скоро:

    follow me on Twitter

    понеделник, мај 23, 2005

    Пост свадба

    Се наоѓам во оној пост свадбен период кај што единственото нешто кое што ми се прави во моментот е да фатам кревет, да останам 15 минути сам за да си ги средам мислите, како и да се `отарасам` од гости. Што адети се наслушав овие два три дена така чудејќи се и замислувајќи се за апсурдноста на истите. Вознемирени баби кои пеат староградски песни, месат погачи и помагаат без неизбежен дел од свадбената еумфорија како и затворањето на моето куче во соба за да не им смета на гостите.



    Не дека ми сметаа - напротив но се изнаслушав на старински муабети, снаи, свекрви како и се изнагледав на братучеди кои не сум ги видел по 5-10 години кои доаѓаа од секаде од Македонија. Ова евровизијата не ја ни осетив (се случи такво нешто?) , а и некои ракометарски натпревари како да не постојат за мене. Не можев да ја видам ни шпагата ни тупаните на кои тупал Вуќиќ, не можев ни да ја замислам неворојатната `undercover` пејачка од Грција. Јас бев деверот (не шаферот) и бев оној кој што сите очекуваа да бидам и каков што јас сакав да бидам - расположен, разигран. Неизбежни беа и насмевките на гостите, бакнувањето три пати по македонски како и задолжителната љубезност која што мораш да ја имаш кон сите. Освен во тоа на мене ак`лот сега ми е и на друго место.

    4 коментари:

    enya рече...

    Само да ти ја видев фацата деверска:) Прво, ај честито, па да ти се враќа. Второ, ај среќен роденден (не си толку стар, не се тревожи), трето, не си пропуштил многу од евровизиската политика на на ти-дај ми поени,ама мора да се признае дека имаше убави песни. Четврто...ај чао

    Малечката принцеза рече...

    И ти кажи ми сега дали те натераа да шеташ низ Штип облечен како женско, а? Јас имам слушнато за таков адет од едни такви "вознемирени" баби што се знаат. Што се не ќе слушнеш по свадби :)

    Sherilla Lay рече...

    имаш интересен блог :) случйно го открих, но много се забавлявах :)

    Бобан рече...

    не ме тераа да шетам но ме нашминкаа мене и неколку други, ми дадоа една престилка и отидовме кај сфаќата со поклон. (краставица и два компира). :)