаше да се дружи, никој не беше ко неа - мајка и ја тераше да работи и ја учеше да готви уште од мала.

    Се омажи на 16 години за Митре кој и таа не го познаваше одамна. Го беше видела еднаш на чешма кога идеше од соседното село да продава на пазар. Не и се толку допагаше ама рекоа дека бил од добра и богата фамилија. Добра фамилија? Богата фамилија? Имаа 500 овци тоа и како е богатство, куќа на два 2 спрата, 5 декара тутун. Сите мислеа дека убаво ќе живее. Па и не беше толку лошо на почетокот, се додека не почна да се кара со свекрватa и кога двапати спонтано абортираше. Не можеше да си подари радост ниту себе си, ниту на мажот и. Уште помалку можеше да си задоволи оговарачките усти на другата снаа и на комшиките.

    Се нервираше. Беше љубоморна. Завидлива. Не можеше никој да поднесе. Ниту себе си...
    Испадна среќа... Cе зачна првото дете, после и второто. Решија да се преселат во Штип.

    Тоа требаше да е почеток на нивен нов живот. Донекаде и беше се додека не заглавија во еден Штипски текстилен комбинат кој ги направи постари и оглувеја уште пред да се осетат. За тоа време ќерката и синот веќе беа пораснале. Синот не беше ко другите - беше премногу повлечен. Не излегуваше, не го интересираа девојки, никој не му се јавуваше дома. Немаше пријатели. Ниту комшиските деца не го дружеа. Не можеа да ја најдат причината. Не можеше ни да му помогнат. Се што го интересираше е телевизорот и таксито кое го вози. Ќерката пак одеше 5 години со еден на кој му ја даде невиноста. Кога разбра таа ја сметаше за курва. Тоа не требаше така да биде. Невиноста требаше да биде само за мажот и. За никој друг. Како таа ќе се осмелеше да му каже на мажот дека е спиела со некој друг? што ќе речеше свекрвата кога ќе побараше бел чаршав? После ја убедија дека и тоа не е толку важно во денешницата...

    Раскина со него. Таа плачеше повеќе од ќерка и. Тој требаше да ја земе за жена. Таа му даде се. Му ја даде целата младост. Невиноста. Се.

    Остана сама неколку месеци и почна да излегува со друг. Рекоа дека бил наркоман. Наркоман? Не знаеше ниту што е точно тоа, знаеше дека е многу лошо. Рекоа дека се откажал многу одамна. Таа не знаеше што да мисли. И остана само тишина.

    Ги тераше синот и ќерката да се женат. Демек стари моми и стари ергени ќе останале. Се ожени ќерката. Не правеа свадба. Страдаше. Овој ја тепаше. Ја тераше да прават секс тогаш кога таа не сакаше. Не уживаше во тоа нешто. И беше баш како силување.

    Се разведоја. Мајката не можеше да ги поднесе оговарањата. Не можеше а да не ја колне својата среќа, среќата на мажот и, синот и ќерката. Не можеше ниту да замисли дека мажот и умира.

    И реши, реши да се самоубие.

    Таа беше една (не)цврста жена.

    понеделник, февруари 06, 2006

    phpBB пцуење

    Веројатно нешто во врска со мојот многу одамнешен превод на phpBB.

    -----Original Message-----

    From: Ana Georgievska
    To: Me
    Date: Feb 4, 2006 7:00 AM
    Subject: Hey!


    Zosto mi go pravis forumot na makedonski? I need it only in english!!!!!!!!
    Da ja trgnes skriptata od tamu i naredniot pat koga ke ja vpisam adresata da ne mi se pojavuva na makedonski razbra?!

    среда, февруари 01, 2006

    Mozam li da doam?

    -----Original Message-----

    From: Mitre Ivanov
    To: Me
    Date: Jan 30, 2006 11:15 AM
    Subject: nepoznato drugarce


    zdr nepoznato drugarce!!
    jas sum eden seljak od kavadarci ,sigurno ne se sekavas oti sme mnogu isto sakam pivo, rakija, pindzur...se seti:)? pa slu6aj sea sakam da odam nakaj vas tamu ...neli.ako mojish da vidsh pr tamu blizo cikago dali ima vinarski vizbi i ako ima mozam li da doam ..