скоро:

    follow me on Twitter

    понеделник, јуни 09, 2008

    Преселување

    Целиот месец мај ми беше во размисла кај, каде што и со кого ќе живеам... Мислев да живеам со цимер, па се премислив да живеам сам, и на крајот решив да живеам сам. Зошто? Цел живот живеам со луѓе околу мене, ја делев собата со брат ми до четврта година средно школо - после во колеџ живеев со двајца цимери во иста соба. Кога дојдов во Америка три години живеев со луѓе и сега е време да живеам сам... Може малку ќе ми е чудно - ќе се чувствувам некогаш осамено - да но во зградата имам цела источно европејска имиграција плус пријатели + другари со кои веројатно ќе успевам да се гледам еднаш, два пати неделно и со кои веројатно кога ќе излезам ќе трошам пари. Ха ха....

    Целата процедура за барање на стан е толку многу комплицирана што дури и те збркува. Разбрав дека неможеш да го земеш кој стан сакаш - ќе ти го дадат стан кој е скап колку една третина од твојата плата, мора цел живот да си ги плаќал сметките на времe па дури ќе ти направат и криминална проверка од зградата во која ќе живеш... Тоа значи дека немаш никаква приватност - никаде. Кога ќе ти направат проверка на матичниот број ќе дознаат се за тебе и нема да можеш ништо да скриеш.

    Интересно е поради тоа што американците се местат просечно по еднаш на две години постојат специјализирани бизниси (Chicago Apartment Finders, North and Clybourn Group) кои ќе ти најдат стан и кои ветуваат дека нема да ти наплатат но заради тоа ќиријата ќе ти е повисока за 50-100 долари на месец. Дури пак те возат до становите и со лоши убедливи коментари ќе пробаат да те убедат да го земеш станот. Јас видов околу десетина такви и цените за една гарсоњера се движеа од 770 - 900 долари на месец. Шетајќи по малото во кое што сакав да живеам (Lakeview) разбрав дека ако имаш време да отидеш по зградите и лично да се видиш со сопственикот на зградата цената на киријата е за 50-100 долари поефтина. Еве како апартмент фајнднинг бизнисите прават пари.

    Кога ќе го најдеш станот доаѓаат уште поголемите главоболки. Треба да си изнајмиш камион и кој можеш сам да го возиш и за кое мора да платиш осигурување кое чини 25 долари (ЈуХаул), да видиш кои од пријателите ти се слободни тој ден и да спремиш екстра пари во џеб и да си готов за модрици по рацете. Пакувањето е уште подолг процес а за отпакувањето уште полошо - не сум уште успеал да се отпакувам.

    И да успеав да се преселам во голема гарсоњера со три огромни ормари, малецка кујна, фино ве-це, клима, фина зграда и поглед кон капиталистичка Америка. :)

    2 коментари:

    Анонимен рече...

    Бобан, овој блог го читам со години и никогаш не ми здосадува. Едноставно се соживувам со тебе, и интересни ми се твоите коментари и начинот на живот во САД. Ќе имаш поголема посетеност, ако почесто пишуваш на блогов. Продолжи понатаму, одличен си!

    Mile Boshnjakovski рече...

    pozdrav od star prijatel:)