Точно на Дивижан стрит во Чикаго. Онаму каде што се пресечува со Кларк. Тој е црнец облечен со бела долга кошула, црни панталони. Некаде е во неговите четириесети години. Лицето му е пропаднато. Носи несредена брада. Тој е веројато луд. Вика преку целото време.
Влегува во автобус. Наеднаш сите го загледуваат и го слушаат неговиот глас.
“Казино ин Лас Вегас, брату. Казино. Сакам казино. О госпоѓо, господине сакам казино во Лас Вегас. Смачено ми е од Чикаго, смачено ми е. Госпоѓо не тргнувај од кај мене остани овде сакам да зборуваме.“
Госпоѓата си тргнува. Овој почнува да зборува на друг црнец на наредното седиште.
„Бро, за тебе има пат до белата куќа и не само за тебе и за мене. Ми требаат пари, ми треба казино во Лас Вегас. Ми требаат пари. Пари за кампања. Ќе станувам прецедател. Јас ќе сум првиот црнец кој што ќе е претседател. “
Станува. Почнува да се шета низ абтобусот и се фаќа за држачите. Разгледува.
“Јас ќе сум првиот црн претседател во Америка. Тој ќе сум. Знам дека ќе ме убијат белите. Јас сум за животот на црните. Сите треба да имаат работа, сите треба да работат. Казино во Лас Вегас, тоа е. Ќе ме уништат. Но ќе се борам. Ќе се борам до крај. Јас ќе сум поголем и од Мартин Лутер Кинг. Ќе сум. Ми требаат пари. Казино ин Лас Вегас“.
Продолжува да се шета по автобусот. Здогледува Полска двојка која се гледа вљубено. Се поздравува со нив.
„И за вас ќе има добро. Јас сум на пат кон белата куќа. Среќни луѓе сте вие. Момче, убава девојка имаш. Треба да се ожениш со неа. Да имате деца. Тие треба да се дел од Америка. Ние заедно ќе ја градиме оваа држава.“
Полската двојка се смее. За нив тој е лудак. Црниот продолжува по автобусот здогледува двајца мексиканци кои се обидуваат да не му обрнат внимание.
„О, браќа Мехикано. И вие ќе сте со нас. И вие сте со мене. За вас ќе има убави работи, нема да чистите, миете садови и вецеа. Вие ќе имате место во Сенатот, во Белата куќа.“
Продолжува да шета по автобусот и повторува неколку пати „Казино ин Лас Вегас.“
Седнува, се смирува за момент и се загледува во една точка во автобусот. Автобусот застанува. Влегува црна жена во нејзините 50-ти. Овој ја здогледува и се обраќа на цел глас:
„Кенјада!!!! Белата куќа. Казино во Лас Вегас. Ти што внукот ти умре во Ирак. Ми требаа пари за кампања. Јас ќе сум првиот црн претседател во Америка.
Автобусот застанува. Овој излегува. Се што се слуша е:
„Казино ин Лас Вегас“. Автобусот тргнува. Неговиот глас исчезнува. Автобусот наеднаш станува тих. Црниот имаше цел, тој имаше некоја гледна точка. Беше ли тој луд?
Нема коментари:
Објави коментар