скоро:

    follow me on Twitter

    петок, јуни 03, 2005

    Културен Шок

    Без разлика на тоа колку знаев за Американската култура, Англискиот јазик како и нивната историја ме удри оној кулутрен шок затоа што се е различно од кај нас. Абсолутно се! Некои од работите се подобри некои се полоши. За да живееш во градот во кој што јас се наоѓам секогаш мораш да имаш кола (која јас ја немам) затоа што верувале или не нема пешачки премини и тротоари! Секој ресторант, секое место мора да си има паркинг место а некои за да се придвижат од една продавница до друга користат кола кое што ми беше многу чудно. Ако ме питате дали сум ги видел плажите на сликите подолу да ги видов и е неверојатно! Некои од местата се опустошени од минатогодишните урагани но повеќето се обновени. Фактот дека во Америка имало само дебели луѓе не е точен (иако постојат). Не знам зошто но тука се врти мода Бритни Спирсповеќето од девојчињата се руси и се обидуваат да изгледаат како неа. Не ретко не прашуваат зошто сме дошле тука, дали имаме плеј стејшн, компјутери, и се чудат кога ќе им кажеме дека имаме MTV, VH1... Повеќето се пријателски расположени, викаат хај се смеам кое мене некогаш ми изгледа лицемерие. До сега само еден од триесетина знаеше каде е Македонија повеќето од нив мислат дека е некаде во Русија или Африка кое мене страшно ме нервира. Најчесто јадат брза храна и се срушени сите стереотипи, предрасуди кои што ги имаме ние во Македонија ете преска видов баба таксист која сопира до бургер кинг и си порачува `Чикен он а стик`... Пред да стигнам во Миами слетав прво во Париз и верувале или не ме пуштија во Франција без ВИЗА! Кој вели дека ми треба виза за Франција? Бев до тур ефел, шанзелизе, гробот на Наполеон Бонапарта, Лувр... Ќе ставам слики на блогов овие денови. Кога излегов од аеродромот во Миами се шекнав од жештината како и 18 часовниот пат до Пенсакола, Флорида. Имавме десетина одмори и застанавме во неколку градови меѓу кои беше и Орландо каде претежно живеат црнци и не знам зошто ама ми беше малку непријатно. Зборуват малку лош дијалект кој тешко се разбира. Ај до скоро....

    3 коментари:

    Nuanda рече...

    Епа добреотиде-
    Кога стигна да ги збереш информацииве. Да не запишуваш нон-стоп додека си таму, ако продолжиш со ова темпо ќе мораш нов блог да отвараш.
    Е, сега кога си таму - неколку работи кои не смееш да ги пропштиш:

    1. Coockies - не во обични продавнци. Имаат мали продавници нешто како домашни слаткарници. Таму да си купиш чоколадирани.
    2. Малт шоп - нешто измеѓу сладолед и фрапе.
    3. Купи си кола. Нешто ефтино, америчко на крај ќе можеш да ја продадеш за слични пари.
    4. Сендвич - Њу Орлеанс - со црно лепче и маслинки - мора да седи цела ноќ во фрижидер обвиткан со најлон.
    5. Најди Индијанци распрашај се во околината. Тие ќе ти раскажат една поинаква слика за УСА.
    6. Сезоната завршува, но мораш некако да посетиш утакмица - НБА; Безбол, Фудбал, Хокеј - било што само да е од профи лига.
    7. Ако собереш пари на крај пут под ноги и во Њујорк - (за таму на е-маил ќе ти пишам)
    8. Компјутерите се бадијала, ако немаш Лап-топ купи си ефтин.
    9. Бројчето кое го доби - Социјалното чувај го како очи во глава - тоа ти е потребно за секаде.
    10. Уште неколку работи за кои ќе збориме по е-маил, не вака јавно:)

    Се најдобро

    Малечката принцеза рече...

    Еееее стигна веќе? Супер! Продолжи да ни раскажуваш за Америка и да ни ја рушиш сликата која ја имаме.
    Ајде убаво поминувај си. :)

    moby рече...

    tie premnogu debelite verojatno bile doma,pa zatoa ne si gi videl.