скоро:

    follow me on Twitter

    петок, април 29, 2005

    Некој се тресе

    Јас разбирам дека Велигден е основата на човечковата вера, разбирам дека Велигден е основата на христијанската догма. Ја разбирам и верата во воскреснувањето за еден поубав свет. Но не го разбирам 1 ви и 2 ри Мај како ден на трудот во кој орле зорле се јаде скара и се пие пиво и се качува на килограми. Не можам да ги гледам се истиот филм кој МТВ го дава за Велигден, како и не можам да разберам зошто локалниве телевизии во Штип ја пуштаат приказната за Мојсеј за Велигден?



    Од секогаш сум се двоумел и сум се чудел за тоа колку сум религиозен но сум толку колку да ги спазувам обичаите и да се се осеќам убаво на денот. Некои од обичаите на другите празници не можам да ги разберам од причина што не гледам смисол во нив. За Велигден сум чул и сум прочитал илијадници легенди а оваа е едната од нив. Како демек Исус сам си ја претскажува својата смрт како и своето воскреснување. Кога на третиот ден Марија со други жени отишле до гробницата на Исус да го намачкаат телото со некакви масла (да го мачкаат со масло?!?) ја нашле гробницата празна . Мајка му всушност го видела него прв и прва отишла да ја раширува радостната вест. Како демек стигнала до Рим во дворецот на отец Тибериј и како по обичај требало да носи нешто кога му иделе на гости. Пошто Марија немала ништо земала едно јајце и му рекла на императорот `Христос Воскресе`. Тој не поверувал и рекол `Како може некој да воскресне исто како што не може ова јајце да стане црвено`. И одеднаш пред неговите очи јајцето кое што го носела Марија станала црвено. И оттогаш сите почанале да вапцуваат црвени јајца. И уште еден куп вакви приказки. Море остај ова се е во ред ќе мине и ќе помине но не можам да ја разберам прво мајската треска и не можам да разберам зошто ние баш вака го празнуваме 1-ви и 2-ри Мај. Некои демек викаат се одело на пинкник 1ви Мај некои па демек викаат се одело на пикник 2 ри Мај. Не можам да ги трпам оние долги правења на списоци за два дена па некој со некој задолжително се скарува па требало да се купат 100 кебапи, 30 колбаси па не знам не биле доволно 30 колбаси требало повеќе па требало 3 а не две гајби на пиво. А што е најважно најмногу се караат за цената. Како 500 денари биле малку па 700 биле многу па не знам што и не знам како. Одиш таму се изморуваш 2 дена и се враќаш дома целиот полн со прашина па дури и изгорен :). Се мислев дали да одам некаде овој Мај ми се седеше дома не ми се одеше никаде но се зачудив што би правел попродуктивно два дена? И јас станав дел од овците (читај незадоволните и стечајците) кои полнат стомаци и се ѓолат со пиво наместо да протестираат на 1 ви Мај. Овој пост ќе го завршам со песничка која едно циганче ја испеа пред некоја година обраќајки се кон мајка ми:


    Тетке чесито ти јајцето дај ми едно Велигден.


    2 коментари:

    .аНТИ рече...

    Така бе Боби. Прав си! Не само што прикаската со јајцата црвени е невистинита, туку и целата глупост околу воскреснувањето на Исус е невистинито. Никој во Ерусалим не им верувал на апостолите кога лажеле дека Исус воскреснал, им поверувале само народите надвор од Израел - тие што никогаш немале можност од прва рака да се информираат. Израелците затоа никогаш не станале христијани, зашто ги знаеле апостолите како лажговци. Нели?
    Христос воскресе!
    Лажги со опашки.

    Малечката принцеза рече...

    Кога сме кај филмовите, незнам дали си имал можност да го гледаш тој што секоја година го даваат на BTR (локална скопска, ама и ромска)телевизија.Доста лоша верзија (ако може да се каже дека е верзија) на Исус од Назарет и тоа синхронизирана на македонски јазик.