скоро:

    follow me on Twitter

    вторник, март 18, 2008

    Нешто за американската мечта

    Секој од вас знае за некого што е во Америка.... И вие сите сте чуле колку им е убаво на нив во Америка... Најчесто нашите имигранти кога ќе се вратат на балканите си доаѓаат со неверојатни стории за тоа колку се успешни, колку пари земаат, какви куќи имаат и колку коли имаат. Многу од нив не се толку успешни какви што велат дека се.

    Постои таква тенденција македонците, бугарите и србите да се групираат заради блискиот балкански интелект. Многу често меѓу тие групи има борба за престиж, оговарање. Абе... балканот на мало.

    Секој се обидува да ја најде американската мечта на свој начин. Мојата бивша цимерка се ожени со романец и има дете, живее во еднособен стан и има документи. Друга моја бивша цимерка се пресели на остров во западна Америка и не сака да мрдне од таму. Мој братучед се ожени за Американка. Мој пријател Бугарин работи како стриптизер во еден клуб. Друг живее со девојка му во Њујорк. Трети имигрираа во Канада на основа на сексуална ориентацја. Некои се вратија по балканите. А овој заглави во затвор во Флорида затоа што решил да работи како платен убиец. Некои од пријателите ми се успешни брокери, доктори, заболекари. Некои од нив се обидиле да ја најдат американската мечта преку дилање на дрога, проституција, крадење...

    А Американската мечта е:

    `having the belief and the freedom that allows all citizens and residents to achieve their goals in life through hard work in the United States of America.`

    И тоа многу хард work. :)

    4 коментари:

    Анонимен рече...

    Ima edna amerikanska pogovorka:
    "Work hard and be happy"

    Анонимен рече...

    Бобане, абе ти за твоята американска мечта нищо не каза ;-) стриптизьор, гей, наемен убиец — интересни тълкувания на мечтата.

    GoodBytes рече...

    Сонот е да ги оствариш целите БЕЗ работа (на пример, да имаш капитал кој ќе ти создава капитал). Тој хак „со тешка работа“ е токму за wannabe успешните: тие од стилворко, од клининг компанито и слично. Такво е мнозинството.

    Анонимен рече...

    Тъп въпрос от българин:
    какво е "цимерка"?