скоро:

    follow me on Twitter

    недела, април 24, 2005

    Македонско vs. Бугарско кафе

    Не постои Македонско или Бугарско кафе. Барем такво не расте. И двете држави го увезуваат од некаде. Она на кое што сакам да обрнам внимание е начинот на кој што се прави т.е. уметноста на правењето на кафето. Отпривин кога дојдов во Бугарија им се чудев на луѓето како и на Македонците што се погорна година од мене како можеа да го пијат тоа кафе. Не само што има чуден вкус туку плус го ставаат во пластични чашки и плус го има насекаде. Насекаде!! Насекаде ќе најдеш натиписи со „Кафе, Цигари“, во секој квартал ги има и се доста профитабилни. Толку многу дуќанчиња за кафе нема кај нас - мислам и воопшто нема. Видот на кафето е експресо и го ставаат најчесто во пластична чаша освен ако не отидеш во некој кафич.


    Мислите дека дуќањчињата имаат место за седење? Повеќето не или се полни, или се премали - најдобро е едноставно ќе го земеш кафето ќе застанеш пред продавница и ќе го испиеш - многу луѓе го прават тоа. Од ко направив муабет со една моја пријателка бугарка и ја прашав зошто толку многу дуќанчиња има за кафе таа прво ми се исмеа и ме праша како сум можек да поставувам такви прашања а после ми одговори како демек тоа било основното на повеќето возрасни тука цигари и кафе. Е и богами е основното особено наутро од кога ќе го испиеш првото кафе задолжително трчаш на кај WC.

    Се служат две видови: обично и долго кафе. Долгото кафе е со повеќе вода и се прави 5 секунди повеќе. Кога дојдов тука мислев дека долгото е поскапо од обичното но цената му е иста. За дополнително задоволство можеш да си земеш сметана - сува или течна т.е. крем кој го ублажува и му дава вкус на кафето. Ако на некој начин се обидеш да направиш бугарско кафе на македонски начин нема да ти успее. Нема да има кајмак, нема да има доволно талог и што е најстрашно ќе го нема оној вкус на кој си навикнат. Тука кога прават кафе дома го извриваат кајмакот. Причината што насекаде има дуќанчиња кои што прават кафе веројатно е тоа што многу одамна тоа испаднало во мода такви дуќанчиња, па ајде сите отвориле. Дури некаде можеш да видиш светлечки реклами КАФЕ. Другарката ми одговори на ова прашање дека всушност местото на кое што пишува „КАФЕ“ значи не само дека се служи кафе туку значи и место на кое што можеш да седнеш и да потрошиш некој дополнителен лев. Кафето е стварно ефтино околу 10 денари 30 мл со бесплатно шеќер колку сакаш освен на бензинските каде што првите две ти се бесплатни и секое дополнително шеќерче се наплаќа по 1.5 денар (претворено во македонски пари). Е тоа ми беше најмногу чудно а исто и оние дуќанчиња каде што нема шеќерчиња и мора да се ставаш со лажичка се со цел да заштедат на шеќер. Повеќето од таквите барчиња се селф сервис т.е. сам си земаш кафе, седнуваш, го пиеш и го фрлаш во канта за ѓубре. Да го купиш од продавница цело пакетче е малку поскапо отколку кај нас. Околу 40 денари 100 грама. Понекогаш на нашите бугарски пријатели им вариме македонско кафе и на повеќето од нив им се свиѓа па дури и си порачуваат да им донесеме од Македонија и да ги научиме како се прави. И ние како „верни“ на традицијата им покажуваме и се гордеме дека нешто им се допаѓа што ние сме донеле и конзумираме нешто поубаво. Но сега веќе е различно и јас научив да го пијам нивното кафе и ми се допаѓа како мириса, какво е на вкус. Дури и си купив „кафеварка“ специјално џезве кое може да се користи само за кафе. Кога ме мрзи да си правам тркнувам доле до машината во интернатот и се помалку од 15 секунди имам кафе. Порано го пиев со неколку цигари но сега без од кога ги откажав цигарите (тоа е друга приказна). Како и да е уживањето е исто. Ти станува зараза нешто без кое што не можеш да се разбудиш како човек наутро кое важи најмногу за другарка ми која не станува од кревет без да испие кафе, а особено обожава да и го донесат до кревет наутро. Кафето е начин на социјализација тука а исто и кај нас. И не ретко некој може да те покани на “кафе“. Кога те поканува не значи дека треба да пиеш кафе туку може и се друго. Кога викаш некој на кафе викаш на муабет а и заради некоја цел особено кога викаш женско :) И обично кога некој маж го прави тоа значи и тоа тој да го плати без разлика што девојката ќе “се понуди“ да си го плати. Кафето е еден вид на уживање, еден вид за одих. Темава ме натера да погуглам за да дознаам нешто за кафето. Прво било пронајдено во Северна Африка односно денешна Етиопија. Од Етиопија биле транспортирани на Арабискиот Полуостров каде за прв пат било обработено во денешната област Јемен. Оттаму било однесено во Турција каде што за прв пат било испечено на жив оган. Испечените парчиња биле здробени и ставани во вода правејќи груба верзија на она што ние денеска го пиеме. Во Европа стигнало преку трговците од Венеција и како сите други работи и ова нешто било очекувано да биде забрането од Папата. Но папата го одобрил и го прогласил за вистински “христијански“ пијалок. Денеска најмногу кафе се произведува во Бразил правеќи индусрија која вработува повеќе од 5 милиони луѓе. Кафето може да биде многу полезно ја намалкува можноста за депресија, можност за срцев удар, можност за заболување од рак на дебелото црево. Уште вистина да беше.

    1 коментар:

    Бобан рече...

    Имаше некои грешки но ги поправив.