"Марихуана" е име за дрога која ги вклучува лисјата и цветните делови на Индијскиот коноп уште наречен Cannabis Sativa. Марихуаната се пуши или џвака заради причинување на халуциогени или ефекти на возбудување. Активната состојка на марихуаната, позната како тетрахидроканибол е концентрирана на горните цветни делови на Индискиот коноп. За Марихуаната има многу жаргонски имиња како на пример пот, грас, мари џејн, џоинт и.т.н.
Позната е во централна Азија и Кина околу 3000 п.н.е и е главно користена како медикамент. Марихуаната почна широко да се користи во Америка во 60-тите и 70-те години и во тоа време станува втора најпопуларна дрога после алкохолот.
Многу корисници велат дека постојат две фази во дејството на марихуаната: почетна возбуда – која го вклучува замајувањето и еумфоријата – проследена со спокојство и пријатно чувство. Промените во однесувањето се често придружувани во сменети разбирања на времето и местото. Процесот на мислење е често нарушен од неполни идеи и мемории. Кај некои од корисниците се јавува зголемен апетит, потреба за благо, засилување на сетилното чувство и чувство на задоволство.
Негативните ефекти на марихуаната можат да вклучат збркувањет, акутни реакции, напади на беспокојство, страв, чувство на беспомошност и губење на само контрола. Хроничните корисници на марихуаната можат да развијат т.н. амотивационен синдром кој се карактеризира со пасивност, намалена мотивација и преокупација кон земање на дроги. Како што е случај со дејствието на алкохолот, дејствието на марихуаната може да го растрои размислувањето, разбирањето, меморијата, говорот, способноста за решавање на проблеми, и времето на реакција. Последиците од долго користење на марихуаната се уште не се одредени, а не постојат докази дека марихуаната може да уништи мозочни клетки.
Марихуаната може да биде корисна во борбата против непријатните и болни симптоми кај некои медицински состојби. Некои луѓе мислат дека марихуаната може да го подобри апетитот и да го спречи намалувањето на телесната тежина кај луѓето болни од СИДА. Други размислуваат дека марихуаната го намалува очниот притисок кај луѓето со глаукома. Исто така може да го намали гадењето причинете од раковата хемотерапија и третманите со радиација. Луѓето кои страдаат од овие и од други хронични заболувања тврдат дека марихуаната ги намалува болките додека другите медикаменти не.
4 коментари:
Пробај, нема нишо лошо да ти биде.
Најчесто е закон, мада и бедовите се неизбежни :) Како и да е ќе ти биде незаборавно искуство.
абе ова ка да го имам негде видено...
Па го имаше на Багра.орг пред една година го бев превел....сеа си го турив на сајтот.
А сликичките ги зедов од некаде не знам од каде.
Објави коментар