скоро:

    follow me on Twitter

    среда, ноември 29, 2006

    Околности

    Два часот по полноќ е а мене сеуште не ми се спие... Знам дека дури и да пробам нема да успеам да заспијам. Не е ниту мојата претерано жешка соба во која парното работи двапати повеќе отколку што треба, ниту пак фактот дека треба да се разбудам сабајле во седум наутро за да одам на работа, ниту пак фактот дека се скарав со мојата понекогаш себична цимерка..

    Седам и се ѕверам во лаптопот и го пишувам овој пост собирајќи си ги мислите за работите што ми се случија во последните неколку недели... Помислив на забавата која што ја имавме во нашата куќа на која што поканивме десет а дојдоа дваесет луѓе и јас и цимерките бевме тие кои што чистевме наредниот ден... Помислив на тоа што не успеав да станам наредниот ден да отидам на шопинг на најголемиот распродажен ден каде што цените се намалени за триесет до педесет посто поради тоа што претерав со алкохолот претходната вечер. Помислив на мојот шеф на работа кој некогаш од мене бара чуда. Помислив и на тоа што на гости ми дојдоа некои пријатели на моите кои се отселиле од Македонија пред дваесет години и ми се чудеа како не сум се дружел со Mакедонци туку повеќе со Американци. Ми се чудеа на фактот што се пошегував дека сум атеист и не одам на црква. Јас пак сеуште не можам да ги разберам како не успеале да научат Англиски... Помислив и на лудницата која треба да ја минам додека одам на работа, линиите во кои чекам додека купувам кафе, сендвич или било што, тоа дека филмовите кои си ги порачав уште не ми стигнале по пошта, фактот дека треба да и испратам пари на моите во Македонија скоро...

    Решив да се преселам на некој остров - барем времено.

    3 коментари:

    TeNej рече...

    како Америка пријателе ,јако е а мене многу ми се допадна лично да ти кажам и Америка и американците и понекогаш многу ми недостига таа нивна прагматичност,уствари повеќе од чесto

    gocesto рече...

    Бобане,како е Чикаго или си веке на островот,брат овде е ужас,не знам шо ми требаше да си дојдам,Пловдив ладно,па и лугето со се тука не се како у Америка :).Бобане пиши еден маил ако имаш интернет мислам.Поздрав од далечната Бугарија :) Е и Штип е далеко ако одиш пеша :)

    Viktorija рече...

    Hello Boni posle dolgo vreme eve me i jas da pisam nesto..Koga go procitav ova poslednoto so ostrovot me iznasmea da ti kazam:)Ali ne e se taka crno, ke bide podobro ti samo izdrzi:)
    Cao i Pozdrav
    Viki