скоро:

    follow me on Twitter

    среда, јануари 04, 2006

    Приказна за мојата лична храброст

    Од ко се случи... Не сакав да зборам а уште помалку да пишувам за тоа јас како го доживеав ураганот Катерина. Колку целата ситуација ми беше возбудлива толку повеќе ми беше потискашта. Ме печеше и ме убиваше. Но ме хранеше и ме правеше посилен. Барем се чувствував горд дека доживувам нешто кое ретко се доживува во животот. Се ми изгледаше обркано и не можев да се начудам на спокојството кое го имаше мојот менаџер Карлос и кoj како од пушка ни рече:

    "Категорија 1 - остануваме тука и не правиме ништо во паркот. Категорија 2,3 ќе собереме се и ќе останеме дома. Категорија 4 ќе го напуштиме Галф Шорес, Категорија 5 - подобро да ја напуштиме планетата."

    На овие решеници останав без зборови. Бев нем, бев глув. Не гледав. Не знаев ни што да очекувам. Се што успеав да чујам е:

    "Земете си ги пасошите и визити и облека за неколку дена. Колку што можете повеќе вода и јадење. Утре во 9 ќе ве евакуираме."


    Еумфорија....

    Сите се впуштија во пакување и купување а јас седнав на најблискиот тротоари запалив цигара. Размислував како одеднаш станува КРАЈ. Како одеднаш денот се претвора во бура. Како нешто кое што е плод на човековаат пот одеднаш може да се разруши во временски период од неколку дена. Размислував и за моите (не) религиозни сфаќања во врска со оваа ситуација и во смисолот на постоењето на сите природни катастрофи. Одеднаш Американските филмови за мене станаа реалност. Истата вежер не можев да заспијам а уште помалку мислев да и се јавам на моите. Најмалку сакав некој медиум да каже нешто за ураганот и се м олев на Госпотд новинарите да останат глуви на тоа.

    Размислував...

    Не спиев нитуа една минута пожнав да се пакувам. Си ги зедов песните, цд-еата, албумите, некои алишта, вода и конзерви. Другото го спакував и го оставив на највисокиот рафт во куката во која живееа уште 10-тина со мене. Не можев да г гледам нивните лица. Во некои од нив видов солзи, во некои од нив видов храброст. Оние кои не сакаа да се евакуираат ги видов како се снабдуваат со огромни количества со алкохол. Предвидуваа поплави и се надевав дека ништо нема да им се слуши. Се каравме а тие не сакаа да останат.

    Не евакуираа. 9:00 наутро. Колите се дзивеа само во една насока. Се дзижевме со 5 милји на час. Дури и побавно. Стигнавме до бункерот кој беше едно основно училиште во Пенсакола, Флорида. Влегов внатре и веднаш ги забележав креациите на 7 годишните деца. Се пријавивме и ни рекоа дека ќе ни помогнат коку можат. Ни обеќаа јадење и ќебиња. За вреќи за спиење требаше да се снајдеме. Тоа и небеше толку важно сега. Важно ни беше сето ова да помине. Големата сала беше еден кошаркарски терен кој се претвори во место во кое ќего поминат наредните неколку денови 100, 150, 200 и на крај 900 луге. Салате се полнеше. Еркондишаните работеа. Ладно ми беше.



    Во салата имаше три телевизора на два од кои го прикажуваа Weather Channel а на другиот ја пуштаа Pocahontas за даги занимаваат децата. Не знаев каде да одам, не знаев што да следам. Спроти мене го забележав плашот на една девојка која силно го прегрнуваше нејзиниот дечко. Ова требаше да и бидепрва брачна ноќ вака најмалку си ја замислуваше.Денес требаше да е нивната свадба а се пропадна. Може ќе немаше каде да живеат после. Може ќе требаше да градат се од ново и пак нивните родители да теглат кредити а само 19 годишни се. Плачеа и се прегрнуваа. Не можев да ги гледам. Не мозев да гледам никого. Ниту старецот кој безспомошно седеше отспротива ниту групата 15 годишни деца кои флертуваа помегусебе, ниту 9-годишното девојче кое се ѕвереше во мене, ниту пак едно момче кое зборуваше 5 јазика. Тогаш си реков:

    "Боже, Зарем може да дојде крај на сето ова?"



    Дојде ноќта. Ги затворија вратите. Не јадев, немав апетит. Спиев. Не знам како иако го осеќав студениот под под мене и ладниот воздух кој го дишев. Спиев и се тресев. Преку ноќта осетив како некоја девојка облечена во бело ме покрива. Спиев и сонував. Ја сонував Македонија тогаш. Се осеќав сигурно.Ја осеќав топлината на девојката која спиеше до мене. Знаев дека ова нема да е крај на ништо. Знаев дека ова е само почеток. Знаев дека Добри ќе успее да ја види девојката во септември. Верував дека Маја ќе се врати во Бугарија. Верував дека Милена пак ќе може да игра одбојка а Ема пак да доживува авантури. Верував дека се е возможно.

    Се разбудив и веќе даваа доручек. Се нареди колона од 300 луге. Ги ограничија пијалоците на едно шише на човек. Ја делеа храната рамномерно и им се викаше на оние кои се обидуваа да земат повеќе парчиња леб или салама.



    Не не пуштаа да излеземе надвор. Не даваа да се пуши. Не даваада се пие вода од чешма. Се водеа болните во друг бункер. Неизвестноста од тоа што моче да им се случи н амоите пријатели ме потискаше. Морав да направам нешто. Со караници не успеав да ги извадам од таму - но сега од далеку ќе успеам.

    Отидов до шерифот и му реков:

    " Господине моите пријатели се во Галф Шорес, во куќа се, искарајте ги отаму. Морате да ги извадите."

    Тој се согласи и ми реше дека ја предал порака и дека не знае што ќе се случи. Не знаеше ни дали ке ги извадат. Не моќевме да ги добиеме по телефон. Сите линии беа исклучени.

    Заспав а не знам како. Се разбудив и ни рекоа дека ураганот заминал. Не разбрав дали Галф Шорес е во ред. Не знаев што е со моите пријатели. Ги гушкав другите пријатеи што беа со мене. Тие ми беа се во моментот.

    Дојде шерифот и ни кажа дека Галф Шорес е во ред. Нашите пријатели се во ред. Она што му се служило на Галф Шорес е само поплава и не стигнало до нашата куќа. Се успокоив. Спиев, ама оваа вечер спиев. Ништo не ми сметаше. Ниту ладниот под, ниту ладните еркондишани. Ништо.

    Се вратив во Гaлф Шорес. Се беше жолто од солта на водата. Губре на секаде. Песок на секаде. Немаше никој. Лугето ги чистеа и ги отковуваа даските на прозорците.



    Почнав да се потам, не можев да верувам колку е се ужасно. Се чувствував длабоко уморен. Си реков:

    "Ова не сакам никогаш да ми се случи повеkе. Ова е моја лична храброст".

    И тогаш, тогаш разбрав за Њy Орлеанс.

    2 коментари:

    Shepard рече...

    кул

    Ania рече...

    i toa ti e situacija od tipot " kukata na cnn mi ja ima", bosh situacija
    ajt sega neshto poveselo en dva tri, new orleans, kazuvaat, pred huraganot bilo mnogu super mesto