-----Original Message-----
From: Zagor TeNej
To: Me
Date: Jan 4, 2006 1:50 AM
Subject: [Озборувач] 1/04/2006 09:49:37 AM
кулирај брат ти таму , мене исто така овде ми е океј. Тебе те понела славата америчка
-----Original Answer------
From:Me
To: Zagor TeNej
Date: Jan 4, 2006 2:07 PM
Subject: Odgovor
За тоа што сум овде не се осеќам славен ниту малку. Ниту се чувствувам како славен. Блогер сум ги пишувам работите како што ги доживувам. Да бев во Индија пак ќе пишував, да бев времено во Албанија пак ќе пишував, да бев во Бангладеш би го направил истото.Јас не се фалам со тоа што сум сега во УСА. Јас не ги наогам парите на земја, не живеам богато тука - работам некогаш и по цел ден, дури и на празници, плаќам сметки - струја, телефон, гас и не можам да си дозволам се. Немам кола затоа што не можам да си ја дозволам. Немам лаптоп затоа што не можам да си го дозволам. Не јадам секој ден во ресторани, не се расфрлувам и се обидувам да штедам. Веројатно истото би го правел во Македонија.
И не се жалам.
Ми се смачи од некои луге, не ти Загор ТеНеј кои мислат дека тоа што сум во УСА ме прави успешен или моето присуство тука ме прави лигав. Не можам да ги поднесам некои од моите роднини што очекуваат јас да сум печалбар и да испраќам илијадници долари дома. За да може да има маалски муабети од типот: "Види синот од Америка им испраќа пари. Овие имаат пари. Ги направи луге."
Јас си имам свој живот. Јас не сум печалбар.
1 коментар:
токму то сакав да го слушнам бе Моби ,Требаше само малку подлабоко да го анализираш мојот коментар:
"Те понела славата Америчка"
Јас конкретно мислев на ова ,на твојот одговор
"Јас не ги наогам парите на земја, не живеам богато тука - работам некогаш и по цел ден, дури и на празници, плаќам сметки - струја, телефон, гас и не можам да си дозволам се. Немам кола затоа што не можам да си ја дозволам. Немам лаптоп затоа што не можам да си го дозволам. Не јадам секој ден во ресторани, не се расфрлувам и се обидувам да штедам. Веројатно истото (НЕ) би го правел во Македонија."
Треба да се запрашаш дали навистина истото би го правел и во Македонија.Кога че се вратиш назад тогаш че можиш да ги вагаш работите и од оваа страна,сега ги вагаш само со Американскиот сон.
Во тоА Е Америчката слава во чувството на гордост,чест,достоинство кое тие толку упорно сакаат да го извезуваат како ексклузивни застапници.
Америка толку е материјализирана шо ако останиш таму толку че почниш да зависиш од тој систем шо на крајот се че сториш за да го заштитиш,зато шо системот е тој шо те храни -МАТРИКСОТ .Исклучи ја матрицата кога че се вратиш и те молам пиши ми дали сум во бил во право или не.
Можи да Те смета лигав само оној кој никогаш не бил ни до Скопје.
Објави коментар