скоро:

    follow me on Twitter

    четврток, август 10, 2006

    Доживување на еден црнец и една бела девојка

    Модерна, демократска и капиталистичка Америка, месец јули 2006 година

    Таа е плава, совршени димензии, знаете од оние девојки кога од кога ќе ги погледнеш ти се исполнуваат очите и ти се зголемува сексуалната желба. Тој е црнец, облечен во гето стил, и ланец на врат. И двајцата се во центарот на Чикаго. Решиле да прошетаат низ центарот на градот држејќи се за рака и гледајќи ги човеко создадените згради. Пред тоа биле во бар каде што повеќе излегуваат црни. Тој е менаџер на хотел и заработува над 80 000 долари годишно. Таа е келнерка која не прави повеќе од 24.000 годишно. Тој и е шеф. Нивната врска е забранета.

    Низ центарот на градот е врева и не можат а да не ги забележат погледите на минувачите. Одеднаш почнуваат да се чудат што се случува. Поминуваат пет минути. Почнуваат извици од кола:

    - Црнило, врати се во гетото. Што бараш со оваа девојка до тебе? Врати се таму каде што припаѓаш....

    Остануваат без зборови. Нема што да се каже.

    - Девојко види ме мене, поубав сум од овој расипан црнец. Тој не те заслужува. Ти си секс бомба за него. - извикува пијаница од втората кола.

    Без зборови се, и авторот на овој пост е без зборови.

    2 коментари:

    Gjole рече...

    ..де бе зашо си без зборови?

    Ко да не знаеше дека американците и англичаните ( и општо земено сите поразвиени нации ) се најголемите гнезда на расисти, луѓе што немаат поим за демократија и општо земено - тотално необразовани луѓе? :-)

    ...btw сите "фини" работи кои развиените земји сакаат да му ги подарат на остатокот од светот - кај нив нема теоретска шанса некогаш да ги применат..

    п.с. ..сеуште сметам дека Македонија и покрај сите недостатоци, истовремено може да се земе и како пример за многу работи!

    Бајкобиограф рече...

    Токму така!

    Инаку, луѓе си се луѓе...