скоро:

    follow me on Twitter

    сабота, јуни 04, 2005

    Париз

    Додека патував до Америка требаше да сменам лет во Париз кој ќе ме однесе до Миами. Требаше да го чекам 14 часа на терминалот. Јас како и секој друг Македонец кој што беше со мене очекувавме денот и ноќта да ја поминеме спиејќи на некоја клупа затоа што не може да си дозволиме да спиеме во Хотел одма до Аеродромот. Се тешев со тоа што ќе се изнајадев француски кроасани (1.60 евро) без ништо внатре и некои други француски чуда на кои и да сакав не можев да им ги запаметам имињата. Од Софија слетавме во Чарлс ди Голљ (не сум сигурен за изговорот) нервирајќи се поради тоа што се наоѓам во еден од најубавите градови во светот а јас не можам да го посетам! Од кога сите мои Бугарски пријатели излегоа од аеродромот јас и уште две Македонки со мене решивме да пробаме да излеземе без виза а ако не ни дозволат ќе спиеме на терминалот. Одеднаш додека полицаецот ни ги проверуваше пасошите и не испита кај ќе одиме во Америка ни рече `You can go`. WTF? Одеднаш не можев да им поверувам на моите уши и не можев да го прифатам тоа дека ќе излезам во Париз! Се изгледаше толку лесно. Питавме околу десетина души како да стигнеме до Ајфеловата кула и прашувањето заедно со патот ни одзема 2 часа! И од ко излегов од парижкото метро и платив 15 евра повратен билет Чарлс ди Гољ - Центар и обратно излегов и пред мене се појави Тур Ефел. Изгледаше вака:



    Се рашетавме наоколу и прво не можев да се начудам на нејзината огромност иако во неа немаше некоја посебна убавина сепак тоа е само железо. Пред кулата чекаа околу 300 души за да се качат а јас иако сакав не планирав да чекам толку долго. Направив уште неколку слики:



    Не сликаа:




    Не далеку од Ајфеловата кула на околу 15 минути пешки е Шанзелизе една од најубавите улици во Париз.



    Кога го фатив Парижкото метро за назад не можев да верувам дека јас го видов Париз. Париз ме остави без здив и ми остана во срцето заедно со уште илијадници импресии кои немам време да ги напишам сега.... Во некоја друга прилика...

    5 коментари:

    mary рече...

    Bravo!!! A zamisli da ne probase ad izlezes, a? :))) Pariz te prevrti za nekolku casa. Eh, a da imas nekolku nedeli, meseci, godini, za da go pocuvstvuvas dlaboko...... Procitaj ja "Pariski prikazni" od Vlada Urosevic. Mene me odnese tamu so prikaznite. Volsebno......magicno.....

    Shepard рече...

    Шарл Де Гол е името, според „големиот“ генерал од Втората Светска Војна.

    Мулен Руж го виде?!

    Анонимен рече...

    Шарл Де Гол, не си чул никогаш за него?
    Кец по историја

    Ania рече...

    aaaaaaaaaah...patuvanja, patuvanja kolku sakam patuvanja...za zal nema patuvanje za mene na povidok:( ama cekame postovi za juesej:)

    Bukarski рече...

    Dobri kuli... mislam na ovaa, ajfelovata!