скоро:

    follow me on Twitter

    четврток, мај 26, 2005

    Ју Ес Еј - На повидок!

    Ви посакувам да го осетите она чувство кога ви се исполнува некоја голема желба, сакам да се чувствувате баш онака како што јас се чувствувам во моментот и ќе се чувствувам кога ќе стигнам во Америка. На повидок е да ми се исполни најголемата желба која сум ја имал некогаш. Не толку за Америка како земја туку сакав да го искусам што се вели фејс то фејс англиски јазик во секој сегмент од секојдневниот живот (па нели професор по Aнглиски сум), да го искусам американскиот начин на живот па и ако треба да се здебелам 5-6 кила. Не знам зошто но знам дека кога ќе бидам таму некое време ќе бидам побогат човек. Не зборувам за финансии зборувам за задоволување на мојот авантуристички дух.
    - Софија 14:55 лет до Париз
    - чекање 14 часа
    - Париз - Миами 10:55 нареден ден и уште 18 часа со автобус до местото кај што ќе работам.

    Нареден пат кога ќе пишам ќе биде од таму. Очекувајте патеписи! Еве некои слики што ги најдов на Интернет:











    Уф ми застанува здивот.... Ај нека ми е среќен пат!

    среда, мај 25, 2005

    Лоша таргет група

    Пост свадба денес стигнав до Скопје не за друго требаше да отидам на матурска кај братучедка ми, и тука уште еднаш го осетив оној балкански или да не речам македонски интелект. Автобус Штип-Скопје фирма демек „експрес“, југословенски автобус со натписи „Молим вас не пушите“, и „Не причајте са возачем“ кои не само што не беа валидни за луѓето во автобусот но не беа важечки и за шоферот како и за кондуктерот кои упорно си правеа муабет со типичен струмички дијалект кој што муабет поради интересниот дијалект никако не успеваше да ми изгледа сериозно. И така се возам јас во автобусот откако успешно успеав да му избегам на таксистот на Штипската автобуска кој ме тераше да почекам „малку“ за да се дособерат патници а автобусот мене ми тргнуваше стигнав до Велес. Кога тргнав од Штип го имав денешниот број на Време. Така читајќи ја оваа статија која зборува за сообраќајка на Струмица Експрес со некоја кола сватив дека и јас се возам во Струмица Експрес и јас сум на автопатот Штип - Велес! Малку лош филм ми се заврте и се покајав зошто се качив во автубосот но слава богу стигнав ко што треба. Пред да стигнав до нова жележничка се загледував во мас адвертајзинг билбордите и особено впечаток ми остави рекламата на Озоне за ефтиниве разговори како и истата на Македонски Телекомуникации која со пакетот „омилена земја“ можеме да разговараме “ефтино“ со Австралија за 13.69 и со Германија зз 20 ден. Особен впечаток ми остави рекламата на Сеат која пред да го прочитам натписчето подолу незнам зошто но слоганот ме асоцираше на енрџи дринк. Разгледав уште неколку реклами кои ги немаше низ билбордите во Штип. Ја видов тука и онаа на МтНет со пакетот „колку сурфаш, толку плаќаш“ поарно да напишале „колку сурфаш толку се гориш“ каде Интернет достап од сабајле од 6 до вечер до 12 ти е ужасно скап а истиот дајл ап можеш да го добиеш бесплатно во Бугарија. Јас си признавам - јас сум лоша таргет група продавач ретко може да ми продаде мене освен ако не е нешто многу поволно :)

    понеделник, мај 23, 2005

    Пост свадба

    Се наоѓам во оној пост свадбен период кај што единственото нешто кое што ми се прави во моментот е да фатам кревет, да останам 15 минути сам за да си ги средам мислите, како и да се `отарасам` од гости. Што адети се наслушав овие два три дена така чудејќи се и замислувајќи се за апсурдноста на истите. Вознемирени баби кои пеат староградски песни, месат погачи и помагаат без неизбежен дел од свадбената еумфорија како и затворањето на моето куче во соба за да не им смета на гостите.



    Не дека ми сметаа - напротив но се изнаслушав на старински муабети, снаи, свекрви како и се изнагледав на братучеди кои не сум ги видел по 5-10 години кои доаѓаа од секаде од Македонија. Ова евровизијата не ја ни осетив (се случи такво нешто?) , а и некои ракометарски натпревари како да не постојат за мене. Не можев да ја видам ни шпагата ни тупаните на кои тупал Вуќиќ, не можев ни да ја замислам неворојатната `undercover` пејачка од Грција. Јас бев деверот (не шаферот) и бев оној кој што сите очекуваа да бидам и каков што јас сакав да бидам - расположен, разигран. Неизбежни беа и насмевките на гостите, бакнувањето три пати по македонски како и задолжителната љубезност која што мораш да ја имаш кон сите. Освен во тоа на мене ак`лот сега ми е и на друго место.

    петок, мај 20, 2005

    Фрка

    Не можам да замислам колку ми е периодов фрка и илјадници работи ми се дешаваат. Кога се добри секогаш се обидувам да уживам максимално во нив. Фала богу ми тргна овие две недели - 19ти ми беше роденден и станав на 22 а сеуште се чувствувам како на 17 години. Кога ќе си кажам дека имам 22 години ми изгледаат многу... И се си мислам многу се. Другото е што викендов сум на свадба се жени брат ми и снаа ми доаѓа во куќа (добро де таа веќе е дојдена), па ќе се изиграме на нашите македонски ора. Ме учеа пајдушки, топтани, шест напред три назад (или обратно), циганчици и сл....А на 28 ми ќе летам за УСА и планирам да го покорам Атлантскиот океан. (покорам???) Од Софија ќе слетам во Париз па потоа лет до Миами па ондак со Автобус ќе се возам 18 часа до местото каде што ќе престојувам. Едвај чекам! Фрка ми е периодов па се читаме скоро!

    13 часа и 15 минути лет до Миами:


    18 часовен пат (со автобус) до местото каде што ќе престојувам:

    понеделник, мај 16, 2005

    Се разбираме ли?

    Некогаш не можам да се начудам на комплексноста на Македонскиот јазик особено на способноста на луѓето да возприемаат вестернизми најчесто од Англискиот јазик та дури некогаш полесно ни да го кажеме на Aнглиски отколку на Mакедонски јазик (кај мене тоа е професионален дефект). Така научени сме во разговорниот јазик филмовите да ги кажуваме на Aнглиски затоа што така полесно ни звучи. Сум се чудел исто и на бројноста на дијалектите на македонскиот јазик и на неколкуте варијанти на еден збор што понекогаш ни придава тешкотии во разбирањетo. Според мене најинтересни ми се битолскиот, струмичкиот, гевгелискиот и кривопаланечкиот дијалект. Јас како објект кој при разговарање слуша секакив дијалекти решив да ги соберам најинтересните работи кој што сум ги чул и содржат доза на духовитост. Крај на собирањето нема затоа што постојано слушам нешто ново. Во последно време огромно е влијание то на Бугарскиот јазик поради воведување на Планета Пајнер по кабловските. Еве што успеав да соберам до сега:
    С`г к`д ќе иду маме ќе му ебу и на њега и на њума. - Кумановска пцовка
    Третеа (на кавадаречки значило некој човек кој што е `изгубен случај`), а пак на гостиваречки имало друго значење (третеа - процес на тртење)
    Афаган (саклет)- Ме фана Афагано (Радовиш)
    Форес (стрв) - Ме фати форес
    Ти маа чешејло (те зафркава)
    Цокули (Кондури)
    Дрн дрн јарина
    Ај да се кл'чкаме - мечуваме(Кавадарци)
    Ѓомти / Чумки / Симки - Сето тоа значи ДЕМЕК
    Ме фати ИШКИЛОТ - Имам грижа на совеста
    Маџарење / Лигавање / Чанчење / Чал'мење
    Носи ме на учка / на Ди Коњче / на Кракач / На Крукуш
    Мовла - мувља
    Ај нека е живо и здраво бебто (скратено од бебето).
    Во Битола место сиво викаат ‘‘гри‘‘
    Битолчани често ја користат фразата ‘‘тоа тики туку така е‘‘ па и одозгоре имаат скратеница ‘‘тттт‘‘
    Кавадарчани немат збор за ајвар и го викаат пинџур. (за нив и ајварот и љутеницата и малиџанот се пинџур)
    Штипјани па често викаат ‘‘Шо ме гледаш у џм?‘‘ (Што уствари значи џм?)
    Некои луѓе од исцрпеност на емоции и чувства, го сметаат зборот зборот ‘‘вампи‘‘ (нагалено вампир) како комплимент.
    Како се вика на Струмички билдер (развиен тип)? Па се знае ‘‘бабалар‘‘.
    Секој човек кога ќе стане од спиење може да забележи нешто жолто до неговите очи. Тоа соодветно се вика ‘‘гурелка‘‘, ‘‘гурда‘‘, ‘‘горделка‘‘, ‘‘гурди‘‘.
    Кога ќе чуеш од некој ‘‘Леле ама кутка!‘‘ тоа може да значи ‘‘Леле ама смрде‘‘, а на друго место во Македонија се вика и ‘‘Бута у несвест‘‘
    Често кај нас може да се чуе благослов од стилот ‘‘Дамла да ми те удре‘‘.
    Во Струмица е карактеристично продолжувањето на самогласката. Па можеш да ги чуеш да кажат нешто од типот ‘‘Бунеелата на маасата‘‘, ‘‘К`басаата на маасата‘‘.
    Некој нов вид на пцовка ‘‘На баба ти кваката!!‘‘?
    ‘‘Е да ебам девет баби в кауч‘‘ - Што сакаше поетот да каже со ова? (Можеби страда Едипов комплекс?)
    Штипјани кога ќе случајно ќе се удрат велат ‘‘Уби си го коленото‘‘, но можат да речат и ‘‘Уби си јајцата‘‘
    Кавадарчани кога пцујат ги цензурират пцовките со тоа што ја изговараат само првата буква. Пример ‘‘е да е...‘‘
    Кај Битолчани можеш да чуеш ‘‘пример велиме‘‘ ногу често.
    Кај Струмичани често можеш да чуеш ‘‘Не се варки‘‘ кое што значило ‘‘Не се брзај‘‘.
    Гевгеличани го користат зборот ‘‘патати‘‘ кое што можеби доаѓа од англискиот збор potatoes (компири)
    Како да знаеш да најдеш WC ако се наоѓаш на различни делови во Македонија? Па едноставно користи ги овие зборови ‘‘Ченев / Купатило / WC / тоалет / Полски Клозет‘‘
    Ако отидеш во Штип, можеш да го чуеш зборот пролив како ‘‘трчанец‘‘.
    ‘‘Не збори глупости‘‘ кај нас можеш да го чуеш и како ‘‘Не драпај колчишта‘‘
    А кога некој се зафркава со некого можеш да чуеш нешто во стилот ‘‘Ти маа чешељо‘‘

    недела, мај 15, 2005

    МБЗ = Соут Парк

    Инспиран од денешното гледање на последните две епизоди од деветата сезона на South Park решив да направам South Park ликови за сите МБЗовци. Само овие ги знам како изгледаат во живо и затоа ги направив! Другите не се лутете :)

    Јас:



    Другарот Nuanda: (у класичен стил)

    Ениа:

    Букаро: (немаше пенкало и лист)

    Лала:

    Ивица: (пошто се пофали дека си купил вокмен)

    Moonwatcher: (пошто ги обожава South Park)


    ВУНА:

    Мери:

    Sch Narciz:

    И последен но не најмалку важен Канализација:


    петок, мај 13, 2005

    Заминувам

    Не можам да верувам дека и тоа дојде. Уште една недела сум тука во Пловдив и ќе треба да го стегнам багажот и да мигрирам целосно во Македонија со целиот мој дво тонски багаж во кој спаѓаат компјутер, електрична печка, јорган, ќебе, перница, кондури, патики, и две огромни торби со алишта. Не можам да поверувам дека поминаа четири години - ми летнаа како четири дена. Ми останаа многу спомени кои вечно ќе ги паметам. Овие ми се најубавите години што сум ги имал. Ќе ми недостасува Пловдив, ќе ми недостасува и Бугарија со сите негови/нејзини предности. За да си се потсетам некогаш направив листа од работите кои што нема и ќе ми недостигаат кога ќе треба да заминам од тука:

    Ќе ми недостига:

    1.
    Стариот Град во Пловдив - вистинска историска вредност која мора да се види.
    2. Турското гиро во центарот на градот.
    3. Автопатот и пејсажите Софија - Пловдив.
    4. Евтиниот градски превоз - 3 денари во еден правез со студентски попуст.
    5. Кафе во центарот на градот со поглед кон Аљоша и Пловдивскиот метеж.
    6. Кловнот кој доаѓа на лето.
    7.
    Пловдивската филхармонија во која од време на време одев.
    8. Студентските забави.
    9. Танчерките во дискотеките како и келнерките (мевлем за очи) кои никогаш не враќаат ресто.
    10. Студентската соба во која од време на време ќе помине некоја лебарка.
    11. Веслачката база во Пловдив .
    12. Колегите и колешките.
    13. Дружењето.
    14. Стипендијата која ми доаѓаше ко гратис пари секој месец.
    15. Бугарките.
    16. Евтиниот
    24-часовен Интернет за 300 денари месечно.
    19.
    Happy - ресторант во Пловдив
    20.
    Бугарското кафе.
    21. Животот без родители.

    Нема да ми недостига:

    1. Бозата и баничка.
    2. Сендивичите со се и сешто и секакви видови на салати.
    3. Разговорите на тема Бугарија/Македонија.
    4. Бугарската Турбо Фолк Музика -
    Азис, Глорија, Гергана и компанија + Планета Пајнер
    5. Студентската менза во која се што јадевме беше живо и недопечени и после болеше стомак.
    6. Долгите Бугарски ќебапи кои во сите ресторанти ги носат полу живи.
    7. Навикнувањето да живееш во иста постојано со нови луѓе.
    8. Транвестит Клубот Калигула во Пловдив.
    9. Хрчењето на бившиот цимер навечер и неговите смрдливи чорапи.
    10. Мисла 1: "Што ли сега да јадам?"
    11. Мисла 2: "Толку дена до дека да си отидам дома имам да трошам по толку пари"
    12. Спремањето на тежок испит.
    13. Неизвесноста кога чекаш резултати од испит.

    Пловдив го чувстувувам како еден Чаптер во живoтот кој ќе се затвори за една недела и ќе се отвaра повремено уште колку пати кога ќе доаѓам тука за испити и ко турист. Ме теши тоа што наскоро ќе започне нов Чаптер во мојот живот кој се надевам ќе биде уште подобар. Ќе почне на 27 ми Мај и ќе трае...Она што го знам е дека ќе слетам на Флорида и ќе се возам со автобус до едно градче во Алабама. Јас ќе сум главниот лик во книгата во коja скоро ќе се вклучи уште еден и заедно ќе го живееме Чаптерот Америка...

    среда, мај 11, 2005

    Необичен ден

    Ги мразам летата во мојот град. Местото каде што сум роден би требало да ме прави среќен нели? Таму демек ми се пријателите, таму бев во градинка, таму завршив основно училиште со еден збор би требало да биде место кон кое што би требало да имам некакви психолошки процеси наречени `емоции`. Како може да не ви свиѓа кога сте дома? Излегуваш на истите места, ги гледаш истите луѓе, ги слушаш најпресните трачеви во вистинска и слухо изменета форма. На ликовите во оваа приказна им беше исто така секогаш бараа да направат нешто интересно и сакаа да се забавуваат.

    Еден од ликовите е Дарко, запознајте се со него.Седумнаесетата ја тера, обично момче, работи во една бурекџилница за 200 денари на ден и имаше добра девојка. Таа вечер се испокара со родителите и реши да избега од дома и да се опушти малку. Тешко му беше да заборави што се му изназбореа неговите родители затоа што емоциите беа претешки. Пробуваше да биде силен да успее да ги контролира но нему тоа не му успеваше. Се му беше чудно а и се чудеше некогаш зошто постои. Го зеде телефонот и избра број:
    - Добро вечер, Јулија ми треба.
    - Сега но во моментот е во купатило почекај малку.
    Тој почека малку и ете ја Јулија на телефон.
    - Еј што правиш? - таа рече
    - Зборам со тебе. - одговори грубо
    - Што е проблемот со тебе? - праша таа.
    - Нервозен сум нешто, Ќе излегуваме ли?
    - Да чекај да се доспремам и чекај ме во 10 таму каде што секогаш се чекаме.
    Го затвори телефонот и седна на компјутер. Кликна на Dial-up Networking и се обиде да воспостави врска. Нешто не одеше како што треба не можеше да се поврзе и го пцуеше телефонскиот монопол и се чудеше кога ќе си стави кабелски интернет. За среќа подоцна се поврза некако и си провери пошта. Имаше junk порака една и една од другар му Иван.

    "Пеер, изжини нема да можам да излезам вечер. Ќе легнам нешто. Посакај ми среќа. :) Не можев да ти се јавам и затоа ти пишувам маил. Ќе се видиме"

    Ова не му беше важно кој знае колку . И така ќе излезе со девојка му. Ја прекина врската и започна да се подготвува....

    Не далеку од него во една стара куќа изградена во дваесетите живееше една огромна фамилија. Главен газда во фамилијата беше Тошо не вработен како и повеќето во државата. Жена му невработена исто така. Имаа четири деца три одеа на школо. Мајка му и татко му на Тошо живееа со нив и земаа пензии барем за да преживеат. Не може да си дозволат да ги купат сите учебници на децата, имаа еден куп неплатени сметки -особено струјата која не ја биле платиле 10 месеци Доаѓаа да му ја исклучат неколку пати па Тошо пак ја вклучуваше и ги праќаше електричарите да одат да ја исклучат струјата во Арачиново ако можат. Тошо се чудеше како да заработи. Одеше блиску на планина од време на време кога растеа печурките и ги собираше а и ги продаваше. Купуваа луѓето - барем оние кои имаа пари. И овој ден отиде и се врати со полно печурки. Не смееше да го прави тоа затоа што не ги бираше а и не се разбираше многу во печурки. Го правеше тоа што го слушал од дедо му. Се облече и отиде на пазар. Плашејќки се да не го види инспекција почна да вика:

    - Убави и свежи печурки.
    После некое време сепојави еден човек и му рече.
    - Еве ти 400 денари и ги земам сите. Еве ти уште 100 и ти ја земам и кошничката.
    Името на човекот беше Митре. Ја зеде кошничката и отиде дома. Тошо ги зеде парите и си отиде. Не му беше гајле што не беше сигурен какви се печурките. Животот беше злобен со него зошто и тој да таков со него? Митре ја запали колата и додека возеше му текна дека од неодамна чул од некој дека некој се отровил од печурки. Помисли дека се глупост овие муабети.
    Митре живееше во убава куќа. Често се собираше со пријатели на вечера а планираше да го направи тоа и оваа вечер. Влезе во домот и ја повика жена му:
    - Душо дома сум.
    - Хеј, пто купи?
    - Печурки нели се договоривме дека ќе викнеме гости оваа вечер.
    - Да ги викнеме родителите на Дарко и Иван.
    - Родителите на другарите на нашата Јулија?
    - Аха, сега ќе им заѕвонам.
    Иван знаеше дека неговите ќе одат некаде оваа вечер и ја повика девојка му да дојде. Ова му беше шанса да легне со неа. Се чудеше како да му каже на Дарко дека нема да излезе оваа вечер. Се двоумеше дали да му се јави и на крајот му напиша маил.
    Тошо им кажа на жена си дека ги продал печурките. Татјана се израдува и му понуди да отиде да ги продаде и оние останати кај нив во фрижидерот. Тошо се сети дека оној од обезбедувањето во дискотеката би сакал печурки па отиде да го побара.
    Дарко и девојка му се сретнаа. Како што одеа по улица видоа еден човек со кошница со печурки:
    - Што прави овој човек тука во 11 саатот пред дискотека со печурки? - праша девојката на Дарко
    - Веројатно полудел. - одговори сатирично Дарко.
    Влегоа во дискотеката и седнаа на масата која ја беа резервирале. Дискотеката само што започна да се полни. Внатре почнуваше да станува димница.
    Во меѓувреме родителите на Дарко и Иван отидоа кај Митре. Тој ги беше спремил печурките и почнаа да ги јадат зборејќи за пари, работа - она што најмногу ги секираше.
    Дарко пушеше трева од време на време. Уживаше во халуцинирачките и отровните ефекти на марихуаната. Тешко беше да се најде џоинт го забрануваа имањето а уште повеќе одгледувањето на марихуана. Еден негов другар носеше за среќа кој му даде . И кажа на девојка му и излегоа надвор.
    Одејќи на кај паркот Дарко и девојка му видоа нешто чудно...
    Кога Митре, жена му и гостите престанаа да јадат, сите почнаа да чувствуваат дека нешто не е во ред со нив. Сите чувствуваа некаква абдоминална болка. Жена му на Митре се стрчна во бањата и почна да повраќа.
    - Душо нешто не е во ред - рече
    - Сигурно е од печурките - извика Митре
    - Никогаш не се беше случувало ова сум јадела печурки многу пати - одговори таа
    - Зарем е можно да се отровни печурките?? Чув од некаде нека продавал некој отровни.
    Да викнеме амбулантна кола може се отровни.
    После 5 минути болничарите дојдоа на врата. Му објаснија надокторот што се случило со печурките. Тој им рече:
    - Ве носам сите во болница веднаш! Ова е опасно може да предизвика повраќање, пролив, тешкотии во дишење, градни спазми...
    - Како мислите? - праша Митре
    - Може да умрете ако не ве однесам на испирање веднаш. - одговори докторот.
    Како што светеше светилката од боничката кола Дарко се чудеше што толку паника се дигна..
    - Некој изгледа е на умирачка- рече тој.
    - Не ме интересира. Ајде да отидеме да пушиме. Сакам да се отпуштам - одговори девојка му.
    Полицијата знаеше дека некои тинејџери пушеа марихуана во паркот а не знаеа ни да се скријат како што треба. Двајца полицајци се упатија кон паркот. Како што одеа го осетија мирисот на марихуана. Отидоа и почнаа да викаат:
    - "Деца што правите вие овде?"
    Срцето на Дарко запре за момент. Не можеше да зборува ништо. Полицијата ги уапси и двајцата.
    - Од каде ја зеде марихуаната? - праша полицаецот
    - Од еден од дискотеката.
    Девојка му на Дарко почна да плаче. Ова им беше прв пат да ги фати полиција. Се плашеше само од тоа што ќе се случи кога ќе се јават на нејзините родители.
    Беше три часот по полноќ. Почна да врне. На Иван му беше супер. Ова беше прв пат да легне со некоја. Очекуваше неговите родители да се вратат секој момент ја разбуди девојка му и ја испрати дома.

    понеделник, мај 09, 2005

    Нашите автобуски фирми

    Се израдував кога се префрлија сите автобуси од автобуската на Пролетер на новата автобуска кај нова железничка. Оваа старата ми беше ептен мрачен филм; имав чувство дека се наоѓам на Бит Пазар или уште полошо Шутка затоа што не можеш а да не ги видиш продавачите на сунѓерчиња, пенкала, весници кои упорно ти нудат и ти даваат `преференцијални` цени. Оваа новата е на супер место љубезни луѓе работат на каса и на информации за разлика од старите жени во Пролетер. Освен тоа сега не мора да одговорам илијада пати каде ќе одам на дивите таксиња кои само гледаат да стават некој во кола. Некои од нив се фер - наплаќаат како автобуска карта но некои убаво ќе те опељашат. Но се е тоа ОК само повеќето од автобусите со кои соработува новата автобуска станица се ужас!!! Автобусите смрдат, нема никаков еркондишан, седиштата се гадни, а и како по обичај возачите пушат внатре.

    Нај смешно ми станува кога ќе видам автобус со оние знакчињата демек air conditioned, WC, вода, кафе а внатре нема ништо од тоа внатре. Но како и секогаш мора да се возиш и не смееш ништо да приговараш и да гледаш позитивно и македонски на нештата. Ако се обидеш да кажеш нешто шоферот или кондуктерот ќе се изнервира и може и да останеш надвор. Денеска се качив до Софија со најраниот автобус, и ова ќе ми е последен пат да се возам со нив. Немаше никаква комоција, сите седишта освен две беа полни и внатре мирисаше на бензин. Некако изгуравме до Куманово кога пристигнавме на автобуската - таму не чекаа 15 души кои купиле карта за Софија а во автобусот имаше само две места. Шоферот не ги качи сите - качи само двајца веројатно ги бираше на еци пеци пец. Не можам да замислам како се чувствувале кога им рекол дека нема место. Како може да извадиш карта порано 5 дена и на крајот да не се качиш??? Претходиот пат кога одел автобусот некои седеле на земја на автобусот 6 часа додека да стигнат до Софија и сигурно се чувствувале ко да одат во аушвиц.. Еден од патниците кога правевме пауза го праша Шоферот зошто не пуштиле уште еден автобус а овој му одговори 'е што за двајца ли да пуштаме уште еден автобус' а надвор во Куманово чекаа 13 души а претпоставувам некој бил вратен од Скопје. Рече демек причината што немало место било што сите студенти се враќале во Бугарија. После ова шоферот додаде: 'Штом учиш во Бугарија зошто не си седиш таму, сакам да не ви се признаваат дипломите кога ќе завршите. Јас да сум би ја искинал дипломата.` Кога минавме граница и од ко го изминавме Ќустендил се расипа автобусот! Излеговме надвор со надеж дека брзо ќе се реши проблемот но јок.... моравме да чекаме два часа. Се осеќав ко во оној српски филм `За Београд` кога патуваат до Белград неколку дена за време на фашистичката окупација. Сите чекавме надвор на ливада и се осеќав како на патерици на втори мај но без скара и пиво. Исполегнавме сите на травата чекајќи да се направи автобусот. Одеднаш од некаде се слушна како демек ќе дошол нов автобус да не собере па паднаа разговори од типот дали ќе иде од Софија, Скопје или Битола и сметавме колку време ќе чекаме на ливада до најникаквата бензинска која сум ја видел во животот. Чекавме и чекавме... Минутите ни се чинеа вечност а шоферот и кондуктерот го очекуваа автобусот да дојде `секој момент`. Тој момент беше 2 часа покасно. Кога стигнав на автобуската во Софија се преродив - знаев дека ќе се качам во убав автобус до Пловдив. Патувањево беше еден ужасен ден.... Мртов изморен сум...

    недела, мај 08, 2005

    Maра!???

    Озборувач станува и едукативен и информативен! :) Еве еден текст што го преведов многу одамна. Од секогаш сум се прашувал дали овие текстови се вистина.

    "Марихуана" е име за дрога која ги вклучува лисјата и цветните делови на Индијскиот коноп уште наречен Cannabis Sativa. Марихуаната се пуши или џвака заради причинување на халуциогени или ефекти на возбудување. Активната состојка на марихуаната, позната како тетрахидроканибол е концентрирана на горните цветни делови на Индискиот коноп. За Марихуаната има многу жаргонски имиња како на пример пот, грас, мари џејн, џоинт и.т.н.



    Повеќето земји ја сметаат марихуаната како илегална субстанца, но оделни земји варираат со тоа како го казнуваат користењето и принадлежноста на дрогата. Некои земји налагаат благи казни, додека други налагаат сурови казни вклучувајќи го тука лежењето во затвор. Иако за Марихуаната не е докажано дека може да предизвика телесна зависност па и ако се прекине нејзиното користење не се јавуваат никакви симптоми на телесна посвета, тааа може да предизвика психолошка зависност со постојано и долго користење.

    Позната е во централна Азија и Кина околу 3000 п.н.е и е главно користена како медикамент. Марихуаната почна широко да се користи во Америка во 60-тите и 70-те години и во тоа време станува втора најпопуларна дрога после алкохолот.

    Многу корисници велат дека постојат две фази во дејството на марихуаната: почетна возбуда – која го вклучува замајувањето и еумфоријата – проследена со спокојство и пријатно чувство. Промените во однесувањето се често придружувани во сменети разбирања на времето и местото. Процесот на мислење е често нарушен од неполни идеи и мемории. Кај некои од корисниците се јавува зголемен апетит, потреба за благо, засилување на сетилното чувство и чувство на задоволство.

    Негативните ефекти на марихуаната можат да вклучат збркувањет, акутни реакции, напади на беспокојство, страв, чувство на беспомошност и губење на само контрола. Хроничните корисници на марихуаната можат да развијат т.н. амотивационен синдром кој се карактеризира со пасивност, намалена мотивација и преокупација кон земање на дроги. Како што е случај со дејствието на алкохолот, дејствието на марихуаната може да го растрои размислувањето, разбирањето, меморијата, говорот, способноста за решавање на проблеми, и времето на реакција. Последиците од долго користење на марихуаната се уште не се одредени, а не постојат докази дека марихуаната може да уништи мозочни клетки.



    Марихуаната може да биде корисна во борбата против непријатните и болни симптоми кај некои медицински состојби. Некои луѓе мислат дека марихуаната може да го подобри апетитот и да го спречи намалувањето на телесната тежина кај луѓето болни од СИДА. Други размислуваат дека марихуаната го намалува очниот притисок кај луѓето со глаукома. Исто така може да го намали гадењето причинете од раковата хемотерапија и третманите со радиација. Луѓето кои страдаат од овие и од други хронични заболувања тврдат дека марихуаната ги намалува болките додека другите медикаменти не.

    сабота, мај 07, 2005

    О Т`ГА

    Македонскиот народ не само бил мачен во минатото. Бил и многу креативен. Неговата креативност е видлива насекаде, во порите на нашето општество. Почнувајќи од начинот по кое што е расфрлено ѓубрето по Бит Пазар (се чудам дали некој го чисти). Кога зборувам за креативност зборувам за креативноста во поезијата создавајќи го овој поетски гигант. Вака еден наш иселеник кој добил зелена карта го напуштил работното место инспириран од обстојателствата и му го испратил на газдата. За домашна работа да го научите на памет и да го заборавите насловот на оригиналната верзија од песната.


    О Т`ГА ЗА ЗАПАД
    Гарантно писмо в џеб да си метнам,

    да јавнам Конкорд в небо да летнам,
    На гурбет дачечен ја да си идам,
    да видам Тороно, Манитоба да видам.
    Да видам купој пари во џебот,
    и за друго да сонам, а не само за лебот.
    Да видам како се станува газда,
    и како од обична плата се купува Мазда.
    Да видам нашинци среќни и стројни,
    со полни образи и со мевој лојни.
    Како си живеат на висока нога,
    и братски си тераат дури до Бога.
    Да видам живот светол ко олтар,
    а не ко овде, до смрт голар.
    О, дајте ми виза в џеб да си метнам,
    на гурбет далечен ја да си идам,
    па макар и пингвин таму да бидам.„
    `Бати и Охрид, `бати и Струга,
    ништо немет, па дури ни пруга!„

    среда, мај 04, 2005

    I am so pleased

    Не можам а да не го изразам моето задоволство во врска со настаниве кои што се случија скоро. Прво за идејата на Нуанда за формирање на МБЗ (Македонска Блог Заедница) после на В У Н А за рецензијата која што ја направи за мојот блог:

    Озборувач на Бобан

    Милина! Ем цуцка суредено, ем фини текстчиња. Редовен апдејт и симпатични сликички. Тривијален рај. Вели дека озборувањата се пристојни.

    Објавувањето на сторијата на Старо Новата Багра, како и на идејата на Ивица да се собереме сите на куп. Се гледаме во Недела!

    вторник, мај 03, 2005

    Палестина

    Ако некогаш ви дојде на ум на дојдете во Штип и да останете неколку дена не барајте го прво Исарот и ново посадениот крст кој ми личи како копија од оној на Водно или пак спомен собата на Ацо Шопов, куќата на Славчо Стојменски, Градскиот Музеј или Безистенот, побарајте каде е Радански пат или уште Палестина. Може слободно да се нарече гето затоа што претежно живеат Роми и повеќето од нив не живеат како вас т.е живеат како што прикажуваат овие три слики подолу. Стигнете до Радански пат и одете по него.



    На почетокот ќе го видите она секојдневното Македонско општество она какво што го гледате во вашите градови или вашите населби. Но приказната почнува со доаѓањето на средината на тој познат Радански Пат. Поголемиот број од населените таму се Роми иако не ретко се сретнува и по некој Македонец. Некои од нив не знаат какви се по националност - Турци или Роми а уште помалку си ја знаат историјата на својот народ. Некои од Штипјаните ги поистоветуваат не разликуваат Турци и Роми за нив овие две малцински групи се едно и исто. Кога ќе го изминете Радански Пат побарајте каде е Палестина (не продавницата) онаа вистинската жаргонски наречена од Штипјаните и прошетајте малку низ околијата. Ќе го видите она што го видовте на погорната слика. Овие се тие луѓе долу на сликата подолу оние кои најчесто сте научени да ги игнорирате а и дискриминирате и кои што најчесто ги поистоветувате со просење и крадење а и ги дискриминирате.



    Прошетката по Палестина или уште поточно прошетката низ Радански Пат нема да биде онаа од вашите соништа но ќе биде доволно за да видите дека постои и една друга страна на нашето општество.