Ако некогаш ви дојде на ум на дојдете во Штип и да останете неколку дена не барајте го прво Исарот и ново посадениот крст кој ми личи како копија од оној на Водно или пак спомен собата на Ацо Шопов, куќата на Славчо Стојменски, Градскиот Музеј или Безистенот, побарајте каде е Радански пат или уште Палестина. Може слободно да се нарече гето затоа што претежно живеат Роми и повеќето од нив не живеат како вас т.е живеат како што прикажуваат овие три слики подолу. Стигнете до Радански пат и одете по него.
На почетокот ќе го видите она секојдневното Македонско општество она какво што го гледате во вашите градови или вашите населби. Но приказната почнува со доаѓањето на средината на тој познат Радански Пат. Поголемиот број од населените таму се Роми иако не ретко се сретнува и по некој Македонец. Некои од нив не знаат какви се по националност - Турци или Роми а уште помалку си ја знаат историјата на својот народ. Некои од Штипјаните ги поистоветуваат не разликуваат Турци и Роми за нив овие две малцински групи се едно и исто. Кога ќе го изминете Радански Пат побарајте каде е Палестина (не продавницата) онаа вистинската жаргонски наречена од Штипјаните и прошетајте малку низ околијата. Ќе го видите она што го видовте на погорната слика. Овие се тие луѓе долу на сликата подолу оние кои најчесто сте научени да ги игнорирате а и дискриминирате и кои што најчесто ги поистоветувате со просење и крадење а и ги дискриминирате. Прошетката по Палестина или уште поточно прошетката низ Радански Пат нема да биде онаа од вашите соништа но ќе биде доволно за да видите дека постои и една друга страна на нашето општество.
3 коментари:
Ја у Штип пораснав. Секое лето, три месеци седев кај баба ми и дедо ми во Штип, во населбата Баби. Ама у "Палестина" не сум бил. На која страна од градот е тоа место ?
А што се однесува до Ромите, мислам дека нив не треба да им се помогне само материјално. Им треба образование. Дури мислам дека и тие се свесни за тоа. Со векови биле дискриминирани, затоа имаат комплекс на помала вредност. Мислам дека сега не се дискриминирани, поготово кај не нас. Сега самите се дискриминираат. Вградено им е во умот дека освен за просење и препродавање за друго не се способни .
Боби ако можеш купи го денешниот број на весникот време, ако не посети го линков
http://www.vreme.com.mk/vest.aspx?id=24773
Ми ја зема темата.
Двр Будр е апсолутно во право,Мунвочер многу греши.
Фала за пофалбите, Палестина е еднао населба(aко може така да се каже, инаку е жаргонски наречена така) Радански Пат блиску до новиот Пазар. За Ново Село може да напишам нешто. А за недела во Скопје сигурно ќе дојдам.
Објави коментар