скоро:

    follow me on Twitter

    сабота, април 30, 2005

    Штип - Лулко на Демократијата!




    Не можејќи да се начудам на абсурдноста на славењето на 1 ви Мај од страна на граѓаните на нашава држава со скара и пиво изгубив надеж дека некој ќе протестира. И замислете се случи во Штип. Не можев да верувам! О ти - Штип лулко на демократијата! Браво! Клик тука за цела сторија.

    Само вас гледам - Мајку вам божју

    Сабајлево кога дојдов во Интернет кафево на фрижидерот со пијалиците ја видов сликава со Тито:


    Која веднаш ме потсети на она што го велеше дедо ми “Ех Тито да беше да видеше ова“ надевајќи се дека Тито секој момент ќе воскресне.
    - Што би направил Тито да знаеше дека во Македонија има 400.000 невработени? - праша дедо ми.
    - Па веројатно ќе гледаше прво за Србија, Хрватска, Словенија, Босна па дури после за Македонија - Македонија и во Југославија беше последна дупка на гајдата. - реков јас
    А тој збунето ми одговори:
    - Е не беше баш така.

    петок, април 29, 2005

    Некој се тресе

    Јас разбирам дека Велигден е основата на човечковата вера, разбирам дека Велигден е основата на христијанската догма. Ја разбирам и верата во воскреснувањето за еден поубав свет. Но не го разбирам 1 ви и 2 ри Мај како ден на трудот во кој орле зорле се јаде скара и се пие пиво и се качува на килограми. Не можам да ги гледам се истиот филм кој МТВ го дава за Велигден, како и не можам да разберам зошто локалниве телевизии во Штип ја пуштаат приказната за Мојсеј за Велигден?



    Од секогаш сум се двоумел и сум се чудел за тоа колку сум религиозен но сум толку колку да ги спазувам обичаите и да се се осеќам убаво на денот. Некои од обичаите на другите празници не можам да ги разберам од причина што не гледам смисол во нив. За Велигден сум чул и сум прочитал илијадници легенди а оваа е едната од нив. Како демек Исус сам си ја претскажува својата смрт како и своето воскреснување. Кога на третиот ден Марија со други жени отишле до гробницата на Исус да го намачкаат телото со некакви масла (да го мачкаат со масло?!?) ја нашле гробницата празна . Мајка му всушност го видела него прв и прва отишла да ја раширува радостната вест. Како демек стигнала до Рим во дворецот на отец Тибериј и како по обичај требало да носи нешто кога му иделе на гости. Пошто Марија немала ништо земала едно јајце и му рекла на императорот `Христос Воскресе`. Тој не поверувал и рекол `Како може некој да воскресне исто како што не може ова јајце да стане црвено`. И одеднаш пред неговите очи јајцето кое што го носела Марија станала црвено. И оттогаш сите почанале да вапцуваат црвени јајца. И уште еден куп вакви приказки. Море остај ова се е во ред ќе мине и ќе помине но не можам да ја разберам прво мајската треска и не можам да разберам зошто ние баш вака го празнуваме 1-ви и 2-ри Мај. Некои демек викаат се одело на пинкник 1ви Мај некои па демек викаат се одело на пикник 2 ри Мај. Не можам да ги трпам оние долги правења на списоци за два дена па некој со некој задолжително се скарува па требало да се купат 100 кебапи, 30 колбаси па не знам не биле доволно 30 колбаси требало повеќе па требало 3 а не две гајби на пиво. А што е најважно најмногу се караат за цената. Како 500 денари биле малку па 700 биле многу па не знам што и не знам како. Одиш таму се изморуваш 2 дена и се враќаш дома целиот полн со прашина па дури и изгорен :). Се мислев дали да одам некаде овој Мај ми се седеше дома не ми се одеше никаде но се зачудив што би правел попродуктивно два дена? И јас станав дел од овците (читај незадоволните и стечајците) кои полнат стомаци и се ѓолат со пиво наместо да протестираат на 1 ви Мај. Овој пост ќе го завршам со песничка која едно циганче ја испеа пред некоја година обраќајки се кон мајка ми:


    Тетке чесито ти јајцето дај ми едно Велигден.


    четврток, април 28, 2005

    Избришан Пост

    Од ко потрошив 40 минути на мојот пост Back in Macedonia 2 снема струја во Интернет кафево и целиот пост се избриша. Се изнервирав и не можев да го пишувам веќе. Го дигнав целово Интернет кафе, а администраторот ме гледаше со чудење. Back in Macedonia 2 нема да има. Сега подготвувам нешто ново.



    среда, април 27, 2005

    Back in Macedonia

    Се вратив во Македонија. Осум часовниот пат од Пловдив до Штип ми стана толку безинтересено па дури и веќе дури не обрнувам внимание и не се задлабочувам за нештата кои ги гледам. За да ми биде поинтересно и за да ја разбудам нештото во мене кое ме копка да гледам нови нешта и да ги гледам нештата кои се вредни неколку пати да ги видам решив да ја сменам мојата маршрута до Штип овој пат. Пловдив - Штип виа Благоевград, Дупница, Сандански, Петрич, Струмица и Радовиш. Не спиен цела ноќ се качив во утринскиот автобус до Благоевград. Еве како изгледаше мојата маршрута (грубо нацртано)



    Не знам дали го нацртав како што треба (го цртав во паинт) во Нет кафево немам никаков софтвер). Изглегуваме од Пловдив и веднаш се запатуваме кон Пазарџик пред да минеме низ Родопските планини за да стигнеме во Благоевград. Од тоа што успеав да го видам одАвтобусот и не ми остави некој голем впечаток барем оние места низ кои шт минав многу ме потсеќаа на Пловдив во смисол како места за брзо јадење како пример 2 парчиња пица за 1.50 лева, два дјунера за еден лев (што е дјунер во некој нареден пост) тргнавме кон Родопите. Не успеав да видам ништо ниту да уживам во убавините затоа што не бев се осетил кога заспав. Осетив само како неколку баби и еден дедо седнаа до слободното место до мене кои ме разбудуваа за да прашале дали било слободно местото до мене. Кога се симнав во Благоевград (имам и слики ќе ги постирам кога ќе се вратам во Пловдив) од ко се симнав веднаш го осетив блискиот акцент до нашиот јазик кој многу личи на Делчевскиот. Она типичното `шо` и типчо продолжување на самогласката. Благоевград многу ме потсеќа на некое село барем првиот впечаток од него ми беше таков кога отидов прв пат таму пред 6 години. Таксиња испоредени насекаде кои ги чекаат своите жртви странци за да можат да им украдат некој лев повеќе. Не знам зошто но веднаш познаа дека не сум тука (веројатно поради мојот дватонски багаж) и ме прашуваа дали сум сакал такси. Моето категорично не ги разубеди и веќе не доаѓање никој да ме праша. Багажот ме спречуваше да можам да прошетам низ Пловдив и седнав на Автобуска додека го чекав автобусот кој требаше да ме однесе до Струмичката граница. Од ко дискретно се изнагледав на убави и на неубави лица додека чекав во Благоевград си купив 24 часа(бугарски дневен весник) за да прочитам нешто за вчерашното потпишување на договорот на Бугарија со Европската унија. Се славеше на велико во Бугарија па така и во на плоштадот во Пловдив имаше манифестација. Пееја неколку рок групи а и го видов Ники К`нчев (водителот на бугарскиот Милионер) кој беше водител на манифестацијата. Од време на време се прекинуваше манифестацијата и се пушташе огромниот видео бим кога се потпишуваше, потоа за време на прес конференцијата и.т.н. На лицата на луѓето можеше да видиш скептични фаци кои со недоверба го гледаа потпишувањето верувајќи дека ова нема за ништо да го промени нивниот живот. Ми истече времето... Ќе продолжам утре.

    недела, април 24, 2005

    Македонско vs. Бугарско кафе

    Не постои Македонско или Бугарско кафе. Барем такво не расте. И двете држави го увезуваат од некаде. Она на кое што сакам да обрнам внимание е начинот на кој што се прави т.е. уметноста на правењето на кафето. Отпривин кога дојдов во Бугарија им се чудев на луѓето како и на Македонците што се погорна година од мене како можеа да го пијат тоа кафе. Не само што има чуден вкус туку плус го ставаат во пластични чашки и плус го има насекаде. Насекаде!! Насекаде ќе најдеш натиписи со „Кафе, Цигари“, во секој квартал ги има и се доста профитабилни. Толку многу дуќанчиња за кафе нема кај нас - мислам и воопшто нема. Видот на кафето е експресо и го ставаат најчесто во пластична чаша освен ако не отидеш во некој кафич.


    Мислите дека дуќањчињата имаат место за седење? Повеќето не или се полни, или се премали - најдобро е едноставно ќе го земеш кафето ќе застанеш пред продавница и ќе го испиеш - многу луѓе го прават тоа. Од ко направив муабет со една моја пријателка бугарка и ја прашав зошто толку многу дуќанчиња има за кафе таа прво ми се исмеа и ме праша како сум можек да поставувам такви прашања а после ми одговори како демек тоа било основното на повеќето возрасни тука цигари и кафе. Е и богами е основното особено наутро од кога ќе го испиеш првото кафе задолжително трчаш на кај WC.

    Се служат две видови: обично и долго кафе. Долгото кафе е со повеќе вода и се прави 5 секунди повеќе. Кога дојдов тука мислев дека долгото е поскапо од обичното но цената му е иста. За дополнително задоволство можеш да си земеш сметана - сува или течна т.е. крем кој го ублажува и му дава вкус на кафето. Ако на некој начин се обидеш да направиш бугарско кафе на македонски начин нема да ти успее. Нема да има кајмак, нема да има доволно талог и што е најстрашно ќе го нема оној вкус на кој си навикнат. Тука кога прават кафе дома го извриваат кајмакот. Причината што насекаде има дуќанчиња кои што прават кафе веројатно е тоа што многу одамна тоа испаднало во мода такви дуќанчиња, па ајде сите отвориле. Дури некаде можеш да видиш светлечки реклами КАФЕ. Другарката ми одговори на ова прашање дека всушност местото на кое што пишува „КАФЕ“ значи не само дека се служи кафе туку значи и место на кое што можеш да седнеш и да потрошиш некој дополнителен лев. Кафето е стварно ефтино околу 10 денари 30 мл со бесплатно шеќер колку сакаш освен на бензинските каде што првите две ти се бесплатни и секое дополнително шеќерче се наплаќа по 1.5 денар (претворено во македонски пари). Е тоа ми беше најмногу чудно а исто и оние дуќанчиња каде што нема шеќерчиња и мора да се ставаш со лажичка се со цел да заштедат на шеќер. Повеќето од таквите барчиња се селф сервис т.е. сам си земаш кафе, седнуваш, го пиеш и го фрлаш во канта за ѓубре. Да го купиш од продавница цело пакетче е малку поскапо отколку кај нас. Околу 40 денари 100 грама. Понекогаш на нашите бугарски пријатели им вариме македонско кафе и на повеќето од нив им се свиѓа па дури и си порачуваат да им донесеме од Македонија и да ги научиме како се прави. И ние како „верни“ на традицијата им покажуваме и се гордеме дека нешто им се допаѓа што ние сме донеле и конзумираме нешто поубаво. Но сега веќе е различно и јас научив да го пијам нивното кафе и ми се допаѓа како мириса, какво е на вкус. Дури и си купив „кафеварка“ специјално џезве кое може да се користи само за кафе. Кога ме мрзи да си правам тркнувам доле до машината во интернатот и се помалку од 15 секунди имам кафе. Порано го пиев со неколку цигари но сега без од кога ги откажав цигарите (тоа е друга приказна). Како и да е уживањето е исто. Ти станува зараза нешто без кое што не можеш да се разбудиш како човек наутро кое важи најмногу за другарка ми која не станува од кревет без да испие кафе, а особено обожава да и го донесат до кревет наутро. Кафето е начин на социјализација тука а исто и кај нас. И не ретко некој може да те покани на “кафе“. Кога те поканува не значи дека треба да пиеш кафе туку може и се друго. Кога викаш некој на кафе викаш на муабет а и заради некоја цел особено кога викаш женско :) И обично кога некој маж го прави тоа значи и тоа тој да го плати без разлика што девојката ќе “се понуди“ да си го плати. Кафето е еден вид на уживање, еден вид за одих. Темава ме натера да погуглам за да дознаам нешто за кафето. Прво било пронајдено во Северна Африка односно денешна Етиопија. Од Етиопија биле транспортирани на Арабискиот Полуостров каде за прв пат било обработено во денешната област Јемен. Оттаму било однесено во Турција каде што за прв пат било испечено на жив оган. Испечените парчиња биле здробени и ставани во вода правејќи груба верзија на она што ние денеска го пиеме. Во Европа стигнало преку трговците од Венеција и како сите други работи и ова нешто било очекувано да биде забрането од Папата. Но папата го одобрил и го прогласил за вистински “христијански“ пијалок. Денеска најмногу кафе се произведува во Бразил правеќи индусрија која вработува повеќе од 5 милиони луѓе. Кафето може да биде многу полезно ја намалкува можноста за депресија, можност за срцев удар, можност за заболување од рак на дебелото црево. Уште вистина да беше.

    Ми отиде IQ-то :(

    Според истражување на Лондонскиот Универзитет оние кои што се во било каков контакт со чатот, одговарањето на телефони и пишувањето и проверувањето на e-мeилови губат од својата интелигенција многу повеќе за разлика од оние кои што пушат марихуана. На 80 луѓе и била дадена задача да четуваат и проверуваат е-маилови и потоа им било проверено IQ-то. Правејќи ја таа задача нивниот коефициент на интелигенција се намалувал за 10 единици.

    Пушењето на марихуана и хашиш за разлика пак го намалува коефициентот на интелигенција за 4 единици според други истражувања. Научниците велат дека е тешко за мозокот да работи неколку работи одеднаш. Со постојано проверување на инбоксот мозокот се наоѓа во состојба на внимателност а со тоа пак ја повредува способноста да се концентрира. Не знам дали е оваа некоја американска или англиска глупост но ако е вистина ептен сум се заебал. Овој месец се скапав од чатење, испраќање на пораки и емаилови - сигурно сум испратил над 500. Готово го оставам компјутерот поарно ќе пушам џоинт. Го мотам веќе, сака некој? :)

    Патентизација - штета или полза?

    Законите за авторски права ги штитат авторите. За разлика од нив патентите се долгогодишен абсолутен монопол кои што го делегираат владите ограничувајќи го распространувањето на фундаментални идеи. Патентите се исклучително моќно оружје против сите нас а најмногу против нашата човешка креативност.


    Пред многу години секој истражувач е требало да ги чува своите откритија во длабока тајна за да не може идеите му да бидат открадени или пак експлоатирани од други. Многу од откритијата останували без широко распространување затоа што единиствениот пат да стигнат до општеството е бил само со директен контакт со истражувачот. Некои откритија исчезнувале по смртта на авторите, некое не биле воопшто реализирани на практика заради неможноста тоа да се случи со напорите на еден или неколку луѓе. Понекогаш едни те исти работи се били „откривани“ во различни места по различно време. А понекогаш во еден и исто момент, кое што често било повод за спорови и скандали кој всушност го е направил прв и на на кој светот му должи слава и благодарност.

    Со развитокот на општеството ни е било логично да се појави некаков инструмент кој правно ќе ги заштитува тие откритија така да авторите ќе можат слободно да ги публикуваат, продаваат или обновуваат без да се плашат дека некој ќе ја украде нивната идеја. Патентот е таков инструмент. Тој се стреми да му подпомогне на оригиналниот отркивач преку државно признание му делигира абсолутни монополни права врз неговата идеја за неколку години, например дваесет, после кои откритието станува општествено достапно. Патент се дава на оној кој ќе испрати во некоја патентна канцеларија опис на откритието и ако после проверката патентната комисија утврди дека тоа е навистина ново откритие ќе му даде патент. Сите новоиздадени патенти се публикуваат во публични регистри.

    Ви звучи се во ред нели? До тука е се во ред. Но што всушност се случува на практика? Споровите за тоа кој всушност е првиот откривач не се решаваат како што треба со патентната шема затоа што многу често во последователност има долги судски процеси во кои победник не е вистинскиот откривач туку неговиот конкурент кој просто подолго успеал да издржи финансиски на многубројните дела и е бил во состојба да плати подобри адвокати.

    Големите корпорации денеска ги принудуваат вработените да ги подаруваат патентите на фирмата со аргументите дека таа е во состојба да ги зачува подобро. Не се редки случаите, кога големи корпорации ги сокривали ги уништували идеите на некои генијални откривачи затоа што појавата на конкуренција базирана на новата идеја би го заплашила нивното господство.

    Ако некој не верува нека провери што се слуи со откривателот на ФМ-радиото Армстронг или дали е тајна, дека по желба на Disnez Corp. неколку пати бил изменуван законот за авторски права на САД за заштита на популарното `богатство` Мики Маус.

    Патентот како времен монопол е исклучителна сила во рацете на оној кој ја поседува, која што системата всушност допушта да не е откривачот затоа што патентите можат да се преостапуваат, продаваат и лицензираат за употреба на други. Поседувач на патент има право да не дозволува на другите да го користат знаењето кое што е заштитено со него а и може да побара заштита од судот ако мисли дека некој го нарушува патентот.

    Овој систем има цел куп на проблеми. Најстрашниот е дека сосема невин човек може да наруши нечиј патент затоа што не знае дека таков постои. Првиот кој го регистрира откритието всушност го поседува и тој не може само да го користи тоа право против други кои покасно ќе стигнат до таа идеја. Без разлика дали можете да докажете дека сте го открили истото на сосема различен и независен начин вие сте всушност нарушител на патент и не е невозможно да одите во затвор.

    Ако откритието е навистина генијално тешко е да се поверува дека некој може да го направи истото по независен начин, но во моментот по светот има издадени милиони патенти и многу малку од нив се навистина за некакви фундаментални или неверојатни октритија.

    Забрането е да се патентираат очевидни работи и заради тоа во некои обласни патентниот систем работи подобро отколку во други. Наистрашното во тие области на науката кои се развиваат со огромна брзина. Таму тоа, кое што е очевидно утре денес може да не постои. И кога границата меѓу утре и денес е толку тенка и кога знаењето преку интернет е достапно веднаш каков друг фактор освен препка би можело да биде времето? Морален казус пак е дали може да се патентира човешки геном например = и дали тоа знаење не треба да е достапно за сите? Всушност очевидно нешто ли беше човешкиот геном вчера, а денес или утре?

    Малите и средни фирми чувствуваат на својот грб како големи корпорации го користат патентниот систем изопачувајќи го толку многу што таа всушност станува стратешко моќно оружје против конкуренцијата. Голем патентен држател лесно може да подчини по мал на принципот на взаемна договореност по системот патент против патент. Така големите имаат лесен механизам да не се сообразуваат со патентите на помалите заради големиот број. Тоа всушност станува трговија на правна сила.

    Опишаната шема е апсурдна за приложување во области како ИТ и софтверот но за жал тоа се прави во САД. Европа е искушена да го хармонизира правниот систем со тој во САД и да допушти софтверни патенти и во Европејскиот сојуз което би било огромна грешка. Грешка која што Америка веќе ја знае. Општествена тајна е дека во областа на софтверот се патентираат секакви глупости и не заради добри откритија а затоа што тоа е начин да маркираш агол кој што твојот конкурент не може да го допре без да плати. Иновацијата е изместена од комплексни правни игри во кои по законот на џунглата правото е на страната на поголемиот, побогатиот или силниот а не на најиновативниот. Најлошото се странични ефекти како тоа дека сопственикот на патентот принципно нема никакви морални должности кон општеството ниту дури кон владите кои го гарантираат неговиот монопол И може да си дозволи да не се интересираат од ползите на човештвото а единствено од својот бизнис резултат. Делењето на знанија во таков ракурс звучи како романтична идеја.

    Приложувањето на патенти во областа на софтверот и патентирањето на софтверни алгоритни е најголемата безмозочна лудост која што некогаш миу се случила на човешството. За среќа засега разумот во Европа е на солидно ниво благодарејќи на држави како Полка, Данска или Холандија кои што ги заштитуваат позициите против патентите и покрај притисокот од некои големи играчи.

    Статијата е преведена од Бугарски јазик и е напишана за специализираното издание на Computer World Bulgaria "Бизнис решенија со отворен код“. Со разрешение на редакцијата може да се распространува слободно он-лајн под Creative Commons Attribution-ShareAlike лиценца.

    Потпишете ја петицијата тука.

    сабота, април 23, 2005

    Девојка ми ми го наруши квалитетот на мојот живот

    Еве еден текст кој го преведов пред околу половина година и го постирав на некогашната bagra.org.Сакам да им се исповедам на сите дека мојот живот не е ист како порано. Зборувам за нешта кои ми помагаат да успеам и да го живеам животот како што треба – нешта кои неможат да бидат опишани со зборови – иако веќе ги опишав. Сакам да поделам со вас за она што се случува во мојата врска и за нештото што е криво за мојата мака – тоа е мојата девојка. Се што ќе прочитате овде е вистина и збори за тоа како сум се чувствувал кога сум бил со неа.


    Нема да се задржувам на бла бла работи, туку ќе го објаснам сето тоа нешто на по научен начин. Можеби еден ден ќе научам како работи Врсковата Динамика и ќе ми помогне да се справам со идни проблеми. Ќе ви ги опишам сите принципи на Врсковата Динамика како што сум ги открил, па после ќе навлезам во проблемот.

    1. Принцип на Намалување на Способноста за Играње на Игри
    Општо познато е дека на девојките им треба и инсистираат на 100% од твоето внимание и при тоа во секое време. Секаква друга активност за да уживам малку или да се ослободам од стресот е стриктно забранета и ја нарушува агендата на мојата девојка (агенда – да се прават разговори во врска со животот и колку таа е депресирана). Девојка ми се уште ми дозволува да играм игри, но нејзината присустност ми оневозможува да играм добро CS во мрежа. Всушност точниот степен на намалување на мојата способност може да се покаже математички многу прецизно. Бројот на часовите поминати со мојата девојка (t) има директен негативен ефект на моите способности за играње (a).



    2. Принцип за Соново Намалување
    За да бидам задоволен од мојот секојдневен живот мора нели убаво да се наспијам. Можеби мислите дека спиењето со девојка ти дава прекрасен убав сон, зарем не? Неточно. Главниот принцип до Врсковата Динамика е дека таа оневозможува убав сон затоа што взаемодејствието меѓу едноставни сили и природната физика дава ужасен сон.Првото правило на овој принцип е – Зголемувањето на близоста во креветот значи зголемување на неудобноста на спиење при што произлегува намалување на квалитетот на сонот. Ова правило ќе го нарекувам Правило на Близост и Наклон. Кога двајца делат еден кревет и двајцата создаваат продлабочување на креветот директно пропорционален на нивната тежина. Како и повеќето од вас и јас мојот живот го поминав спиејќи сам така да продлабочувањето на креветот беше на нормално ниво и имаше хармонија меѓу него и тежината моето тело. Ова е природен начин за одмор. Меѓутоа, кога спиеш со девојка се се менува кон полошо затоа што се нарушува балансот на креветот кое ме прави да се чувствувам многу неудобно. Целата ситуација не би била проблем ако девојката реши да спие на другата страна на креветот, но ТАА сака да спие до мене.
    Не сум против тоа да спијам со девојка ми наротив против сум тоа што таа спие до мене што предизвикува деликатен небаланс меѓу удобството и неудобството.
    Се надевам дека до сега го разбравте законот за близоста напротив навалувањето на креветот заедно со последниците кои предизвикуваат една непреспиена ноќ се тоа поради неудобството предизвикано од неправилен баланс. Недостигот од непрекинат сон го оправдува овој закон.
    Познато е дека за да може да се наспиеш добро вашиот мозок мора да премине низ добро познатите РЕМ вази кои се случуваат на секои еден и пол час. Од причина што многу ми е неудобно додека девојка ми спие до мене се будам најмалку еднаш на час кое го прави достигот до РЕМ фазите апсолутно невозможно. Едноставната врска меѓу недостигот од РЕМ сон предизвикан од Навалувањето на Креветот е познат како Принцип па Намалување на РЕМ фазите при спиење. Последицата од неадекватното спиење ме прави да се чувствувам како лајно наредното утре. Кога сум веќе кај утрата се чувствувам обврзан да ви објаснам барем еден аспект од Принципот на Намалувањето на Сонот.
    Обично сите ние сакаме малку повеќе да си посипеме во викендите. Најчесто за време на викенд станувам околу 13.00 најрано но тоа е особено тешко кога имате ДЕВОЈКА КОГА СТАНУВА ВО 8.00 И НИКОГАШ НЕ ЗАМОЛЧУВА. Дали таа има право да ги наложи своите спиечки навики на мене. Ако таа сака да станува во 8.00, нека си замине од собата нека оди во кујната нека ми направи доручек и јас да го изедам кога ќе станам. Но најчесто тоа не се случува.Напротив кога таа ќе се разбуди таа веднаш ми прозборува, ме буцка се вртка по креветот и не ми дава да спија. Ваквите девојки се болни од болест наречена РазбудусДечкосусНаутрус, што на латински значи `досадна кучка наутро.` Би ви препорачал да ги избегнувате ваквите девојки.

    3. Принцип на крадење на храна.
    Најчесто жените се опседнати со `оф неможам да изедам толку` и се плашат да си порачат едно цело јадење. Затоа си порачуваат некакво мало јадење и велат дај малку да пробам. Со секое земено залче тие крадат, тоа се трупа со текот на времето. Ако се пожалам и и речам `Па што не си порача` вакво нешто, таа би одговорила `де бе па ти земав малку. Ова не ме прави мене лош но и овозможува на типката да ми краде се повеќе и повеќе храна без никакво чувство на вина.

    Скоро сите жени со ова погорното нема да се согласат но ќе ги разубедам:Средно пет пати неделно одам ресторант во мојата девојка Од секој мој оброк таа средно зема по 3 залци – додека јас еден мој просечен ручек изедувам со 15 залци. Кога сето ова ќе се израчуна излегува дека девојка ми неделно краде од мене по еден оброк. (3/15 од секој оброк) по (5 оброци неделно) 1 цел оброк). Сега 52 недели во годината тоа значи дека за цела година таа ми краде 52 оброка! Поделете го 52 со 3 (3 оброка дневно) добиваме 17 дена годишно во кои јас всушност не јадам. И сега најзабавниот дел: Средно луѓето се женат околу 25 години и нека да речеме живеат заедно до нивната 70та. Тоа се 45 години во заедница. Сега ако се ова убаво се израчуна за време од 40 години земајќи во предвид 17 дена во годината кога всушност не јадам – тоа се 765 дена без јадење што прави скоро 2 години гладување!!!Жените мислат дека малото апнување од јадењето на дечкото е ништо? Помислете поново. Сакам да јадам и секое земање на храна било од мојата девојка било од кој друг е морален криминал. (Мразам кога треба да понудам од тоа што го јадам не само на мојата девојка но и на било кој друг).
    Заклучок: Кога ќе ги разгледаме фактите, ќе забележите дека животот со мојата сегашна девоја може да се опише како пекол. Во моментов го пишувам овој текст и се чувствувам напуштено, скршено, изморено. Мора да научам повеќе за врсковата динамика и се надевам дека еден ден ќе успеам да си помогнам себе си и на другите.

    За сите мажи: Нека бог се смилува вашата душа.

    петок, април 22, 2005

    No Internet Connection

    Овие 24 часа се изнервирав ептен. Немав Интернет! Имало некој проблем со серверот од кај што земаме Интернет и се шекнав. Кај јас без Интернет? Цел ден ми беше шуто пробував на секои 10 минути и после 25 саата еве го пак со ужасна спорост го добивам. Им отидов на администраторите на мрежата на долниот спрат едно 10 пати денеска питувајќи ги кога ќе се оправи. Сигурно сум им здосадил и не сакаат да ме видат повеќе. Море ќе сакат кога ќе треба да собираат пари за наредниот месец ама јас ќе ги заебам ќе го носам компјутерот дома и од мене овој месец не ќе можат да заработат пари. ;)



    Од сите нас што собираат тука во мрежата, плаќаат на провајдерот и сигурно заработуваат 2000-2500 денари. Но се исплаќа, Интернетот што го користам се исплаќа. Врската е солидна, не е кој знае колку добра и не е кој знае колку лоша и плаќам 450 денари за 24/7 - нешто кое што во моментов не можеш да го добиеш во Македонија. Тоа ме тера да си молчам и да си трпам затоа што во случајов ако бев во Македонија ќе морав да дадам по 40 денари на час. Тоа ми се случува и кога се враќам во Македоија. Сега ќе морам да се вратам за Велигденските празници иако имав желба да останам тука еднаш но ќе нема што да правам по цел ден (освен да седам на компјутер). А ми се оди и дома цел месец и 20 дена не сум бил. Утре ќе отидам да си купам билет затоа што ќе биде гужва за одење на кај Македонија сега сите студенти си одат. Околу 3000 студенти од Бугарија ќе треба да се мигрираат времено во Македонија :) Тоа ќе биде лудница во автобуси а и ќе се полни. Цимерот ми се чуди како сум успевал од време на време да додадам некој шмек на постовите :) До утре.

    четврток, април 21, 2005

    Софија - Расте но не старее

    Не знам колку сте запознаени но Бугарите тука ја викаат Софија град на шопите. Една моја пријатка Бугарка неќни ми рече “Ќе одиш утре до Шопето?“ и јас потоа „Каде?“ и она ми вели “Па во Софија“.


    Кај нас поимот шоп значи нешто друго или барем така е во Штип. Шоп - значи сељак, не убаво облечен, не избричен, прост, глуп иако етимологичното значење на зборот би можело да биде нешто друго. Не знам точно што е точното Македонско значење на поимот Шопи но сигурно е слично со онаа престава која што ја имаат Бугарите за нивните Шопи. Бугарите за Шопи ги сметаат оние кои што живеат во регионот на Софија и Дупница. Една генерализација за нив гласи дека се упорни, многу конзервативни а и големи патриоти.Тие се верни на традицијата. Иако современиот Шоп во Бугарија можеш да го видиш како практичен реалист, облечен по последна мода, да пишува блог, да сурфа на Интернет сепак тој длабоко во душата нема да ги земе тие нешта безрезервно. Тој вечно ќе се сомнева во прогресот како и кон вестернизацијата. Сите овие пати кога сум бил во Софија не сум забележал присуство на вакво нешто па затоа можам да го сведам на тоа дека секоја генерализација е погрешна. Софија денеска може да се каже дека е една вистинска метропола, особено развивајќи се по паѓањето на комунизмот. Илијадници бутици, ресторанти. Луксузни коли како БМВ, Мерцедеси ги препрокриваат уште видливите Лади и Москвичи. Животот е напорен и многу динамичен и ако ретко одите во Софија неколку патувања со трамвај, метро или пак автобус ќе ви делуваат изморувачки. Не дај боже да наидете на некое такси и да ве ољупи бааги пари. Ако ве приметат дека сте странец отидовте може да ви земат и 10 евра за 5 километри. Претседател na Бугарија е Георги Парванов избран во 2001 година. Клик на сликата за поголемо.


    Ми остави впечаток тоа што во центарот се наоѓаат сите поглеми државни иснтитуции. Претседателот, министерскиот совет, народното собрание, министертство за образование, на 2 минути е министерство на земјоделието и уште еден куп наоколу. Кликнете на сликите за поголемо.


    Министерство на Образованието

    Народното Собрание



    Светицата по која Софија го добила името

    И уште една слика за овој пост поглед од народното собрание кон статуата на Света Софија и ЦУМ-от.

    среда, април 20, 2005

    Given an US VISA!

    Денеска пешно ги поминав сите процедури за добивање на Американска Ј-1 Виза и за моја среќа сум lucky first timer. Бев сабајле на интервју и бааги се изначекав најмалку 2 часа додека да ме примаат во Американската Амбасада во Софија. Американска работа бе батка амбасадата во Софија им е направена како некоја мала тврдина со еден куп обезбедување со целосно проверување на секаков метален предмет, забрането носење на секаква електроника внатре па дури некои и кондури соблекуваа за да можеа да поминат. Таму се осеќаш како мравка во голем свет т.е. еден од многуте студенти кои сакаат да добијат виза и секој си е свои искуства, секој со свои мисли, секој со свои стравови. Мене ме враќаа неколку пати од детекторот за метали, за каишот, новчаникот, мобилниот и полначот. ретко одбиваат за виза само треба да ти се уредни секакви документи и најважното ништо да не ги потсеќа дека имаш некакви намери да имигрираш таму. Пристуството на браќа, сестри, мајки, татковци во Америка веројатно ја намалува можноста и јас не знам веќе. Сега чекам уште DHL да ми чукне на врата и да си ја видам визата. Пакувам пакети и на 27 ми Мај летам од Софија.... More posts are yet to come... Останете со здравје.

    вторник, април 19, 2005

    Б'лгарин вo Aмерика

    Денеска случајно буричкајќи низ мрежата прочитав за една “неверојатна“ судбина за некој бугарин кој што отишол во Америка. Клик на сликата за поголемо.


    Џабе Хостинг - mkhost.org REVIEW

    Баш се осеќам супер кога ќе добијам од некого нешто или пак ќе си купам со кое што ќе можам да експериментирам на моите претходни веб страници како и на блогов. Така да денеска благодарејќи на мојот пријател Иван добив хостинг од МКХост на блогов и на сликите кои што идат со блогот. Засега решив блогот да остане тука се додека не регистрирам .com или com.mk а само сликите да ги хостирам таму. Споредувајќи го хостот со сите хостинзи кои што сум ги користел можам да кажам само пофални зборови за него. Знаевте ли дека можете да добиете хостинг за само 500 денари годишно? Како? Читајте. Еве како изгледа панелот за управување.

    Клик тука за голема слика

    И ова е само еден дел од панелот. Не треба да го испуштите најдобриот дел а тоа е фантастико. Вака сега прво сакам да почнам од цените кои што ве интересираат веројатно повеќето од вас. Имате хостинг од 500 до 5000 денари соодветно 5 пакети.. Првиот пакет е оној најевтиниот и се вика план 5, вториот пакет е план 100, третиот пакет е план 200, четвртиот пакер е план 500, и петиот пакет план 1000. Сите од пакетите ги имаат истите функции PHP, ASP, CGI подршка, неограничен број на подесување на е-маилови, неограничен број на фтп акаунти, фронтпејџ екстензии, неограничен број на mySQL бази, свои сопствени 404 страни и др. Клик тука за целосни детали Едиствената разлика е веб просторот како и месечниот трафик кој што ќе го добиете.

    Значи:
    Веб простор 5 MB - нема месечен лимит на трафик за 500 ден годишно

    Веб простор 100 МB - 5 GB месечен лимит на трафик за 1100 ден годишно

    Веб простор 200 МБ - 8 ГБ месечен лимит на трафик за 1700 ден годишно

    Веб простор 500 МБ - 10 ГБ месечен лимит на трафик за 2500 ден годишно

    Веб простор 1000 МБ - 20 ГБ месечен лимит на трафик за 5000 ден годишно

    Една работа која што треба да ја знаете е дека сите пакети се без домен т.е. не добивате .com или com.mk домеин за тоа се доплќа уште 900 денари годишно. Адресата на вашиот хостинг ќе биде ime.mkhost.org како што на пример на мене во случајот ми http://boban.mkhost.org Навистина сум изненаден од лесниот начин на употреба на хостингот не ми требаше ни 20 минути за да видам што како е. А морам да го пофалам и Иван техничката подршка му е на ниво беше љубезен и ми одговори на сите мои прашања. Moжете да го контактирате на неговата е-маил адреса info@mkhost.org и гарантирано ќе ви одговори дури и на оние прашања кои што не се директно поврзани со хостингот. Сите фајлови се хостираат на Линукс сервери (избегнуваат секакво користење на Windows) на Апаче 1.33.33 Сервер. Неверојатен Фајл менаџер дури и братучедка ми од прво одделение би можела да се снајде со него. Што чекате ајде на www.mkhost.org и одберете си пакет за вас. Додека му пишувате кажете дека ве препорачал Бобан за да добиете посебни бенефиции. :)

    понеделник, април 18, 2005

    На 180 степени

    Приказната за моето доживување на Пловдив датира уште од пред четири години. Иаку сум четири години тука сепак понекогаш некои делови од Пловдив ги доживувам со она специфичното `wow` но сепак импресиите не се толку силни како што би биле на пример на оној кој што за прв пат доаѓа тука. Сум читал некаде дека во Пловдив има специфичен спој од енергија која што ги `тера` луѓето кои веќе биле тука да сакаат пак да дојдат. Така е и за мене. Се враќам во Штип за еден недела и веднаш ме фаќа `афаганот` за `опет назад`. Тука сум навикнат, тука е мојот живот, пријатели, факултет. Кога ќе си помислам сега дека кога ќе завршам ќе треба да се вратам во Штип...... Многу нешта има нејасни, каде ќе работам, што ќе работам, каква плата ќе земам. Ќе ми се исплаќа ли да работам за трудот кој што сум го вложил тука овие четири години? Овие четири години ми беа најубавите години кои до сега сум ги имал - средно не може да се мери. Запознав милион нови луѓе, научив милион нови карактери добив доживотни пријатели и пријателки се заљубив на неколку пати :) и научив доста сексулани вештини ха ха ха. Научив да распознавам лицемери, себични и тврдоглави луѓе - и такви кои што не прифаќаат туѓо мислење - не мора ни да го прифатат барем да размислат и да го земат во предвид. Така значи ова е факултетот кај што учам


    Така наречена нова зграда. Најголемиот дел од вежбите ги имам тука. Ова е сликано околу 18 часот кога најмалку има студенти на факултет. Не дека има многу и во 13 :) Еден мој професор велешеБројот на студентите се зголемува правопропорционално со идењето на неделата за собирање на потписи“. Тоа се однесува за оние факултети каде што не е се задолжително и таму каде што воопшто не собираат никакви потписи. Пловдивскиот универзитет е најголемата образователна институција во Јужна Бугарија односно втора по големина по Софиски универзитет.

    Во универзитетот се обучуваат околу 8000 студенти во повеќе од 40 струки од природни, хуманитарни, општествени, економски науки. А сега за нештото кое кога го видов прв пат исто како да бев добил шок. Седнав на кревет и не можев да се мрдам пет минути. Иако на сликата подолу изгледа убаво не е баш такво. Немам веце и немам туш во соба. Да убаво прочитавте, немам веце и немам туш во соба. Вецето е едно на цел спрат има 7 кабинки или како да го наречам и има бања една за целиот спрат. Среќа барем има топла вода. Првите неколку месеци не можев никако да се навикнам но сега ми е се едно исто. Вецињата се чистат секој ден од понеделник до петок освен сабота и недела и празници така да не дај боже да ви се оди по веце во недела навечер, поубаво да отидете да ја завршите работата некаде надвор отколку таму. Секое утро кога станувам ко чувствувам неверојатниот мирис на солна киселина која што го исипува чистачката ;)


    А пак како се погодува без разлика кога рано ќе станам секогаш тогаш чистачката го чисти вецето и морам да одам на трети спрат. Во соба сме по тројца (јас сум со уште еден третиот цимер ми замина во Полска) и плаќаме ептен ефтино. 26,60 лв - 13 евра на месец. Џабе каде и да бараш нема да најдеш поефтино. Така ми изгледаше собата пред да се вселам сега има малку размештај внатре. А вака ми изгледа Интернатот


    Пет вакви згради една до друга ко шаховски фигури прават една студентска населба со околу 2000-3000 студенти од сите универзитети во Пловдив. Може некои од вас мислат дека постојано се прават журки и сл. да се прават но не после - 23.00 забрането е, и ако пуштиш музика после 23.00 ќе чуеш поплаки од соседните нестудентски комшиски блокови, ќе ти се качи портиерката и во најлош случај може да удрат казна и ли не дај боже да ти дојде полиција. А до 23.00 што сакаш прави освен ако не ти се погодат некои луди комшии до собата. Толку засега сега ќе читам една интересна статија “Ръководство за взаимотношенията" от Тим Даунс па ако мислите дека разбирате бугарски читајте. До утре или до после.

    недела, април 17, 2005

    Црни Дамки

    Црна Дамка 1

    Црна Дамка 2

    Психоделичен циркус

    Толпа од шимпанза стоеа пред огромната зграда. Ова зграда и значеше нешто на нив... Планираа да пробаат да се вработат. Сонцето ги допираше нивните црни лица и нивните долги раце ја допираа земјата а нивните црни вилици јадеа банани. Горилите стоеа во огромната зграда смеејќи им се.


    Image Hosted by ImageShack.us


    - Погледни ги овие Шимпанза. Колку се банални. – рече г-н Митрев главниот горила.
    - Смешни или не, мене не ме засега тоа. Проблемот е дали ќе успееме да ги направиме Горили? Ќе успееме ли да ги претвориме нивните шимпанзовски умови во паметни горилиски? – рече г-н Стојков
    - Мислам дека да, ќе користиме субстанци, хемикалии и психичка тортура. Ќе живеат во една психоделична земја сега, во еден вистински свет.

    Шимпанзата не можеа да ги видат брзаа нанекаде. Ги пишуваа нивните
    автобиографии и лажеа што учеле порано. Се групираа по двајца, тројца а некаде и четворица. Оние кои повеќе на едно купче се знаеа од скоро или работеле на исто место до скоро. Збореа за се и сешто а највеќе за горилите.

    - Знам, сум чул дека за да работиме во циркузот мора да не направат горили – рече загрижено шимпанзо.
    - Лажат бе. Нема врска. И да се работиш во циркуз пак ќе си останеш шимпанзо. – рече друго.
    - Знаеш никој не знае што е всушност работа. Никогаш нема да станам горила. Ова сум јас, јас сум Шимпанзо. Нека мислат што сакаат за мене. – рече трето шимпанзо.
    - Не сум чул ништо вакво досега. Што е проблемот? Зошто сакаат да не направат Шимпанза? – рече четврто Шимпанзо.
    - Што сакаат нека прават. Дојдов тука да работам и заработам. – рече петто Шимпанзо.
    - Не рекоа ништо. Не са ни рекле ништо. Не се спомнале ништо во врска со било какво станување на горила. Не можам ова да го издржам се враќам во Шампанската Република. – рече загриженото Шимпанзо.

    Како што Шимпанзото си заминуваше, друго Шимпанзо ги запраша:

    - Слушнав дека зборите за некакво станување на горила. Неможете да станете горили, веќе сте. Се преправате дека не сте. Погледнете се. Личите на горили, ги имате истата боја и истите навики. Не се преправајте дека ова нешто не го знаете. Ако ова не ви се допаѓа, фаќајте го патот.

    Останатите Шимпанза го погледнаа, прашувајќи се кој би можело ова да биде кој им вели дека се горили а не Шимпанза, си ја продал душата и станал Горила. Веќе ги фати страв да зборуваат за ова нешто отворено.

    - Само збориме што се зборува за Горилската Републка. Нема да збориме веќе а и не сакаме да збориме.

    Главниот Горила г-ин Митрев зборуваше со своите соработници. Шипанзото ја отвори вратата и рече

    - Овие пак зборуваат овде. Знаат за нашиот план. Зошто не разберат? Горилите се наши пра-татковци. Не сакаат да чујат за обединување на Шимпанската и Горилската Република.
    - Нека зборат. Не можат да сторат ништо. Ова е анархија тука. Во овој случај јас сум крал а тие се потчинети. – рече г-ин Митрев.
    - Се плашам дека ова може да создаде конфликти. Можат да се зажалат до судот за мајмунски права.
    - Нека ги. Но нашата скриена цел е обединување без знаење на очите на Мајмунлундија. Остави ги. Јас морам да одам.

    Г-ин Митрев ја напушти собата и почна да пее”

    Кој сака да стане Горила
    Кој не сака да биде Шипанзо?
    Ајде сите да ве чујам
    Горила, Горила, Горила

    Престана да пее кога се приближи до обезбедувањето.

    -Во ред. Ајде пушти ги. Еден по еден.
    - Драги Шимпанза. Од причина што сте премногу луѓе овде не можеме да имаме контрола кој влегол а кој не. Затоа еден по еден со вашите автобиографии на интервју. Има работа за сите во циркузов.

    Еден по еден, влегуваа во огромната зграда и го бараа местото каде што ќе ги интервјуираат. По ѕидовите можеа да ја видат Дарвиновата теорија, но не онаа вистинската но туку според рецептот на Горилите.

    Еден од можните идни Шимпанза влезе во собата и од таму слушна.

    - Влези, не срами се. Кажи ми: Зошто Дарвиновата Теорија е грешна?

    А и така е можеби. Дарвиновата Теорија е можеби грешна.

    сабота, април 16, 2005

    Харем

    Ќе ви раскажам една приказна. Постои еден харем. Само еден маж владее внатре. Жените се граѓанки од втор ред. За да се биде член мора да се исполнат сет од услови. Читајте подолу...


    За да добиете апликација за пристап ве молам контактирајте ме на мојата е-меил адреса. Членството е бесплатно под услов апликантот од кога ќе пристапи во харемот да побара уште други женски личности кои би сакале да станат идни потенцијални апликантки. Членстовот е доживотно улугата е загарантирана. :) Потентната гаранција пости со соодветни дожини за комплетно задоволство. Дозволено е користење на помошни материјали за задоволување на припадничките/членовите на харемот. Превозот е на сметка на харемот а и храната е обезбедена исто така.
    Услови за пристапување (Идните членки ќе бидат одредени од жири комисија јас и само јас)

    1. Да не се потешки од 68 кг.
    2
    . Да не се повисоки од 1.80
    3. Да немаат преголема страст кон јадење.
    4. Да немаат страст кон садомахистички идеи.
    5. Да се слободни најмалку еднаш во две недели да го посетуваат харемот.
    6. Да не се нарцесоидни.
    7. Да се дефлорирани. (Можно дефлорирање но со претходно утврдени услови)
    8. Да уживаат во експериментирање.
    9. Да не се припаднички на никоја политичка партија.
    10. Да не се нимфоманки.
    11. Да не користат средства кои доведуваат до промена на состојбата на умот, размислувањето и физичката активност.
    12. Да не се побунува против присуството/отсуството на други девојки од харемот.
    13. Да не се срамежливи.


    Ова се дел од условите. Можат да бидат променети на моја sole discretion без никакжо претходно знаење на членките на харемот. Во случај ако членката сака да го напушти харемот тоа може да го стори со претходна молба за напуштање која мора да биде одобрена од комитетот за управа на харемот. Тоа не и гарантира на членката веднашно отсуство од харемот туку после изминати 30 како што е уредено во (Службен весник на Харемот 34 чл. 4 ал.5). За сите други услуги кои не се предвидени со членството на харемот се плаќа поовластена даночна стапа од 19% и 20% според Бугарските закони. Дозволено е членство на девојки од сите националности но притоа членките да не шират верска, национална и друг вид на омраза. Секакво користење на харемот а политички и верски цели се забранува најстрого. За сите нарушители на горе наброените а и не наброените услови (кои можат да се прочитаат во договорот кој се потпишува пред пристап во харемот) се налагаат казни соодветно законот за девиации. Во харемот не владее парламентарна и никаков друг вид на демократија туку анархија - во која владетел су ЈАС: Секакво пропагиранње на демократски и други идеи е спротивно на условите за членство. Владетелот може да дозволи членување на членките во соодветни организации пр. веќе постоечки - Македонски Национален огранок, Бугарски Национален огранок, Албански национален огранок заради занимавање на членките за време на отсуство на валдетелот. Владетелот може да наложи административни и други мерки на членките во харемот без нивно претходно консултирање ако има сознанија за секакви девијантни појави. Владетелот може да одлучи да не прима повеќе девојки во харемот ако ги има премногу а ако се појави некоја нова интересна то може да ја земе и да исклучи веќе стара постоечка. Ако девојките се видат дека учествуваат во хомосексуални актови без присуство на владетелот се прилагаат соодветни мерки. За секакви нејаснотии оставете коментар.

    Ова и го напишав на една другарка која сакаше да членува во моjот харем :)

    петок, април 15, 2005

    Кој сум јас?


    Авторот се вика Бобан. Некои го викаат Боб (особено сега), Боби, а на некој кој како ќе му текне. Срцето му бие толку силно како да e дрмнал едно двојно експресо. Без шеќер, онака чисто. На оваа слика си ги крие очите и се фали дека има блогер маичка.


    Роден е во Штип, студираше во Бугарија и пред 2.5 години реши да имигрира за Америка без да ги зема во предвид мислењето на родителите, комшииите, пријателите и родните.

    И реши да остане тука. Зошто? Тука направи и научи многу работи кои додека беше во Македонија мислеше дека никогаш нема да ги направи во животот.

    На озборувач.орг пишуваа работи кои го изненадуваат и инспираат. Онака кога ќе му дојде. Произволно, но во ред. Дејствието некогаш се одвива хоризонтално а некогаш вертикално. Кога како. Зависи во каква состојба се наоѓа. Ако читате РСС емисии, кориситите Гугл Ридер, Блог Лajнс или некој друг читач кликнете тука:

    AddThis Feed Button

    Ако сакате... пишете му.... Или ако сте во Чикаго, некој за кафе?

    bobanst na gmail tocka com

    Мрази спам повеќе од секој друг.

    озборувач.орг си го купи од google.com а се хостира на блогер или МкХост. Фала Иван.

    Фала што го посетивте овој сајт.

    Thank you.