скоро:

    follow me on Twitter

    понеделник, јануари 16, 2006

    Сонувам - расизмот не вреди


    "Сонувам некој ден да можам да ги видам малите црни момчиња и девојчиња да се држат за раце белите момчиња и девојчиња како да се браќа и сестри" - Мартин Лутер Кинг - Џуниор

    Денеска сакав да испратам еден пакет до моите до Македонија но ништо не испада - банките затворени. Ајде назад. Отидов до банка пак истотото - пак затворено. Не можев да сфатам да не е случајно некој празник? - си реков. Google беше тука и ми ја задоволи страста за знаење. Денеска е денот наМартин Лутер Кинг Јр.

    Немате престава колку пати се навраќам на речениците кои што ги изрекол Мартин Лутер Кинг и многу често ми се инспирација. Која мудрост ја имал тој човек. Еден од најдобрите политичари кои Америка ги имала.

    Од моето видување тука можам да кажам дека афроамериканците (колку политички коректно се изразувам а?) се целосно интегрирани во општеството. Мали дози на расизам уште може да се видат. Се уште постои она нешто од типот:

    "Црн е, како можеш да одиш со него" и обратно. Врските мегу црни - бели се уште не се пречекуваат со раширени раце. Има тенденција на групирање и живеење во оделни населби во Чиkаго.

    Многу често зборуваат на Ибоникс и ми создаваат проблеми да ги разберам. Како и да е ги
    почитувам и моите пријатели црни се дел од мене тука.

    Оние пак, кои проблемот бели-црни си го земаат премногу длабоко ги мразат "белите". Не сакаат да зборат за бели. Убиваат бели. Бели биле само Американците. Јас не сум бил бел. Јас сум бил Македонец.

    Не беа вреди они работи кои се слушувале порано, не е вреден никаков расизам.

    Клик тука, тука и мора да го видите Фото Есејот на Тиме за Мартин Лутер Кинг.

    И не сите црни слушаат хип хоп музика.

    Ма каков 2Pac, 50Cent бе.

    2 коментари:

    Viki рече...

    AKo mozi samo da dodadam nesto...
    Toj bil i eden od najdobrite i najpoznatite retorichari i drzel mnogu govori, od koj eden negov najpoznat quote e "I have a dream"
    Posto jas Bobi sum mnogu navlezena vo retorikata sega posledno vreme i ucam takvi raboti.
    Tolku
    Ve saka Bitolcankata

    Teko рече...

    >Има тенденција на групирање и >живеење во оделни населби во >Чиkаго

    Точно, ова е за поздравување, но далеку е од нормално живеење.
    Постојат области во Чикаго каде што белец баш и неможе да се шета така слободо. I am talking about South Side ....
    You don't belong here ... може да слушнеш ...
    Секоја чест за Dr. Martin Luther King, Jr, но како и да е расната поделенсот се осеќа ... помалку или повеќе, на овој или оној начин.

    Како и да е голем РЕСПЕКТ кон ликот и делото на Мартин Лутер Кинг

    Поздрав,