Така наречена нова зграда. Најголемиот дел од вежбите ги имам тука. Ова е сликано околу 18 часот кога најмалку има студенти на факултет. Не дека има многу и во 13 :) Еден мој професор велеше “Бројот на студентите се зголемува правопропорционално со идењето на неделата за собирање на потписи“. Тоа се однесува за оние факултети каде што не е се задолжително и таму каде што воопшто не собираат никакви потписи. Пловдивскиот универзитет е најголемата образователна институција во Јужна Бугарија односно втора по големина по Софиски универзитет.
Во универзитетот се обучуваат околу 8000 студенти во повеќе од 40 струки од природни, хуманитарни, општествени, економски науки. А сега за нештото кое кога го видов прв пат исто како да бев добил шок. Седнав на кревет и не можев да се мрдам пет минути. Иако на сликата подолу изгледа убаво не е баш такво. Немам веце и немам туш во соба. Да убаво прочитавте, немам веце и немам туш во соба. Вецето е едно на цел спрат има 7 кабинки или како да го наречам и има бања една за целиот спрат. Среќа барем има топла вода. Првите неколку месеци не можев никако да се навикнам но сега ми е се едно исто. Вецињата се чистат секој ден од понеделник до петок освен сабота и недела и празници така да не дај боже да ви се оди по веце во недела навечер, поубаво да отидете да ја завршите работата некаде надвор отколку таму. Секое утро кога станувам ко чувствувам неверојатниот мирис на солна киселина која што го исипува чистачката ;)
А пак како се погодува без разлика кога рано ќе станам секогаш тогаш чистачката го чисти вецето и морам да одам на трети спрат. Во соба сме по тројца (јас сум со уште еден третиот цимер ми замина во Полска) и плаќаме ептен ефтино. 26,60 лв - 13 евра на месец. Џабе каде и да бараш нема да најдеш поефтино. Така ми изгледаше собата пред да се вселам сега има малку размештај внатре. А вака ми изгледа Интернатот
Пет вакви згради една до друга ко шаховски фигури прават една студентска населба со околу 2000-3000 студенти од сите универзитети во Пловдив. Може некои од вас мислат дека постојано се прават журки и сл. да се прават но не после - 23.00 забрането е, и ако пуштиш музика после 23.00 ќе чуеш поплаки од соседните нестудентски комшиски блокови, ќе ти се качи портиерката и во најлош случај може да удрат казна и ли не дај боже да ти дојде полиција. А до 23.00 што сакаш прави освен ако не ти се погодат некои луди комшии до собата. Толку засега сега ќе читам една интересна статија “Ръководство за взаимотношенията" от Тим Даунс па ако мислите дека разбирате бугарски читајте. До утре или до после.
2 коментари:
He he he he ne sum bugarin jas :) Makedonec sum i samo ucam vo BG
Боби ептен си во право дека кој еднаш ќе дојде во Пловдив пак му се иде. Кога бев последниот пат бев по вторпат и мислев ќе ми помине, ама сеа уште повеќе ми се иде!!!
Хехе
Знам за еден Македонец што живее во Пловдив, сликар е! Мислам дека е од Струмица - не се сеќавам како се викаше. Може ќе се сетиш...
Објави коментар