скоро:

    follow me on Twitter

    понеделник, мај 09, 2005

    Нашите автобуски фирми

    Се израдував кога се префрлија сите автобуси од автобуската на Пролетер на новата автобуска кај нова железничка. Оваа старата ми беше ептен мрачен филм; имав чувство дека се наоѓам на Бит Пазар или уште полошо Шутка затоа што не можеш а да не ги видиш продавачите на сунѓерчиња, пенкала, весници кои упорно ти нудат и ти даваат `преференцијални` цени. Оваа новата е на супер место љубезни луѓе работат на каса и на информации за разлика од старите жени во Пролетер. Освен тоа сега не мора да одговорам илијада пати каде ќе одам на дивите таксиња кои само гледаат да стават некој во кола. Некои од нив се фер - наплаќаат како автобуска карта но некои убаво ќе те опељашат. Но се е тоа ОК само повеќето од автобусите со кои соработува новата автобуска станица се ужас!!! Автобусите смрдат, нема никаков еркондишан, седиштата се гадни, а и како по обичај возачите пушат внатре.

    Нај смешно ми станува кога ќе видам автобус со оние знакчињата демек air conditioned, WC, вода, кафе а внатре нема ништо од тоа внатре. Но како и секогаш мора да се возиш и не смееш ништо да приговараш и да гледаш позитивно и македонски на нештата. Ако се обидеш да кажеш нешто шоферот или кондуктерот ќе се изнервира и може и да останеш надвор. Денеска се качив до Софија со најраниот автобус, и ова ќе ми е последен пат да се возам со нив. Немаше никаква комоција, сите седишта освен две беа полни и внатре мирисаше на бензин. Некако изгуравме до Куманово кога пристигнавме на автобуската - таму не чекаа 15 души кои купиле карта за Софија а во автобусот имаше само две места. Шоферот не ги качи сите - качи само двајца веројатно ги бираше на еци пеци пец. Не можам да замислам како се чувствувале кога им рекол дека нема место. Како може да извадиш карта порано 5 дена и на крајот да не се качиш??? Претходиот пат кога одел автобусот некои седеле на земја на автобусот 6 часа додека да стигнат до Софија и сигурно се чувствувале ко да одат во аушвиц.. Еден од патниците кога правевме пауза го праша Шоферот зошто не пуштиле уште еден автобус а овој му одговори 'е што за двајца ли да пуштаме уште еден автобус' а надвор во Куманово чекаа 13 души а претпоставувам некој бил вратен од Скопје. Рече демек причината што немало место било што сите студенти се враќале во Бугарија. После ова шоферот додаде: 'Штом учиш во Бугарија зошто не си седиш таму, сакам да не ви се признаваат дипломите кога ќе завршите. Јас да сум би ја искинал дипломата.` Кога минавме граница и од ко го изминавме Ќустендил се расипа автобусот! Излеговме надвор со надеж дека брзо ќе се реши проблемот но јок.... моравме да чекаме два часа. Се осеќав ко во оној српски филм `За Београд` кога патуваат до Белград неколку дена за време на фашистичката окупација. Сите чекавме надвор на ливада и се осеќав како на патерици на втори мај но без скара и пиво. Исполегнавме сите на травата чекајќи да се направи автобусот. Одеднаш од некаде се слушна како демек ќе дошол нов автобус да не собере па паднаа разговори од типот дали ќе иде од Софија, Скопје или Битола и сметавме колку време ќе чекаме на ливада до најникаквата бензинска која сум ја видел во животот. Чекавме и чекавме... Минутите ни се чинеа вечност а шоферот и кондуктерот го очекуваа автобусот да дојде `секој момент`. Тој момент беше 2 часа покасно. Кога стигнав на автобуската во Софија се преродив - знаев дека ќе се качам во убав автобус до Пловдив. Патувањево беше еден ужасен ден.... Мртов изморен сум...

    1 коментар:

    Малечката принцеза рече...

    Мојот коментар ќе биде краток, а се надевам и јасен.МАКЕДОНШТИНА.