скоро:

    follow me on Twitter

    понеделник, октомври 02, 2006

    02 Октомври 2006

    Поради немање на време и замарање со милион глупости во последно време мојот пост ќе го сумирам во неколку поточки кои би требало да бидат многу поголеми постови.

    1. Во Чикаго се случи нов наплив на имигранти (студенти) кои после патувачка виза решиле да се преместат во Чикаго каде на оние кои јас ги познавам мојот стан им е место за времен престој. :)

    2. Чикаго е премногу тажен и депресивен во последниот период. Чести дождови, грмотевици, паѓање на лисја. Целиот спектар го дополнува џезот на црнецот кој што свири на постојката до мојата зграда.

    3. Веќе година и неколку месеца сум имигрант и разбрав дека за да можеш да комуницираш 100 % со американците треба да си 100 % лицемер и 100 % дипломат, кое не велам дека е е лошо.

    4. Не сум имал слободен викенд веќе половина година и не можам да излезам во Чикаго.

    5. Ролинг Стоунс ќе свират во Чикаго наредниот викенд ако го земам слободен ќе отидам.

    6. Ќе најдам повеќе време за блогов.

    2 коментари:

    Бајкобиограф рече...

    Ајде, ајде - расположи се!
    Немој вака депресивно да звучиш...

    :)

    Ivica рече...

    За првата точка :)
    И јас сум македонец кој планира летното патување да го заврши некаде во Чикаго. Што мислиш за тоа. некаков совет, се наоѓа работа така "на црно" или да се пакувам за мк.
    Баш ме интересира подолгата верзија на првата точка :)
    Поздрав
    Ивица