скоро:

    follow me on Twitter

    среда, февруари 27, 2008

    Сума Сумарум

    Ако сумирам се што ми случуваше во последните половина година дена ќе ми треба да мислам неколку часови а и ќе треба да пишувам неколку страници текст...

    Уште сум во Чикаго - во оној неверојатно студен град во кој што мојата балканска душа не може да се навикне на студот... Најладната зима која што сум ја видел и почувствувал во мојот живот со температури кои не се качуваат над -10 степена... Оној град во кој што нема луѓе туку сите ми личат на вреќи со алишта кои најчесто означуваат престиж или испотрошени кредитни карти....

    Градот во кој не успеав да излезам никаде цела зима и ноќите ги поминав гледајќи ги сите 2007 филмови и сите номинации за оскар. Зимата во која ги изгледав сите серии на Очајни Домаќинки и која ја поминав карајќи се со газдарицата да го покачи парното...

    Зимата во која разбрав дека Тоше починал и дека Македонија е на пат да си го промени името....

    Зимата во која видов стари пријатели и испивме десетици шишиња Кијанти...

    Зима која едвај чекам да заврши!!!!

    1 коментар:

    Анонимен рече...

    па јас почнав да те читам баш кога го напушти блогов.... Во кратки зборови: Драго ми е што се врати :)Поздрав од една кичевчанка :)