скоро:

    follow me on Twitter

    среда, април 16, 2008

    Спрингфилд, Илинои, УСА патепис

    Не бев отишол никаде во внатрешноста на Илинои ако не се брои тоа што го поминав со ГрејХаунд кога се преместував во Чикаго од Алабама. Кога се качив на Амтрак и поминав околу час од мојот пат го имав чувството дека Илинои станува се по рурарел и рурален судејќи по пејсажите и луѓето кои се качуваат од стоповите кои ги правеше возот. Дослушувајќи го разговорот на луѓето околу мене тие и не се толку со отворени сваќања за луѓето по различни од нив.

    Кога стигнав на станицата на железничката имав чувство дека ја видов Америка пред околу триесетина години со одредени модернизации како селф-тикетинг киоск, автоматски машини за кафе, еј ти ем машини. Како и секаде по Америка ги видов браќата имигранти мексиканци со секогаш интересен изглед кој потсеќа на сапунските опери кои некогаш ги гледав во Македонија. Несредени бркчиња, закруглени главички и капички од ресторантите по кои работат. Зборејќи со моите познати таму разбрав дека повеќето од нив дошле во Америка преку пустините и 50% + од нивните примања ги праќаат дома по Мексико.



    Како возбуден турист разгледував наоколу и очекував да видам барем еден облакодер но таков немаше, се ме потсеќаше на предградијата на Чикаго. За мојот тридневен престој таму не чув ниту една полициска сирена и ниту една амбулантна кола која никако не е случај за Чикаго кои ги слушам на секои десетина минути - дури понекогаш ме будат од сон. Повеќето од луѓето во Спрингфилд (главен град на Илинои) работат владини работи и сите од нив си ја оствариле својата Американска мечта: еднокатни или двокатни куќички, позелени дворчиња, куче кои постојано те лае, две-три коли пред гаражата, еден кош и скара позади во дворот - таму каде што жената "нема" пристап. Тоа е машка работа.


    Најголемата и најубава зграда е она на Стејт Капитал и музејот на Абрахам Линколн; 16-тиот претседател на Америка. Тој е најдобриот музеј што сум го посетил, затоа што користеа технологија која што не сум ја видел досега. После музејот не можев да си дојдам при себе околу половина час. Имаше актери кои изчезнуваа на сцена се појавуваше духот на Абрахам Линколн, жена му, дури видов и рекреација / реанимација од цивилната војна. Имав чувство дека за момент отпатував во деветнаесетиот век. Од извори на музејот дознав дека се потрошени над билион долари за да се оствари сето тоа и да се изградат сите згради. Абрахам Линколн е голем дел од Американската историја тој е првиот претседател кој отворено не гледа смисол во робството, ги ослободува сите робови, ја води цивилната војна преку која неверојатно остарува и како последица на сето тоа бива убиен додека гледа престава во театар. Не можев да сликам повеќе ми рекоа дека е забрането да се слика во музејот.



    Спринфилд е дестинација за луѓе кои имаат желба да научат повеќе за американската историја затоа што тука пораснал и ја почнал политичката кариера еден од најголемите претседатели на Америка.