Мрaзам да зборувам за моите фрустрации. Уште помалку сакам да мислам на нив.
Да, и терам се у пичку мајчину. Од почеток до крај. Не сум наивен, уште помалку спокоен. Ми гори душата. Но ставам маски. Како што сите ние правиме. Како што и ти правиш.
Лугето во мене го гледаат насмеаниот, ненадразливиот Bob (ех, да можам да ви го изговорам ова сега) Bobby.
Тие: Do you ever get mad?
Јас: Да, и терам се у пичку мајчину.
Особено во оние денови кога по утрото денот се познава. Утрешна смена во Starbucks.
4:00ам - can you believe it?
Немам пари на транспортната карта. Мојот Touch'n'go не работи сега. Ниту Touch, ниту go. Треба да изгубам 5 минути за да можам да ставам дваесет долари на неа. Blue LIne то 54/Cermak касни а надвор крв капе. Се смрзнувам.
Опсс....
No smoking area! Не можам да запалам цигара. Палам. Што ме гајле. Кој Ќе ме казни во четири часот наутро. 5:00 ам - ете го супервајзорот, не спиен, пијан од мината вечер и нерасположен за муабет. Нема везе - кој го ебе.
5:30 ам, кафе продавницата отвара. Влегува муштерија. Си го кустомизира пијалокот на илјада можни начини и ми прави муабет за американски фудбал и безбол на кои и правилата не им ги знам.
Бизи е. Јас се шекнувам на барот. Ги гледам колокнките од чашки за кафиња кои треба да ги направам. Јас се смеам. Нема везе. Ама внатре...
11:00ам - јас сум дома. По патот илјада црни и бездомници ме прашале за ченџе и цигара. Тврд ми е креветот. Собата ми е лудница. Алишта на секаде. Уморен сум да ги дигам. Цимерките ќе викаат. Не ме е гајле.
Погледнувам низ прозорецот. Ми свири Енигма. Ја гледам гладата отспротива која изгледа како некоја балканска фабрика од 40-тите години во која се произведуваат мозоци кои мислат на еден ист начин.
Спијам.
2:30пм - Станувам да проверам пошта. Тиме-от ми го нема. Некој пак ми го украл. Комштијата. Тоа е, ќе инсталирам камери.
3:30пм. Јас сум веќе костумисам. Туксидо кошула, машна - море келнер сум, чикен квортерс дарк ор вајт мит, печена пастрмка, салатка, тое е. Дајнинг експириенс. Не ме интересира. Трчаш ко коњ. Па уште ако не и се допага нешто ти викаат ко ти да си го правел.
8:15 пм - Гледам schedule за next week.... Немам day off.
8:45пм - дома сум. Цимерката ме тера да одиме во еден западнат американски бар во кој мора да и оставам голем тип на келнерката. Нејзиниот мексиканско - американски акцент ме убива.
Треба да почнам да одам на факултет. 6-ти февруари.
Останувам дома. 5 души влегуваат.
Тоа е. Ти иде се да отераш у пичку мајчину.
2 коментари:
А мораш да трпиш ...
Јеби га, тоа ти е Америкава. А и ако отераш некој у пичку матер на Македонски, не си сигурен дали е некој Македонец, Србин, Хрват, пошто Chicago врие од "наши луѓе" кои одма ќе се потрудат несебично да ти помогнат, а за возврат да бараат десетпати повеќе .... ма и мене ми иде понекогаш да отерам се у пичку матер, ама трпам ... но незнам до кога :-)
moze treba da se vratite u makedonija. poubavo e.....
Објави коментар