скоро:

    follow me on Twitter

    понеделник, февруари 20, 2006

    Сезонски мисли

    Во Бугарија сигурно сега во моментот сите се наоогаат во некоја мартеничка еумфорија и си купуваат мартенички едни на други - можеш да видиш еден куп Македонски студенти во Бугарија како се наогаат во автобусот на фирмата над фирмите - фирмата на беспрекорната услуга која ти ги осигурува чантите за 10 ден - Пролетер Битола со еден куп мартенички исповрзани на раце за да ги покажат дома и да покажат колку Бугарската култура и начин на размислување е различен од оној во Македонија и веројатно чекаат да видат воодушевување од пријателите и родителите. Како и да не заборавам, да се испофалат колку испити се зеле и колку тешки им биле испитите, на колку журки се били последно, какви дроги земале и колку бугарките биле лесни за легнување.

    "Бугарија е земјата на сексуалните доживувања на секој Македонец" - непознат автор

    Скоро ќе напишам цел есеј околу тоа прашање.

    Bullshit.

    Во Македонија сигурно во овој период смрзнуваат како и јас сега тука, штип е многу ладен и нема каде да излезеш веројато затоа што сите кафичи се полни со 14-17 годишни како и фраери и фраерки од околните села и градот кој најверојатно купуваат една пијачка и ја лигават цела вечер. Тоа е. Се нема пари се разбираме. На дедото му касни пензијата овој месец, мајка ми и татко ми се стечајци и не можат да го издржат семејството.

    Жално и ужасно е.

    Јас пак во скоро време многу размислувам за Балканите иако многу новоститe не ме влечат затоа што кога ќе го отварам сајтот на А1 и го видам следново ми се одзема желбата да продолжам понатаму:

    Сузе: Македонска филхармонија или Скопски симфониски оркестар?

    Се чудам како да ја наречам... Македонската Опра или Македонската Тајра Бенкс??? Предлог? И гледам скоро се појавиле нови шпански опери од кои домакинките припагаат и по цел ден зборат на работа за нив и си раскажуваат идни епизоди една на друга кои ги гледал роднината во Србија, Бугарија, Хрватска или било каде.

    Овој пат не друго ама се вика Циганки. Џипсис. Или Гитанас.

    Комо естас сињорита?

    Море ладно ми е и нешто ме изби на нервоза.


    10 коментари:

    Ania рече...

    zaebi bugarija, ima tamu pticji grip:)
    tuku, gledam deka veke si pocnal da mislish na angliski - Balkanite - The Balkans:)
    a inaku, interesno e toa shto nasekade na svetot Balkanot e Balkani a kaj nas e sepak vo ednina - nekoi konspirativni teorii bezdrugo zad toa se krijat

    volan рече...

    добро размислување

    volan рече...

    Boban izvini otposle go vidov tvojot profil, (masko si i zivees vo cikago) - a so teko verojatno i se poznavas

    Бобан рече...

    znaes ja mnogu odamna razmisluvam na angliski... duri i kolega sum ti i ja sum "profesor" po angliski jazik vo momentot ne realiziran. raboti ko barista.

    Teko рече...

    Трагично е тоа што не само домаќинките, туку и домаќините па и децата седат пред малите екрани и чекаат да почне некоја си латиноамеричка срцепарателна серија...
    Јас мислам дека луѓето изгубиле надеж па повеќе незнаат што да прават...до плачење им е, ама сакаат за тоа да има причина, која сепак ќе ја покрие вистинската болка.
    Па така си гледаат си плачат...
    На некој тоа и му одговара ... се е под контрола :-).

    МА ТРЕБА ДА СЕ ЗАБРАНИ СЕТО ТОА ЛАТИНОАМЕРИЧКО СРАЊЕ ... и на децата у 7 саат пред вести да им се пушта ТАРЗАН, ХИ-МЕН, ШТРУМФОВИ ... да се оживее детската фантазија...
    пред одење на школа да се пуштаат образовни програми во стилот на БРАНКО КОЦКИЦА, ШТА БИ БИЛО КАД БИ БИЛО, БУШАВА АЗБУКА (било каков јазик со соодветен македонски превод) ... ДА УЧАТ ЈАЗИК, ДА УЧАТ ДА УЧАТ ДА УЧАТ

    Bile рече...

    Malku se isprovocirav da ti iskomentiram a eve i zosto. I ti da bese sega vo Bugarija i ti ke bese istiot i ne e Proleter tuku e Transkop Bitola. Zatoa ako si na porazlicno mesto od Makedonija ili Bugarija, ne znaci deka treba da kritikuvas, ustvari, now that I think about it..ti sam se kritikuvas????Taka izgleda...

    komitata рече...

    "Бугарија е земјата на сексуалните доживувања на секој Македонец" - непознат автор

    Скоро ќе напишам цел есеј околу тоа прашање.


    Айде бе, Бобане, откога чакаме. Айде напиши за бугарките, само легенди слушам...
    Без майтап интересно ми е, така македонец да напише.

    Бобан рече...

    Ako ne si zabelqzal tova ne6to e prosledeno s Bullshit koeto ozna4ava 4e ne sam saglasen s tova. Absurdno e do nqkoq stepen.

    Стойчо рече...

    Хайде Бобане, напиши за българките! Мога да ти цитирам една приятелка(македонка) - Много хубави момчета в България! Кажи ти за българките:-)

    Анонимен рече...

    Nemoj da zaboravis deka i ti bese del ot taa euforija na martenicki, trcese za da ti stavat...i za drugite rostanati raboti!!! Don't forget that!!