скоро:

    follow me on Twitter

    сабота, мај 07, 2005

    О Т`ГА

    Македонскиот народ не само бил мачен во минатото. Бил и многу креативен. Неговата креативност е видлива насекаде, во порите на нашето општество. Почнувајќи од начинот по кое што е расфрлено ѓубрето по Бит Пазар (се чудам дали некој го чисти). Кога зборувам за креативност зборувам за креативноста во поезијата создавајќи го овој поетски гигант. Вака еден наш иселеник кој добил зелена карта го напуштил работното место инспириран од обстојателствата и му го испратил на газдата. За домашна работа да го научите на памет и да го заборавите насловот на оригиналната верзија од песната.


    О Т`ГА ЗА ЗАПАД
    Гарантно писмо в џеб да си метнам,

    да јавнам Конкорд в небо да летнам,
    На гурбет дачечен ја да си идам,
    да видам Тороно, Манитоба да видам.
    Да видам купој пари во џебот,
    и за друго да сонам, а не само за лебот.
    Да видам како се станува газда,
    и како од обична плата се купува Мазда.
    Да видам нашинци среќни и стројни,
    со полни образи и со мевој лојни.
    Како си живеат на висока нога,
    и братски си тераат дури до Бога.
    Да видам живот светол ко олтар,
    а не ко овде, до смрт голар.
    О, дајте ми виза в џеб да си метнам,
    на гурбет далечен ја да си идам,
    па макар и пингвин таму да бидам.„
    `Бати и Охрид, `бати и Струга,
    ништо немет, па дури ни пруга!„

    1 коментар:

    moonwatcher рече...

    "Во Италија, за време од 30 години, под Борџиите, имаа војни, терор, убиства, крвопролевања - но ги произведоа Микеланџело, Леонардо да Винчи, ренесансата. Во Швајцарија имаа братска љубов, петстотини години демократија и мир и што произведоа тие. Часовници со кукавица.“
    Од филмот „Третиот Човек“.
    Па сега ти види кај е поарно.