скоро:

    follow me on Twitter

    недела, април 24, 2005

    Ми отиде IQ-то :(

    Според истражување на Лондонскиот Универзитет оние кои што се во било каков контакт со чатот, одговарањето на телефони и пишувањето и проверувањето на e-мeилови губат од својата интелигенција многу повеќе за разлика од оние кои што пушат марихуана. На 80 луѓе и била дадена задача да четуваат и проверуваат е-маилови и потоа им било проверено IQ-то. Правејќи ја таа задача нивниот коефициент на интелигенција се намалувал за 10 единици.

    Пушењето на марихуана и хашиш за разлика пак го намалува коефициентот на интелигенција за 4 единици според други истражувања. Научниците велат дека е тешко за мозокот да работи неколку работи одеднаш. Со постојано проверување на инбоксот мозокот се наоѓа во состојба на внимателност а со тоа пак ја повредува способноста да се концентрира. Не знам дали е оваа некоја американска или англиска глупост но ако е вистина ептен сум се заебал. Овој месец се скапав од чатење, испраќање на пораки и емаилови - сигурно сум испратил над 500. Готово го оставам компјутерот поарно ќе пушам џоинт. Го мотам веќе, сака некој? :)

    2 коментари:

    moonwatcher рече...

    Знеш дека цигарите делуваат поштетно од марихуаната? А таму вам во Бугарија ви е 5 лв. 5 грама тука е дупло :).

    Бобан рече...

    Па сум чул ама константно пушење на марихуана сигурно делува по силно од константно пушење на цигари.