скоро:

    follow me on Twitter

    четврток, јуни 09, 2005

    USA Story 1

    Жештина, океан, плажа, огромни температури, вода, пепси продукти, огромни комарци, амјузмент паркови, водени паркови, голф, салати, картинг и фаст фуд е ин во ова туристичко место каде што се наоѓам. Колата е а маст хев. Планирате да отворите бизнис тука? Не плашете се - сигурно ќе ви успее но задолжително треба паркинг простор што е можно повеќе. Сакате ефтина работна сила? Викнете форин студенти или вработете средношколци поарно од тоа нема. Задолжително оделете неколку вечери во неделата за да и го посветите на вашето семејство и задолжително излезете некаде на вечера или однесете ги во соседниот град на некој добар фаст фуд или воден парк. Ако сте ептен многу убаво е да отидете на мини голф или да отидете во блискиот лулу`с. Терајте ги вашите деца да работат за да можат да станат одговорни уште од 14 година за нивниот самер брејк. Не им давајте да пушат и да пијат ако немаат 19 или 21 соодветно. Ако знаете дека некој што е помал од 19 или 21 пуши или пие кажете го на неговите родители. Не купувајте цигари и алкохол на никој под 19 и 21. Не движете се по хајвејс може да ве згази кола. Ставајте задолжително колан, не зборете на мобилен. Имајте мобилен и зборете бесплатно после 9 саат навечер од мобилен на мобилен и за 4 центи на минута преку ден. Имајте кола за себе си а и за секој од поблиското семејството. Имајте задолжително микробранова, огромен фрижидер со ноутс на него, перална и сушилна. (едното без друго не може). Купувајте во WalMart таму е се поевтино. Купувајте цигари на истото, алкохолни пијалоци во Liquor Store и задолжително носете ID - нема шанси да ви ги дадат инаку. Тркнете до Фајрвркс сторе за да купите јаки огнометчиња и ако ги палите палете ги преку ден навечер може да ви викнат полиција. Пушете трева - тука пуши се живо и диво. Никако не ги дискриминирајте црнците и тие се луѓе дискриминацијата се смета за апсурд. Почитувајте ги вашите претпоставени и кажувајте вицови што е можно повеќе. Социјализирајте се со сите, на тие што ги гледате често кажувајте задолжително хај и бај. Не спијте со малолетна под 16 години илегално е. Ако е 17 кажете на нејзините родители. Имате 23 години или повеќе? Забравете на 16, 17 годишни. Слушајте хип хоп особено ако сте црнец. Мислете на пари тоа е тоа што го врти светот. Не ви требаат куќи на неколку спрата доволно е еден спрат или повеќе. Ако имате да одвоите 10.000 $ годишно помогнете ги децата за факултет ако не прво нека си заработат. Преплатете се за печатено издание на Ју Ес Еј Тудеј или некој локален њус пејпер. Помогајте на луѓето и никогаш не качувајте во кола некој што не познавате. Не стопирајте и не се мотајте околу некој објект без да правите ништо - хич хајкинг и лоитеринг е забрането. Зборете на сленг.

    3 коментари:

    Shepard рече...
    Коментаров го отстрани администратор на блог.
    Shepard рече...

    А какво е сексуалното воспитување?! Или тоа у вториот дел :)

    Анонимен рече...

    That's the fucking American Live!!So live it and be happy,becouse not everybody can live it! :))

    Mnogu Pozdravi od Strumica (Blagoevgrad)