скоро:

    follow me on Twitter

    вторник, декември 05, 2006

    среда, ноември 29, 2006

    Околности

    Два часот по полноќ е а мене сеуште не ми се спие... Знам дека дури и да пробам нема да успеам да заспијам. Не е ниту мојата претерано жешка соба во која парното работи двапати повеќе отколку што треба, ниту пак фактот дека треба да се разбудам сабајле во седум наутро за да одам на работа, ниту пак фактот дека се скарав со мојата понекогаш себична цимерка..

    Седам и се ѕверам во лаптопот и го пишувам овој пост собирајќи си ги мислите за работите што ми се случија во последните неколку недели... Помислив на забавата која што ја имавме во нашата куќа на која што поканивме десет а дојдоа дваесет луѓе и јас и цимерките бевме тие кои што чистевме наредниот ден... Помислив на тоа што не успеав да станам наредниот ден да отидам на шопинг на најголемиот распродажен ден каде што цените се намалени за триесет до педесет посто поради тоа што претерав со алкохолот претходната вечер. Помислив на мојот шеф на работа кој некогаш од мене бара чуда. Помислив и на тоа што на гости ми дојдоа некои пријатели на моите кои се отселиле од Македонија пред дваесет години и ми се чудеа како не сум се дружел со Mакедонци туку повеќе со Американци. Ми се чудеа на фактот што се пошегував дека сум атеист и не одам на црква. Јас пак сеуште не можам да ги разберам како не успеале да научат Англиски... Помислив и на лудницата која треба да ја минам додека одам на работа, линиите во кои чекам додека купувам кафе, сендвич или било што, тоа дека филмовите кои си ги порачав уште не ми стигнале по пошта, фактот дека треба да и испратам пари на моите во Македонија скоро...

    Решив да се преселам на некој остров - барем времено.

    среда, ноември 08, 2006

    Јас и културите

    Во последно време Чикаго е депресивен... всушност и сите кои се околу мене се депресирани помалку или повеќе што и мене ме прави двојно депресивен преку целото време, поради тоа што секој се жали на ладното, магловито, дождоливо време, своите љубовни или работни проблеми. Убава вест не сум чул веќе неколку недели. Кога се наближува зима овде во Чикаго почнувам да го мразам градот и многу пати помислувам да се преместам некаде каде што е постојано пролет или лето...

    Калифорнија! Холивуд? Беверли Хилс? Можеби наредната држава? Близу до некоја плажа во куќа до езеро? Ха. Престани да сонуваш. Јас уствари мислам дека сум заробен во Чикаго - ќе ми одземе многу време и храброст да се преместам во друг град или држава а уште пoвеќе храброст за да се вратам да живеам во Македонија. Причината веројатно е што веќе си создадов живот тука, имам некои мои работи од кои не би можел да се откажам, пријателства, менталитетот, љубезноста и некојпатната извештаченост на американците и нивните понекогаш глупи вицови.И да слободата да кажеш и да правиш што сакаш и комшијата да не го е грижа за тоа. Освен ако претераш де.

    Чикаго е збор од културите. Видов од секаква култура по нешто кое не успеав да го видам кога живеев во Алабама. Алабама е кантри место (не баш толку де) и има липса од работи кои ги нема во Чикаго. Чикаго е малку американски град со многу европски шмек. Одењето (многу често) од една населба во друга е како напуштање на Чикаго и одење во друга култура.Чикаго има огромно разнобразие на население. Видувањето на филипинец, кинез, пољак или друг источно европеец, мексиканец, некој со особени средно источни белези минува многу незабележано кое не би било случај во Македонија. Сите се дел од американскиот начин на живот. Ако си дозволам да генерализирам а тоа најмалку сакам да ја решам равенката нациналност/работно место би ја поделил вака.

    1. Мексиканец - најчесто разчистувач на маси, помагач на бартендер, преместувач на мебели
    2. Филипинец - продавач на накити, мебели, сопственик на мали продавници
    3. Кинези - сопственици на општествени перални за хемиско чистење
    4. Бугари, Македоци, Романци, сите источно европејци - келнери, чистачи, пица разнечувачи, бартендери, стриптизети, возачи на камиони, вале паркери.
    5. Среден исток - такси возачи и разнечувачи на пица.
    6. Грци - сопственици и банкери.

    Секако де, постојат исклучоци најчесто одејќи надолу по општествен ранк. Постои таква тенденција каде што ќе видиш гетоизирање на одредени нацоналности кои придонесуваат во културната разнобразност на градот.Знамиња, зборови на јазик кој го препознавам но најчесто не го разбирам, постери со пејачи кои пееле во Чикаго и му дале автограф на сопственикот на тој ресторант или дискотека. Влегувањето во прoдaвница или ресторант со културен шмек е доживување кое те тржи барем најмалку десет минути после излегувањето од таму. Пред некое време влегов во продавницата на индиец кој што продава цигари, кока кола и пепси пијалоци, телефонски картички и весници. Уште по влегувањето може да осетиш дека продавницата не ја држи американец. А стеротипите за Индија ти изгледаат точни. Прашина на секаде, лошо облечени работници, стари машини за бонбони и никаква организираност на нештата кои што ги гледаш. За да го најдеш Њу Јорк Тајмс на пример ти одзема 5 минути. Услугата е никава, нема намера да почне разговор со тебе, гледа да ти ги земе парите. Не прима кредитни карти - не сака да плаќа на компаниите. Ѕидови исполепени со индиски богови. Ја собрав храброста да го прашам за нив а на моето прашање добив одговор со половина уста чија конотација би била: `Што ме замара овој денеска?`. Влегувањето во спрска продавница ме поведе кога го видов постерот на Бобан Здравкович (ха, ха). Внатре видов натпис кој веројатно 75% од купувачите не го разбираат `Неупослењим улаз забрањен`, продукти на Подравка и Краш кои ги јадев за време на бивша Југославија кои ми вратија детски спомени. Доживувањето во еден арабски ресторант ми го уништи ручекот. Кога го видов на менито зборот мусака помислив дека е онаа македонската која баба ми ја прави но се излажав! - ми донесоја лошо испечено јагнешко со лош мирис...

    Всушност, човек може ли да се насити на убавината на културите. Клише желба ми е да ја посетам секоја земја во светот.

    среда, октомври 25, 2006

    Тиква, преместување, унапредување и перални

    Преместување

    Ако некогаш решите да се местите од едно место до друго место на живеење во Чикаго или на кое било друго место во Америка она што ви треба е:
    - пари (прво и најважно)
    - комбе (го земав од ју-хаул)
    - пица и пиво за американските помагачи
    - пица, пиво и цигари за балканските помагачи
    - и пак пари.

    Не сум верувал дека преместувањето може да биде толку голем психички, физички и финансиски тромоз. Преместувањето од едно до друго место со сите потребни нови работи низ домот ме чинеше околу 400 долари плус трошоците на моите две цимерки. Нов тепих требало, нови садови, крпи, кревет и разно разни други бакрачи. Велат сум поминал релативно евтино. Ха, да.

    Општествени перални

    За овие година и неколку месеци колку сум во Америка мислев дека сум ги иживеал сите аспекти на американскиот начин на живот, но не било така. Не сум гледал утакмица на американски фудбал и безбол во живо и еј.. не сум перел во општествена перална. Во куќата во која што се преместив да живеам пералната не ми работи а газдарицата (македонка) не сака да чуе да ја поправи па морав да отидам за прв пат во општествена перална - онаму каде што пере најниската американска класа во која што спаѓам и јас. Пералната се наоѓа на околу десетина блока од мене. Ги собрав сите извалкани алишта што ги имав, ги ставив во куферот на цимерката и се качив на автобус по кое што морав да го влечкам уште четири блока. Влегов внатре и видов околу педесетина перални и сушили во сите димензии. Американските перални и сушилни работат на квортери (25 центи) и едно перење во најмалите перални е 1.75 и 0.25 за секои десет минути сушење. Ја ставив сушилната само на десет минути и после си ги најдов алиштата мокри по што морав да ги пуштам уште дваесетина минути за да ги најдам мокри пак. Колку време им треба на едни алишта да се исушат? - го питав мексиканецот кој работеше во пералната - кој со неразбирлив англиски ми одговори дека најмалку треба да ги оставам 40-60 минути зависност од тоа што перам. Луѓето кои перат внатре не се американци, туку најчесто афроамериканци и мексиканци со неколку деца кои што трчаат и врескаат низ пералната и по некој белец - најчесто студент. Кога исправ се изначекав автобус за да се вратам дома пошто морав да го влечкам куферот десет блока пешки.

    Тиква

    Со идењето на есента во Чикаго (море каква есен.. жив студ е овде) се се врти околу тиквите и ноќта на вештерките. Пита со тиква, пијалоци со тиква, шпагети со вкус на тиква, колачи со вкус на тиква. Тиквата е симбол и застрашувачкиот изглед на баровите, продавниците се популари - дури и таксињата. Кај мене дома единствениот `страшен` детал кој што го имам е костурот закачен на лустерот во кујната. Почна да се зборува за забави на ноќта на вештериките, кој како ќе бил и што. Јас веројатно ќе се маскирам во..... имигрант. :)

    Унапредување

    Ако работите за некоја американска корпорација која да речеме во Чикаго има неколку канцеларии, продавници, банки, ресторанти или било што ако некогаш бидете унапредени ќе ве преместат од едно на друго место. Причината била од раководствена гледна точка: оние кои биле на исто равниште со тебе во моментот не баш лесно ќе те прифатат како шеф. Си можел да имаш проблеми со нивното однесување и немало да те земат на сериозно особено ако си створил пријателски односи со нив. Исто ти е забрането да се дружиш и да ствараш било какви емоционални и сексуални врски со оние кои се над и под твоето рамниште. Односот со нив требало да ти биде исклучително професионален. Многу од овие работи ми изгледаат смешни но логични. Поради таа причина сега ќе мора да патувам дваесетина (триесетина во гужва) минути повеќе до работа.

    четврток, октомври 12, 2006

    За луѓето - дел 1

    Хуан седеше точно спроти мене. Хуан е латиноамериканец, мајка му е мексиканка а татко му е од Гватемала . Дојдени се пред околу дваесетина години во Америка. Никогаш не бил во Мексико, ниту пак бил во Гватемала. За земјите од кои потекнуваат неговите родители знае од нивните кажувања и кажувањата на баба му која само двапати ја видел во животот како и од културата која на Американизиран начин му е презентирана. Хуан збори со типично латиноамерикански акцент завлечувајќи на некои зборови, и се обидува да збори и да не му се личи акцентот. Обожава бачата како и такос, буритос, тортас и се друго што е латиноамериканско. Живее во соседство каде што секаде пишува на Шпански, оди во училиште каде што има најмногу латиноамериканци и се дружи со такви. Има по некој црнец и по некој бел пријател како и некои имигранти од земји за кои што не е чул. Хуан не сонува за престижен живот кога ќе се развие како личност - сака да најде мајка на своите деца, да живее блиску до семејството и да работи нешто што не изискува многу од него. Нешто како Бургер Кинг и МекДоналдс. Не мож да си дозволи образование во колеџ. Не ни сака. Сака фамилијарен живот.

    вторник, октомври 03, 2006

    Иде.ли?

    Стојчо фала. Фала ти и Иде.ли што ми го зедовте моето размислување и го ставивте на сајтот. Статијката ми е ставена тука преведена на Бугарски.

    Изненаден сум од националистичките коментари на бившите ми соседи - Бугари. Ха. Читај тука да знаете што мислам за вас. Како не ви е срам така да зборите бе?

    „Македонска му работа - това му харесвало ,онова не !Сърбите как ви изпраха мозъците , не е истина ! Ама живейте си по-живо , по-здраво и не се интересувайте за България , щото нас хич не ни е еня за вас !“ -

    Господине - јас се интересирам не само за Бугарија туку и за цел свет. Знаете ли што е глобализација?

    „единствената разлика между FYROM и Шопска е, че вие успехте да си напраите своја држава, а ние уште сме част од бугаристан. но еден дан че дојде миго на истината и за нас - да живеје независна Република Шопска“

    Ќе најдете ли некој да ви ги „испере“ мозоците?

    „Това неосъзнато българче от Провинция Македония със сръбско име се мисли за оригинален. Нищо оригинално не казваш, момче! Мислиш, че пробутваш тънка ирония - но не ти стиска да стигнеш до преподавателите си в Пловдив. За 4 години явно само си консумирал в България във всякъкъв аспект.“

    Како мислиш не ми „стиска“ да стигнам до професорите ми до Пловдив? Не те разбирам. И сакаш да кажеш дека јас за четири години само сум ја користел Бугарија?

    понеделник, октомври 02, 2006

    02 Октомври 2006

    Поради немање на време и замарање со милион глупости во последно време мојот пост ќе го сумирам во неколку поточки кои би требало да бидат многу поголеми постови.

    1. Во Чикаго се случи нов наплив на имигранти (студенти) кои после патувачка виза решиле да се преместат во Чикаго каде на оние кои јас ги познавам мојот стан им е место за времен престој. :)

    2. Чикаго е премногу тажен и депресивен во последниот период. Чести дождови, грмотевици, паѓање на лисја. Целиот спектар го дополнува џезот на црнецот кој што свири на постојката до мојата зграда.

    3. Веќе година и неколку месеца сум имигрант и разбрав дека за да можеш да комуницираш 100 % со американците треба да си 100 % лицемер и 100 % дипломат, кое не велам дека е е лошо.

    4. Не сум имал слободен викенд веќе половина година и не можам да излезам во Чикаго.

    5. Ролинг Стоунс ќе свират во Чикаго наредниот викенд ако го земам слободен ќе отидам.

    6. Ќе најдам повеќе време за блогов.

    среда, септември 06, 2006

    Ајвар, суканици, телевизија, доги бег и Мадона

    Ајвар во Америка

    Моите комшии Македонци, скорашни имигранти сериозно мислат да забркаат еден ајвар пред зграда тука. Онака да земаат педесетина кила пипер, да го испечат, да се соберат да го изљупат, и да го бркаат. Како место дестинација го одбраа паркинг плацот. Се чудам за колку време ќе им викнат полиција и пожарна. Ха.

    Суканици


    Неќни случајно ми падна во раце едно од изданијата на Чикаго ридер, еден бесплатен седмичен неделник во кој налетав на една статија која ги нарекува фризерите црнци `модерни робови` а козметичката индустрија како таква која што ги експлотира црните луѓе. Пред некоја година им фркнаа закон со кој ги задолжуваат сите кои прават суканици во да се поминале козметологичен курс кој чини многу и одзема многу време. Од тогаш суканиците се гетоизираа. По гето цени, суканици низ цела глава чинат околу $150. Некој заинтересиран?

    Телевизија

    Гледањето на телевизија во Америка е перење мозок. Перење на мозок со реклами. За временски период од еден час 25 минути се реклами кои најчесто ти нудат `ефикасни` методи за ослабување, `поволни` заеми, `јадење со намален број на калории`. Гледањето на `реалити` шоута от типот на Маури са секојдневни и многу популарни. Денеска го ѕирнав и не издржав да го гледам повеќе од 15тина минути. Гето девојки кои не се сигурни кој е таткото на нејзините деца, тинејџери со нивните им сексуални партнери, изневери со браќа и најдобри другари. Баба ми да го видеше, ќе цкаше цело време и ќе велеше колку неморални биле.

    Доги бег

    Сигурно знаете дека тука може се да си земете ту-гоу. Кога мислам се значи се. Сосема нормално е кога ќе седнеш во ресторант ако ти има останато нешто од вечерата да си побараш `доги бег` уствари да ти ја спакуваат останатата паста, пица, стек, компири и било што друго што си јадеш и воопшто не е срамно. После нова година дури ќе може и да си го земеш дома и недопиеното шише вино кое си го порачал. Нема да е лошо и Македонија да се тугоизира а? Келнер, да ми го завиткаш овој ќебап шо се мотка во чинијата?

    Мадона и Ејч Ен Ем

    Не можев а да не се начудам на она што го видов неќна во центарот на Чикаго. Мадона е рекламно лице на една ефтина марказа облека Ејч Ен Ем која им стои подобро на адолесценти и тинејџери. Повеќе би и одговарало ако го рекламира Шанел или Гучи на пример. Она што го носи од озгоре до долу чини околу шеесетина долари.



    сабота, септември 02, 2006

    Фајрфокс маичка

    Си купив фајрфокс и тандербирд маичка. Јако ми стои а?

    вторник, август 29, 2006

    Лица


    Чикаго, Милениум Парк

    недела, август 13, 2006

    Објаснување на непознат отвор


    Тука фрлаш ѓубре. Го имаш на секој спрат. Не мора да се симнуваш веќе до контењер.

    четврток, август 10, 2006

    Доживување на еден црнец и една бела девојка

    Модерна, демократска и капиталистичка Америка, месец јули 2006 година

    Таа е плава, совршени димензии, знаете од оние девојки кога од кога ќе ги погледнеш ти се исполнуваат очите и ти се зголемува сексуалната желба. Тој е црнец, облечен во гето стил, и ланец на врат. И двајцата се во центарот на Чикаго. Решиле да прошетаат низ центарот на градот држејќи се за рака и гледајќи ги човеко создадените згради. Пред тоа биле во бар каде што повеќе излегуваат црни. Тој е менаџер на хотел и заработува над 80 000 долари годишно. Таа е келнерка која не прави повеќе од 24.000 годишно. Тој и е шеф. Нивната врска е забранета.

    Низ центарот на градот е врева и не можат а да не ги забележат погледите на минувачите. Одеднаш почнуваат да се чудат што се случува. Поминуваат пет минути. Почнуваат извици од кола:

    - Црнило, врати се во гетото. Што бараш со оваа девојка до тебе? Врати се таму каде што припаѓаш....

    Остануваат без зборови. Нема што да се каже.

    - Девојко види ме мене, поубав сум од овој расипан црнец. Тој не те заслужува. Ти си секс бомба за него. - извикува пијаница од втората кола.

    Без зборови се, и авторот на овој пост е без зборови.

    понеделник, јули 31, 2006

    Амазон, Гугл, тишина

    Амазон

    Многу одамна бев чул за Амазон, но никогаш не сум купувал од таму затоа што секогаш книгите кои ми се допаѓале или ЦД-то сум го купувал од локалната продавница во која цените се за 30-40% поевфтини од некој гигантски Американски продавач. Не можев да се начудам на брзината и на ефикасноста на Амазон и леснотијата да најдам одговор на сите мои прашања. Плус, ако не ми се допаѓа можам да го вратам продуктот и да добијам моите пари назад. Sounds like a good deal, hugh?

    Шо си купив?

    1. Најдоброто од Македонија, колку да ме фати носталгија пак. :)
    2. Прашина на Милчо Манчевски (отсекогаш сум сакал да го имам во колекција)
    3. Штети на Баже - од македонски автор кој живее во Њу Џерси (ми ја препорача добар пријател)
    4. Mапа на Америка - ќе си ја ставам над креветот во мојата соба



    Правење на пари од Гугл

    Да правиш пари со тоа што ќе го ставиш Google Adsense е фикција во Македонија но реалност во Америка особено ако имаш веб сајт кој добива илијадници посети дневно. Авторот на Диџитал Инспирејшнс заработува околу 1000 долари дневно од неговиот блог во споредба со мене 13 цента и тоа за три недели. Ја откажал работата која ја имал и живее од неговиот лаптоп и неговиот блог. Јас веројатно останувам во мојот кофи шоп.


    Различности

    Што ќе се случи ако се соберат неколку холанѓани, босанци, црнци, македонци и бугари во една соба со присуство на огромно количество на алкохол? Што се случува ако се измешаат лесни дроги, тврдолгавост, гето стил, гостопримливост и танц?

    Избивање на комплекси, судир на спорови, величење на сексот, толеранција, невкусни шеги, паѓање, и параноично смеење. И мамурлук наредното утро.

    Градски психопати: Тишина

    Доказ дека тишината те прави среќен.

    петок, јули 21, 2006

    За мене, Бугарите и Македонците

    *Мое видување после постот на .Анти.

    Секогаш спорот меѓу Македонија и Бугарија сум го наоѓал за банален, нешто за кое никогаш не вреди да се расправа. Додека учев четири години во Бугарија сум чул и сум дискутирал на тоа прашање најмалку милион пати и никогаш не дојдов до одговор кој може да ме доближи или да ме убеди во вистината на една или друга страна. Мојата потполна незаинтересираност се зголеми со одминување на времето кое го поминувавав таму. И сеа као демек сум се бугаризирал а? Разликите меѓу нас новодојдените студенти во Бугарија со Бугарите беа големи не само заради начинот на кој се однесуваме, зборуваме, мислиме туку и за начинот на кој што го движиме секојдевието. Одењето и живеењето на еден студент во Бугарија е преживување на културен шок. Се сметавме себе си за странци и не сметаа за странци.

    Кога дојдов ги сметав Бугарите за странци поради тоа што насекаде имаат место каде што се продава евтино еспресо измешано со вода за триесет стотинки и заради фактот што луѓето толку многу го пиеа. На улица, на автобуска станица, во болница, пред факултет, во канцеларија, во банка, пред хотел. Пиењето на `длго кафе с сметана` не би беше познато мене. И не само тоа, наплаќањето на веце по педесет стотинки, возењето во трамвај, метро, продавање на турбо фолк ЦД-а на места на кои никогаш нема да помислиш дека се продаваат, баничка со боза, правењето „на здравје“ на секои пет минути, начинот на облекување, смешни зборови на кои потајно се потсмеваш со твоите пријатели до ден денеска, секс шопови, геј клубови и демек Бугарки со слободни сексуални размисувања. Демек, Бугарија била земјата во која си ги остварува секој Македонец своите сексуални мечти. Македонските адолесценти се хероји во очите на своите другари од Македонија кои не ја имале таа среќа да ја учат во Бугарија. Во Бугарија е се полесно, во Бугарија е се поефтино. Илиенци е првата трговска дистанца на македонскиот шопер, бугарските стриптиз клубови и проститутки се една од дестинациите во бурните емоции на Македонците. За еден Македонец за спие со Бугарка е гордост, Македонките за Бугарите се палави и малку недофатливи. Ако една Македонка спие или оди со Бугарин е срам за уши на некои луѓе. За еден Бугарин да оди со Македонка е знак за двоумливост и непознатост за неговите родители. Ако еден Македонец донесе Бугарка во Македонија таа е секогаш тема на разговор на роднините и озлобените комшии. Ние, самите помеѓу себе си ги стваравме тие разлики и тоа многу често го правевме намерно. Бев наоѓан како странец помеѓу Бугарите затоа што слушам музика кој не е позната за нив, книгите кои ги читав, ајварот кој го јадев и тоа што уживав некои привилегии кои тие не можеа. Бев наоѓан странец заради тоа што викав „ако“. Многу од нив ја сметаа Македонија за многу понапредна земја заради која си полнеа гради многу Македонци или пак заостаната земја со народ на кој што му е испран мозокот од Тито. Тие не веруваа дека за времето на Тито моите живееле убаво и изградиле свои домови и кариери, за разлика од нив кои ги немале тие привилегии за времето на Тодор Живков.

    Спорот и фрустрациите од него не беа само потикнувани од цимерот, комшиката од соседната соба туку и од професорите кои најчесто даваа кратки но многу смислови коментари, прашања или реплики. Многу ретко имаше некој кој ќе ја подржи гледната точка на 18 годишно момче кое за прв пат излегува од дома и со ентузијазам го учи тоа на што се запишал или препишува на испити затоа што неговите родители доктори го испратиле да учи Медицина во Варна затоа што во Бугарија повеќе се наблегало на практиката. Да, може е точно. Точно е дека постои дискриминација на Бугарите во Македонија. Постои и дискриминација на Македонците во Бугарија. Се слушаше дека една Македонка не ја примиле во еден Бургаски ресторант на работа затоа што била од Македонија и затоа што зборела многу смешно. Еден мој пријател Бугарин бил исвиркан од Македонци во една скопска бурекџилница.

    Според мене еден интелигентен човек никогаш нема го потикне тоа прашање затоа што ствара разлики меѓу луѓето и става бариери меѓу нив. Сега, далеку од местото каде што се создава тој спор за тоа дали си Бугарин или Македонец не е важно. Со Бугарите работиш, со нив се дружиш, одиш во Бугарски продавници, јадеш, пиеш кафе, живееш со нив или создаваш семејство со нив. Јас делам секојдневие со Бугари и ги чувствувам блиски како мојот Македонски народ. Начинот на кој што зборувам Бугарски е како на Бугарин роден во Бугарија и мојата цимерка особено кога ќе голтне неколку чашки со алкохол почнува да ме бакнува и ми вели дека ќе ме памети цел живот.

    Јас ги сакам Бугарите и Бугарија заради тоа што ми го дадоа образованието, ме стегнаа како личност и ме научија да размислувам. Ги сакам заради тоа што создадов пријателства кои ги паметам цел живот и девојки со кои што сум поминувал неверојатно. Ги сакам заради комшиката од преку врата која ми идеше на македонско кафе, за колегата кој идеше кај мене да зема протоколи. Заради цимерот кој си ги миеше чорапите во судоперот и за милин мали ситници. Ја сакам Бугарија и ги сакам Бугарите.

    Јас ги сакам различностите, тие не треба да не разделуваат.

    Бобан

    среда, јули 19, 2006

    Религијата, Горан Брегович и метрото

    Религијата и нејзината важност

    Зошто треба да се важни религиозните верувања на двајца во една врска? Муслиман и христијанка? Протестант и православна? Будист и католик? Важно ли е ако двајцата планираат некаква иднина едниот од нив да си го провери начинот на верувањето за да можат заедно да функционираат како едника?

    Зошто? Зошто да не се живее со различности? Така е поинтересно.

    Пред некој ден разговарав со еден протестат кој цела вечер ме убедуваше дека начинот на кој верувам во Господ е грешен. Црквата преставувала само зграда а бакнувањето на икони глупости. Слушањето на било каква музика освен црковната е грев. Тој верува дека Бог ја создал земјата а заедно и Адам и Ева. Верува и во Ное и неговата арка.

    Ма, give me a break man. Тоа се само приказни. Се навреди за тоа и ми кажа дека тој ова го правел затоа што неговиот начин на верување го тера да го шири зборот на Бога.

    Ми рече дека пред да умрам ќе си го видам цел животот и дека ќе одам во пеколот. Ако постои таков, де.

    Горан Брегович во Чикаго

    Мислам дека нема добра комуникација меѓу имиграцијата во Чикаго. Дури и ниту помеѓу балканската емиграција. Знам барем, дека нема добра комуникација меѓу Срби и Македонци. Во моментот кога дознав дека Горан Брегович заедно со неговиот оркестар со чудно име свири во Милениум пар беше петнаесетина минути од ко е почнал. Откажав се со имав и го фатив првиот автобус до центарот до Чикаго. Кога се приближував до местото каде што свири не можев а да не се насладувам на оние фолк елементи кои ги има балканската фолк музика. Звукот на трубата е неверојатно весел и распололжив. Се почувствував дека сум на балканите.

    Пиво, труба, ора, српски и македонски знамиња. Уште скара фалеше. И другар ми Аце со тарабуката.

    Метро... забрави... Подобро да одиш пешки.

    Пред околу некој ден разбрав дека излегол од релсите еден од возовите на “плавата линија“ во Чикаго и тоа додека бил во центарот на градот. Луѓето биле заклештени на одредено време таму и после биле евакуирани. Имало повредени и околу 150 биле однесени во болница. Тоа се случило околу 17:40 часот а јас бев во центарот на градот во тоа време и околу околу шест часот фатив друго метро. Што ако сум решил да се качам на истиот тој воз дваесет минути порано? Scary.

    среда, јули 05, 2006

    Размисли (1)

    Проактив заработувачка

    На сајтот на А1 наидов на реклама на Проактив Солушн - знаете она средство кое “неверојатно ви помага да ги остараните вашите акни“ и тоа го прави за само 3690 денари плус поштарина. Ако отидете на американската верзија на истиот сајт истите работи можете да ги добиете за 59 долари. Тоа се околу 2450 денари што значи дека е 1000 денари поефтино во Америка. Некој да не сака да му порачам и да му го испратам во Македонија со соодветен конвиниенс фи?

    Зошто негледам фудбал?

    Еден муштерија денеска во кофи шопот ме праша дали сум гледал натпреварот вчера. Јас незаинтересирано му одговорив: "Кој?". Па натпреварот вчера вашите италијанците во ресторантчето до вас се беа собрале и го затворија ресторанот за два часа. Ти нели си од балканите кај вас е популарен фудбалот? - ме запраша љубопитно. Па да му реков ама јас не сум од оние на кои не толку им се зголемува адреналинот кога гледаат фудбал, јас не сум sport type of guy. Ме погледна зачудено и си замина. Се запрашав од кога Американците толку се запалија по фудбал и почнаа да го занемаруваат безболот и рагбито... и голфот?

    Има избори во Македонија?

    Неверојатно е колку малку луѓето знаат од кога ќе се иселат за Македонија и тоа што се случува во секојдневието. Неќни во муабет со една девојка од Кавадарци (живее 5 години во Америка) почнавме да правиме муабет за Македонија.

    - Абе кој мислиш дека ќе победи сега на изборите?
    - Не сум сигурна ама можно е ВМРО затоа што овој Борис Трајковски ќе замеша прсти.
    - Борис Трајковски???? Па тој е мртов! - возвратив збунето јас.
    - Мртов?? Зарем тој не е престедател на Македонија?

    Заклучив дека на девојката и недостасува винска терапија.


    Геј парада Чикаго 2006

    Да, ја гледав геј парадата во Чикаго оваа година. И беа една од најнеобичните работи кои што сум го видел во животот. Зошто не ставив слики? И јас не знам точно. Верувам во еднаквост, толеранција и никогаш не ги гледам со дискриминација луѓето кои избрале (или така биле родени) да спијат со луѓе од истиот пол. Бај д веј имам пријатели хомосексуалци. Едната од нив е лезбејка, која моментално работи како камионџика во Чикаго, а овој другиот е фризер. Kој вели дека има машки и женски професии? Сватив и дека има мажествени хомосексуалци.

    Дали сите луѓе заслужуваат да живеат?

    Неќни гледајќи ги to-go чашките во кои што ги сервираме кафињата во мојот кофи шоп и на кои на нив се наоѓа најчесто некоја инспиративна мисла, дојдовме до една која вели дека секој човек заслужува да живее и дека ако се убиваме едни со други тоа значи дека не сме луѓе туку животни. Од тука една неверојатно интелигентна црна девојка ја запраша колешка си:

    - Ти мислиш ли дека Садам Хусеин и Осама Бин Ладен заслужуваат да живеат?
    - Другата одговори: "Да". Садам Хусеин не е одговорен за рушењето на близначките во Њу Јорк иако има Американци кои уште веруваат во тоа.

    Садам Хусеин одговорен за 9/11? Што ли им сервирале вестите во 2001?

    вторник, јули 04, 2006

    Лош ден или како го поминав 4-ти Јули

    Еве веќе е 8:50pm по Чикагско време. Времето надвор е убавина. Не е топло, си дува ветар а јас не можам да излезам надвор затоа што ја чекам пералната да ми испере веќе 2 часа. Пералните кои ги имаме на првиот спрат од зградата се од четириесетите години и сопственикот на зградата нема абер да ги смени затоа што претходниот сопственик на истата зграда потпишал договор со фирмава на 20 години! Кој луд човек потпишува договор на 20 години? И не само тоа, и не перат како што треба.

    Синоќе беа официјалните огномети по повод денот на независноста. Решив да отидам во центарот на градот затоа што најавуваа огромен спектакал. Толку и успеав да стигнам до центарот затоа што сите главни улици беа блокирани и полни со луѓе. Шоферката на автобусот пцуваше вметнувајќи некои гето фрази кои не беа познати на моето лингивстично уво. Се симнав од автобусот на неколку блока од ценатарот и почнав да одам и да го барам местото каде што работи мојата цимерка затоа што требаше да ја пречекам. Го најдов. Одевме по центар и не можев да се разминам од толпата на луѓе која ја гледам. Ни се јави една пријателка и не викна кај неа на зградата на 30 спрат да го гледаме огнометот. Отидовме таму, се качив на на сан-декот на 30 спрат и не успеав да видам ништо. Го испуштив огнометот - тој само што престанал. Траел 20тина минути.

    Наредно утро. 4-ти Јули. 7:00 AМ јас се наоѓам во автобусот до работа. Влегувам во мојот кофи шоп. Народ еден куп. Кафиња летаат ко алва. Лате, капучино, фрапучино дури и ги сонував после. Си дојдов дома во три, и отидов да си купам корејска храна. Јадев благо месо, блага салата, блага супа!!! Ме фати носталгија за гравот кој го правеше мајка ми секој петок. Легнав да спијам. После ја пуштив оваа проклета перална и седнав да го пишувам овој пост. Се чудам дали е завршила?

    Изгледа имав (уште) еден лош ден.

    петок, јуни 30, 2006

    Грев


    Чикаго, 24.06.2006. Протест.

    понеделник, јуни 19, 2006

    четврток, јуни 15, 2006

    Јас, еден бар, колешката лезбејка и станот

    Многу ретко се замислувам за културните разлики меѓу мене како човек од балканот кој сакајќи или не сакајќи во себе си ги носи оние традоционални навики кои ги стекнал под влијание на општеството и моите дома. Не само за гостопримство како цело туку и начинот на кој што ги доживуваш своите гости. Сум забележал дека помеѓу американците нема време за многу пријателства - сите водиме бизи лајф стајл. Најголемите пријателства се прават во основно училиште, средно и колеџ. Од кога ќе почнеш сериозно да работиш она на кое што најчесто мислиш е твојата кариера а не твоето семејство. Може и да е е индивидуално.

    Денеска после работа излегов со колеги од мојот кофи шоп. Откако неколку пати ме поканија, решив let's give it a try. Седнавме во еден локален бар и ги врзавме бљуткавите американски пива кои од кои колку и да се обидуваш не можеш да се напиеш брзо. Барот беше типично американски: проверка на лична карта на влез, шанк столови околу него, неколку маси, билиљард и џубокс. Музика не се слуша од џубоксот и внатре само се слушаат гласовите на пристутните и одѕвонливиот звук на ударената билиљарда топка. Шанкерката е локална девојка на која што вујко и го држи кафичот и она за што работи е поголемиот бакшиш. Има дете и не живее со човекот на својот живот. Околу билиљардот се оние демек американски вестерн типови кои носат каубојски шапки, мајца на рамки и левис фармерки. Неколку девојки пијат пиво и ги набљудуваат мажите кои што влегуваат внатре. Сите чекаат некој да стави еден долар и да си пушти песна на џубоксот. Почнува музиката, слушам кантри музика и се обидувам да уживам. Уствари, пробувам да се обидувам.

    Тогаш почнав да се замислувам за културните разлики. Чудно ми е. Се зазборевме со колегите и утврдив колку многу се согласуваме а колку се разминуваме на некои теми. Почнавме да збориме за европски фудбал кој поради светското станува изненадно популарен и гледан кое не било случај порано. Се префрли темата на американски фудбал, на бејзбол. Сфатив колку малку знам јас за тој спорт. Никогаш не сум видел рагби и безбол во живо, дури и правилата не ги знам. Се создаде пречка во комуникацијата. Требаше да ја смениме темата. Кога некогаш ќе го забележат мојот европски акцент многу често ќе и станам интересен и ќе почне да ми поставуваат 1000 прашања баш онака како што беше кога дојдов во Бугарија. Се претварав во времена ѕвезда - гледана од љубопитните очи на Американците и Бугарите.

    После неколку пива бев поканет кај нив дома (двајцата од нив се цимери) едната од нив претерано маскулинизирана девојка а другиот феминизиран маж за кој подоцна разбрав дека таа е лезбејка а тој геј. Влегуваш внатре и се качуваш по скали како во тунел баш како во оние гето американски филмови и едвај чекаш да дојдеш до влезот на станот. Влегуваш во станот и сфаќаш дека гледаш стан на онаа вистинската американска средна класа. Тие се двајца од оние американски деца кои идат од предградијата и само што се преселија во д биг сити. И двајцата работат во кофи шопот и работат и живеат од плата до плата и имаат големи мечти за кои секогаш се трудиме и другите секогаш знаат за тоа. Тие не бараат политички функции; тие се од оној тип кои сакаат да отидат во школо за готвење и школо за звучен инжинеринг. Прво нешто што се прави е се проверува пошта. На девојката и стигнуваа нејзиното омилено списание за готвење а на дечкото му стигнува сметката за неплатената рата од последната гитара која си ја купил за која има планови да побара пари од мајка му. И се надева дека ќе му ги даде.

    Кујната и изгледа како онаа типична американска кујна во која висат тенеџериња од таванот за кои мислиш дека ќе паднат секој момент кога ќе фати промаја од прозорецот. По ѕидовите можеш да го видиш целиот готварски прибор со кој ако јас решам да готвам повеќето од него ќе остане неискористен. Во дневната се наоѓа страста на дечкото. Гитари, миксети. Влегувањето од едната до другата соба ти изгледа како промена на светови. Седнавме и продолживме на уште бадвајзер. Девојката ги зготви најубавите шпагети кои сум ги јадел во животот. Откако си ја заситив мојата гурманска душа и не можев да ја тргнам нејзината мачка почнавме тема на муабет кој, како и што сака во животот. Тие се големи ентузијасти и прерано созреани луѓе кое во себе си ги носат кантрисајд навиките понекогаш. Ми кажаа дека се со хомосексуална ориентација, кое малку ме изненади и веднаш ми се срушија сите стереотипи кои што ги имав за таквите луѓе порано.

    Тргнав дома и морав да си фатам такси. Таксистот беше некој арабин со шамија на главата кој не знаеше англиски. Ги имаше оние страшни арабски очи - изгледаше на терорист. Сфатив колку е разнобразна Америка.

    понеделник, јуни 12, 2006

    Español

    Ептен се ќефам. Моби ме фали по блогосферата. Јас сум еден од најдобрите блогери? Можеби... Интересно... Фала Моби. Абе велат фалбата била р`ѓа?

    Откато некако (читај едвај) успеав да излезам од мојот депресирачко-радосниот период во кој што не можев да си ги одредам чувствата и на моменти се радував а во други моменти тагував - сега сум здрав и почнав да функционирам како битие. Времените депресии ми се најтешки кои веројатно ѓи фаќаат сите (или само мене). Бев во процес на сменување и барање на подобро платени работи за да можам да станам малку повеќе долари на мојата банкова сметка, Почнав да работам во еден италијански ресторант.

    Некој за паста алла бутера? Калимари фрити? Лингвини? Витело Сасси? Знам. И јас некогаш немам појма. Немам врска ни какви се ни што се јадењата и ги гледам како нешто што никогаш не сум го видел во животот. Се чудев 10 минути кога ми кажаа дека има десет видови на шпагети. Всушност не се шпагети, шпагетите се само еден вид на италијанска паста. Се е до изгледот, а не до вкусот - барем така јас мислам.

    Во ресторанот работам две функции. Едната ми е assistant floor manager, а другата ми е келнер. Асистант флор менаџер? И јас дури не си ги знам сите функции кои што треба да правам, само знам дека она што го правам во моментот е што изигравам шеф и одговарам на телефон. Работата е што ме плаќаат убаво. Инаку не би ја работел работата. Досадно е. Особено кога нема живо пиле да влезе во ресторантот. Да се биде шеф и не било толку тешко особено кога си шеф во ресторант во кој што 80% од луѓето кои работат се мексиканци на кој англискиот и е горе долу никаков. Слушаат. Не се жалат. Работат што ќе им кажеш, иако знаат некои работи подобро од мене. Јас сум секогаш фин со нив и се правам пријателства и ми се допаѓа што многу ретко има проблеми со нив.

    "Soyo еn mejor" - ми рече едно 14 годишно мексиканче кое работи во кујната и дошол во Америка пред 2 месеца. Не знае грам да откачи англиски. Тоа значело „Ти си најдобар“. Заслугата ја добив откато му дозволив да си земе џус од ананас кој е само за муштерии.

    Почнав да учам и Шпански и се покајав зошто сум го менел каналот на латино-американските серии во Македонија. Се зезам.

    А да почнав и да дегустирам италијански вина. Една од вечерите од дегустација ми премина на сериозно пиење.

    Адиос Амигос. Несесито ир а трабахар. А?

    петок, јуни 09, 2006

    Некои размисли



    Кога не сум пишувал повеќе од една недела, и кога она што го пишувам на сајтот не е кој знае што тоа значи дека ми се случува или нешто многу забавно или нешто депресивно.

    Нема да ви кажам што е. :)

    Ви се случило ли некогаш во животот да ви се разделат патиштата со многу добар пријател?

    Се сеќавате ли како сте се чувствувале кога ви се исполнува некоја голема желба?

    На мене ми се случуваат и двете. Ќе пишам скоро, сега одам до плажа.

    вторник, мај 30, 2006

    (не) Ветровит град

    За време на последниот викенд научив некои работи за Чикаго кои не ги бев знаел до сега, како и си поставив некои прашања:

    1. Чикаго не се викал "Ветровит Град“ заради ветровите туку за политиката која ја води. Побарав факти и не ги добив.

    2. 60 % од Американците што ги прашав не можеа да ми објаснат зошто се празнува Мемориал Деј, на она што мислаа беше пиво, скара, напивање и дрога. Мемориал Деј се празнува на исти начин како 1-ви Мај кај нас.

    3. Со пиво и скара се одава почит на загинатите за време на граѓанската војна во Америка, како што ние протестираме против лошите работнички услови во Македонија за време на 1-ви Мај.

    4. Температурите се огромни, се чувствувам како да сум се вратил во Алабама. Колкава ли ќе е температурата во Јули?

    5. Почнаа да идат нови Македонски имигранти (студенти) во Америка. Колку од нив ќе останат, колку ќе се вратат назад?

    четврток, мај 25, 2006

    Јас, летото, бајк д драјв, ЛГБТK и моите планови

    * Сајтот ми е лицензиран под Creative Commons лиценца кое значи дека може да ги користите постовите и сликите како што сакате се додека го посочувате изворот и авторот. Можете да правите модификации а и да им дозволите на другите да го прават тоа. Се што е ваше треба да го потенцирате и да го пуштите под иста лиценца. Всушност тоа има ли важност во Македонија?


    Еј, не пишувам нешто во последно време! Чувствувам недостаток од импресии и од секојдневното гледање на едните исти работи кои сум ги видел милион пати.

    Важно е што со цимерките решивме да почнеме да ги посетуваме сите случувања во Чикаго имајќи на ум да не трошиме многу од тешко заработените пари од правење на кафе и сервирање на луѓе и се обидуваме да задржиме некој баланс на нашите бакнови сметки. Па нели ќе се јават од Македонија да им испратиме некои пари. Не, не, не штедиме ние толку многу. Јас се чувствувам како имигрант-печалбар-турист кој работи а и троши се за развитокот на Американската економија обидувајќи се горе - долу да задржи некој баланс и да го зголеми присуството на пари на бакновата сметка.

    Многу често не ми успева и само се жалaм колку пари трошам.

    Планот како да го поминам ова лето во Чикаго работејќи две работи на еднаш (обидувајќи се исто да фатам нешто од светското по фудбал) :

    Во недела на 28 ми мај ќе тркнам до Лејк Шор Драјв кое се наоѓа на околу 5 минути одење пешки од местото каде што живеам за да го видам т.н. Бајк д Драјв (возење на велосипеди) . Лејк Шор Драјв е најзафатениот пат во Чикаго движејќи се по езерото и е одличен начин да стигнеш брзо од јужниот до северниот дел. Возењето по Лејк Шоре Драјв до центарот на Чикаго е неверојатно доживување особено ноќно време. За момент Чикаго ти изгледа најосветлениот град во светот. На 28 ми мај целиот пат ќе биде затворен за неколку часа за да се потикне свеста на луѓето да користат повеќе велосипеди отколку автомобили, како и протест против претерано загадениот воздух. Не се диши тука некогаш, искрено.

    На 2 Јуни веќе сум решил да отидам на Чикаго Госпел Мјузик Фестивал кој одава почит на старата и новокомпонираната госпел музика со над 40 изведби. Една можност да се види такво нешто.

    До 24 Јуни ако не мигрирам од Чикаго времено, може да видам некои изложби и некои други тракатанци додека не почне светски познатиот Прајд Фест и Геј парејд Чикаго. Фактот дека живеам веднаш до почетокот на т.н. Геј Таун или Бојс Таун каде што може да се види слободниот дух и успешноста на ЛГБТ заедницата во Чикаго. Ова е делот од Чикаго каде што се рушат сите социјално прифатливи норми. Тука е цутот на истополовите врски, тука се еден куп геј барови. Сосема нормално е да видиш вљубени истополови двојки како се водат за раце, разменуваат бакнежи. Тука погледите меѓу мажите и жените се со друг карактер. Наредниот ден почнува геј парадата во Чикаго (може Массо ќе има свои учесници) и тоа почнува од моето мало. Да видиш истополова двојка тука е исто како да си купуваш кафе наутро. Повеќето хомофоби мигрираат од моето мало додека се случува тоа. Јас може да излезам да направам некоја слика со дигиталниот апарат. Геј парада не се гледа многу пати. Ха.

    После тоа, може го видам Филмскиот фестивал на Чикаго, после т.н. Водно и воздушно шоу, а и нема да го испуштам и Џез Фестивалот.

    I am booked for the whole summer. Ќе успеам ли да излезам од Чикаго?

    среда, мај 17, 2006

    Барање работа и тоалетна хартија

    *Дел 2. Дел 1: Најдобриот пријател со човекот . Секојдневие во Америка.


    Во автобусите најчесто се забележува сликовитоста и навиките на Американскиот народ. Лево, црна девојка бара работа во еден од најпопуларните неделници во Чикаго (www.chicagoreader.com). Десно, жена во средни години со покупки на тоалетна хартија од ланецот на супермаркети JewelOsco кои беа први кои ја воведоа методата “Платете со допир“ метод на плаќање со скенирање на отпечатоците на прстите.

    четврток, мај 11, 2006

    Носталгија

    *Mood: Nostalgic. Пред мојот лаптот. Дејствието се одвива во продолжение од неколку дена.

    Деновиве, се наоѓам во некоја времена Интернет носталгија кон балканите , почнаа да ми недостасуваат пријателите, родителите, и сите оние тинејџерски и адолесцентни моменти кои сум ги преживеал во Штип и во Пловдив...

    И се заради тоа што се зачленив во ВИП секцијата на Носталгија и си ги симнав сите оние стари хитови од времето на моите: Рибља Чорба, Црвена Јабука, Дивје Јагоде, си го симнав и албумот на Анастасија од „Пред дождот“ како и онаа филмска музика на сериите кои како мал сум ги гледал на Београдска Телевизија. Бољи Живот и Сречни људи и те какви фамилијарни серии беа... Се сеќавам колку се нервирав кога не го фаќавме сигналот на телевизијата или кога имаше слика немаше глас или обратно. Сега тие серии се заменија со Латино Американски. Тоа ти се вика глобализација.

    “Сиви Дом“ ме потсети на еден мој пријател кој ужасно добро свиреше на гитара. “А ти ме изневери“ ме потсети на првата љубов. "Ружица си била" на првиот секс во животот.

    После преминав на Македонски фолклор... Сестра брата кани на вечера... Зошто си ме мајко родила... Зајди Зајди јасно сонце.... Сите девојчиња мамо се мажија...Слушнете ме другарки... Дури сега сфаќам колку малку сум го почитувал фолкорот во Македонија и она што не прави различни и посебни. Македонскиот фолклор е богат и неверојатен и срам ми е што толку малку знам за него. Да ме прашаат едно обично прашање за Македонскиот фолкор веројатно нема да знам да го одговорам заради некои глупави тинејџерски принципи дека тоа не било ИН туку биле Њу Кидс он д Блок. А да тука се појавија и Бекстрит Бојс и Спајс Грлс.

    Цимерката ми се развика после некое време. Ми рече дека песните биле многу носталгични. Мене носталгијата ме држи веќе неколку дена.

    И А1 сака да ме натера да си купам ЦД-еа од Амазон.

    вторник, мај 09, 2006

    Исполнета желба

    * Ги украдов сликите. Цимерката ми ја беше зела дигиталната камера. Ова е еден од оние "Колку е прекрасно во Америка" постови. Ако не ти се чита, не продолжувај.

    После толку време, иако веќе 7 месеци живеам во Чикаго (и јас не ги знам причините!) се качив на Џон Ханкок втора поголемина зграда во Чикаго и пиев кафе, пиев коктел и јадев десерт на 96 спрат без да го имам задоволството да запалам цигара. Не се пушело горе поради тоа што се сервило храна. Ха, новиот Американски закон ме фати.

    Радувајќи се за фактот дека ќе видам нешто ново влегов таму од влезот каде што се качуваш нагоре, почекав 5 минути за лифтот и се лансиравме нагоре. Богами и лансирање ли беше тоа...Осетив огромна болка во моите уши и почнав да се прозевам. Сфатив дека повеќе време одзема да стигнеш од први до пети спрат во зградата во која што јас живеам отколу до 96 спрат на Џон Хенкок. Иако од надвор изгледа само како зграда направена од метал, груба на форма, и иако не ми се допадна уште првиот пат кога го видов она што го видов внатре и горе ми ја смени целата престава.

    Влегов внатре. Ја здогледавме таблата Please wait to be seated. Чекавме околу 5 минути и седнавме 2 метра од погледот кој толку време очекував да го видам. Седнав и уште не погледнав. Ја дигнав глава и ја завртив десно за околу 180 степени и разбрав дека ја гледам една од најубавите гледки кои што сум ги видел во животот...

    Ми се исполни желба.


    среда, мај 03, 2006

    Јас сум нелегален

    Јас живеам во Америка. Моето име е Педро, Ристе, Јелена, Aндрзеј, Петја, Риза, Јанго, Мухамед, Шила, Чан Жуан, Ален. Всушност ние сме некаде околу 12 милиони. Ние дојдовме во Америка на овој или на оној начин и работиме како:

    - собочистачи, паркирачи на коли, готвачи, келнери, градежници, мијачи на садови, дормени, автомеханичари, земјоделци, сточари, перачи.

    Јас сум економијата на Америка. Јас сум нелегален и сега не се срамам да го кажам тоа. И синот ми е нелегален тој беше роден тука. Едвај успеав да добијам социјален број или користам нелегален. Работам таква работа кои Американците не сакаат да ја работат и тоа за најмала плата.

    Јас излегов да протестирам. Јас не сум терорист и избегав од бедата од мојата земја, од неможноста да врзам крај со крај. Избегав од комунизмот, од репресијата на мојот политички систем.

    Криминалец ли сум?

    Линкови:

    Јас додека протестирам.
    Јас на протест во Чикаго.
    Новиот предлог закон кој ќе легализира околу 10 милиони и ќе врати околу 2 милиони дома.
    Статија за мене.
    Јас во LA.
    Вести на Гугл за мене.


    Поздрав,
    12 милиони нелегални имигранти.

    вторник, мај 02, 2006

    Чизбургер задоволство

    Измислен е пред точно 73 години оној ден кога на некој му текнало да залепи американско сирење до месо и да ги стави на лебчиња. Се јаде со компири и нема врска дали порачувате Биг Мек, Дабл Стек, Дабл Чизбургер или било како друг вид. Чизбургерот е толку глобализиран и си има свои земјо специфични модификации - зависи каде се конзумира. На подолните слики се гледа задоволството на имигрантите кога јадат Чизбургер - дел од Американскиот сон... (ова ми се пријатели од Холандија во изменета состојба на умот - среќа што не разбираат Македонски)

    недела, април 30, 2006

    Секојдневието, јас и услугите

    Синоќа излегов со колегите на куглање, знаете онаа игра каде што има десет кегли и топка и целта е да ги удриш сите најдобро од прва користејќи соодветна куглачка техника (концентрација, мерење, положбата, обувки, тежина на топки, и начинот на поставување на маслото на патеката) која што очигледно јас не ја поседувам. Ха. Дури и една 17 годишна колешка која работи со мене ме победи. Умрев од срам.

    I am not from USA, so what? Што мислите во Штип сум имал шанса да куглам? Каде, во дворот на баба ми?

    Сите колеги ми се изначудија на мојата неамериканска пристапност кон овој според мене т.н. спорт кој јас во Македонија сум имал шанса да го видам само на цртаните Флинстонс.

    Всушност поводот на тоа собирање беше т.н. leaving party на мојата асистент менаџерка за која што плаќа фирмата во која што работам. Иако поимот “забава“ за мене и за нив е различен - мојот американизиран балкански ум дојде до иста како нивната фреквенција. Порачавме пиво додека куглавме, пица па дури и имавме и играчки и свирки за дигање на расположението која кај нас ги има на детските забави. Иако со некои колеги може и да не се поднесуваш на работа секогаш е морална 100% лицемерност и глумење на големо изненадување кога ќе го видиш или кога ќе ги удри сите кугли. You must be happy about it, you get it?

    Него... Зошто треба луѓето да се толку лицемерни и толку вештачки во Америка? Зошто треба да се претопуваш во подвижна кукла која што се смее? Зошто насекаде каде што отидеш те пречекуваат со насмевки и кога ќе те услужуваат те третираат како да служат некоја позната личност? Зарем не ти е дозволено да имаш некој ден bad day?

    Дојдов до одговор кој е толку очигледен. За пари. За да се вратиш пак на истото место и да потрошиш пари. За да потрошиш уште повеќе пари наредниот пат.
    А што се однесува до врските меѓу луѓето насмевката и делумната лицемерност ја олеснува комуникацијата, ги зближува луѓето.

    Имам желба да се видам како ќе се однесувам со луѓето кога ќе се вратам во Македонија. Ќе ми бидат ли сменети разговорните навики? Ќе можам ли да комуницирам 100% успешно без да користам Англиски зборови? Ќе можам ли веднаш да ги научам новите жаргони? Ќе можам ли да си ги сменам олеснетиот Американски начин на функционирање со тој во Македонија? Ќе ми биде ли чудно кога ќе влезам во продавница и нема да можам да платам со кредитна карта? Ќе ме гледаат ли на страна луѓето кога ќе го земам лаптопот и ќе седнам во некое Штипско кафе? Ќе можам ли да си го земам кафето to-go?

    Веројатно не од повеќето работи. Чудно е како луѓето толку брзо навикнуваат и стануваат зависни од начинот на кој што живеат и на кој што функционираат како битие со сите пропратни фактори. Ние сме зависни од општеството, зависни сме од другите луѓе и сите функционираме и не функционираме заедно. Всушност ако си направиме да функционираме и тоа и ќе биде, ако не ќе си отежнуваме.

    Сеуште ми е на ум жената која не сакаше да ми го смени расипаниот јогурт во училишната бурекчилница и онаа која не сакаше да ми даде торбичка затоа што сум купил само еден а не два леба. Или оној кој не сакаше да ми даде мајонез за сендвичот во една штипска сендвичара. Која услуга. Ужас.

    И не е чудно што начинот на функционирање на секојдневниот живот повеќе им се допаѓа на кои што и дошол тука.

    Луѓето се навикливи. Јас би се нарекол навикнувач. Јас го сакам лесното.

    четврток, април 27, 2006

    ЈАС ИМАМ ПРАВО НА СЛОБОДЕН ГОВОР!

    Промена

    Иван од Мкхост.орг - човекот кој се грижеше за хостингот на сликите на блогов ми зададе малку главоболка... Му паднале серверите и мораше да го сменам банерот и мојата омилена гугл слика. Фала се надевам дека се ќе функционира тип-топ како порано. Фала и на Вуна за банерот. Ќе го досредам деновиве блогов; му треба малку римејк. Инаку блогов направи веќе една година... Фала за оние што ме читате редовно и тоа што мојата реалност е дел од вашиот виртуален свет.

    П.С. Си купив Blogger маичка.
    П.П.С. Го гледав Scary Movie 4 денес. Колку глупа пародија.

    петок, април 21, 2006

    Не сме дома

    Станот ми е разбубавен празнично на Македонски начин во Чикаго. Иако на цимерката ниту едно јајце не и испаднало црвено. Наместо црвени станале розеви.

    Пред Велигден, така делумно (не) расположен решивме да отидеме до една Македонска црква за која без ништо да знам направив малку рисрч на Интернет. Единствената Македонска црква која ја најдов се наоѓа на околу 20тина минути возење од кај мене, со автобус околу 40тина минути. Решивме пред да отидеме да се јавиме на телефонскиот број оставен на нивниот сајт. Ми се вклучи поштенското сандаче:

    "We are not home right know. Leave us a number and we will get back to you later." - зборува длабок машки глас.

    Цимерката на тоа одговори: "Was I speaking with Jesus right now?"

    И се упативме до една Бугарска црква. Колегите блогери ќе ми се лутат, знам дека се во взештени дискусии сега.

    недела, април 16, 2006

    Забавите, цимерките, излегувањето, Американскиот танц и една порно ѕвезда

    Голем проблем на еден Чикаговец или уште подобро човек ко мене за кого нема суштинстки термин за да каже каков е тој всушност е да најде место да излегува. Од неможност да ги истпри заборави на оние типични турбо фолк, поп, треси гради српско, македонско, бугарски забави кои ги прават во имигрантските кафулиња во Чикаго и реши да се втурне во оние Американските неколку спратните дискотеки. На времето беа места каде го воодушевуваа од огромноста, декорацијата убавите жени а сега се само место на кои што го крадат бартендерите и троши 70+ долари. Многу а? Знам.

    Како и да е. Излегувањето во Чикаго може да биде доживување. Се враќаш од работа се тушираш, се спремаш, ги чекаш цимерките да се спремат на една од нив спремањето им одзема час и половина. Претходно си го земал наредниот ден слободен за да можеш да поспиеш затоа што не е лесно да си исконзумирал галони од алкохол и да станеш со чиста свест наредниот ден. Вие и без тоа знаете како е.

    Низ вратата ти влегуваат колеги и колешки додека цимерките уште се спремаат во вецето од кои што едната си ја исправува косата, другата си става кармин а третата ти се покажува и те третира за некој модел консултант.

    Излегуваш и се обидуваш да најдеш некаде бесплатен паркинг кој никогаш не го наоѓаш и ти останува да платиш паркинг 20 долари за четири часа. Се обидуваш да влезеш во дискотеката (Excalibur) пред која има фејс контрол и во која за да влезеш плаќаш 15$ додека жените ги пуштаат на принципот "Ladies are free tonight."

    Влегуваш внатре и гледаш секакви видови луѓе. Кинези, Мексиканци патриоти кои носат блузи со мексикански знамиња, дебели црни девојки кои во Македонија ми изгледаа смешни. Како и секогаш ја гледаш девојката со шот чашички како ти нуди водка за само 5 долари без тип нормално. После некое време ти скиснува од првиот спрат - одиш на вториот спрат и за момент се чувствуваш дека за момент си се вратил назад во времето или се наоѓаш на часови за олд скул поп и рок. Одиш на третиот спрат и се втурнуваш во брановите на ексклузивноста на МТВ и БЕТ. Зависно од тоа колку си исконзумирал претходно за момент ти изгледа целата просторија празна кога одеднаш забележуваш дека повеќето од присутните се црни и ја забележуваш мистиката на Американскиот танц која успешно или не се копира од сите. Јас тоа би го нарекол успешна black - white релација. Уствари нели тоа е сега кул во моментот? Жената е онаа која доминира во танцот и по можност треба да ги направи сите можни движења на колкот и на задникот. Мажот стои позади неа и ја придружува благо допрен со неговата предница до нејзиниот задник и не се движи многу. Зависно од тоа колку дозволува девојката може да допира без да претерува. Ако девојката сака да претераат заедно си излегуваат надвор и ја продожуваат вечерта на нивен начин. Американ Пај доживувања.

    Се враќаш на првиот спрат и одеднаш забележуваш две девојки качени на терасaта приредувајќи високо еротски танц а одоздола соберена група од мажи кои сликаат. Одеднаш се слушна дека тоа e познатата Американска порно ѕвезда Меру Кери со неуспешна политичка кариера за разлика од Чичолина, облечена во розова маичка од која што секој момент ќе и излезат имплантираните и со силикон гради. Видов порно ѕвезда! Момент на радост на мојот пријател.

    Едвај успевате да го најдете местото каде што сте си ја паркирале колата. Доаѓаш дома и се будиш наредниот ден во два.

    среда, април 12, 2006

    Чекање Ред

    Пред место за хемиско чистење. Многу честа појава кај Американците. Последната на редот чекаше 45 минути за да си ги земе алиштата.

    недела, април 09, 2006

    Казино ин Лас Вегас

    Точно на Дивижан стрит во Чикаго. Онаму каде што се пресечува со Кларк. Тој е црнец облечен со бела долга кошула, црни панталони. Некаде е во неговите четириесети години. Лицето му е пропаднато. Носи несредена брада. Тој е веројато луд. Вика преку целото време.

    Влегува во автобус. Наеднаш сите го загледуваат и го слушаат неговиот глас.

    “Казино ин Лас Вегас, брату. Казино. Сакам казино. О госпоѓо, господине сакам казино во Лас Вегас. Смачено ми е од Чикаго, смачено ми е. Госпоѓо не тргнувај од кај мене остани овде сакам да зборуваме.“

    Госпоѓата си тргнува. Овој почнува да зборува на друг црнец на наредното седиште.

    Бро, за тебе има пат до белата куќа и не само за тебе и за мене. Ми требаат пари, ми треба казино во Лас Вегас. Ми требаат пари. Пари за кампања. Ќе станувам прецедател. Јас ќе сум првиот црнец кој што ќе е претседател. “

    Станува. Почнува да се шета низ абтобусот и се фаќа за држачите. Разгледува.

    “Јас ќе сум првиот црн претседател во Америка. Тој ќе сум. Знам дека ќе ме убијат белите. Јас сум за животот на црните. Сите треба да имаат работа, сите треба да работат. Казино во Лас Вегас, тоа е. Ќе ме уништат. Но ќе се борам. Ќе се борам до крај. Јас ќе сум поголем и од Мартин Лутер Кинг. Ќе сум. Ми требаат пари. Казино ин Лас Вегас“.

    Продолжува да се шета по автобусот. Здогледува Полска двојка која се гледа вљубено. Се поздравува со нив.

    И за вас ќе има добро. Јас сум на пат кон белата куќа. Среќни луѓе сте вие. Момче, убава девојка имаш. Треба да се ожениш со неа. Да имате деца. Тие треба да се дел од Америка. Ние заедно ќе ја градиме оваа држава.“

    Полската двојка се смее. За нив тој е лудак. Црниот продолжува по автобусот здогледува двајца мексиканци кои се обидуваат да не му обрнат внимание.

    О, браќа Мехикано. И вие ќе сте со нас. И вие сте со мене. За вас ќе има убави работи, нема да чистите, миете садови и вецеа. Вие ќе имате место во Сенатот, во Белата куќа.“

    Продолжува да шета по автобусот и повторува неколку пати „Казино ин Лас Вегас.“

    Седнува, се смирува за момент и се загледува во една точка во автобусот. Автобусот застанува. Влегува црна жена во нејзините 50-ти. Овој ја здогледува и се обраќа на цел глас:

    „Кенјада!!!! Белата куќа. Казино во Лас Вегас. Ти што внукот ти умре во Ирак. Ми требаа пари за кампања. Јас ќе сум првиот црн претседател во Америка.

    Автобусот застанува. Овој излегува. Се што се слуша е: „Казино ин Лас Вегас“. Автобусот тргнува. Неговиот глас исчезнува. Автобусот наеднаш станува тих. Црниот имаше цел, тој имаше некоја гледна точка. Беше ли тој луд?

    вторник, април 04, 2006

    Рајан

    Запознајте се со Рајан. Тој е она типично Американско момче кое го гледате по филмовите. Она кое веројатно уште од мало гледа Американски фудбал ги сака Сокс и игра кошарка. Почнува на школо и се обидува да биде како другите, сака да биде како сите и да биде најпопуларниот во училиштето. Баш онака - како во типичните Американски филмови. Се заљубува и се задоволува сексуално на најубавата во училиштето која како и по обичај излегува со капетанот на фудбалскиот тим. Рајан го обожаваше МекДоналдс а и ужасно често јаде Мексиканска храна затоа што татко му е Мексиканец кој ги остави кога тој беше 5 години. Некогаш се чуди зошто мајка му избрала да му го задржи Мексиканското презиме. Го мразеше татко му.

    You know, I don't really know my father. - ми рече.

    Рајан го запознав во мојот коффее шоп. Бевме колеги на работа. Се сеќавам како предпочиташе да ги зема оние покасните смени за да не мора да стане рано наутро откако имал „бурна вечер“ како што тој ги викаше. Неговите бурни ноќи беа оние од стилот синоќе се напив и се напушив... Го достигнав врвот на марихуаната. Неговата поспаност и неговите очи не можеа да се средат ниту од 5 шота еспресо термин кој тој многу често сакаше да го користи. Рајан обожаше да го исфрла ѓубрето од коффее шопот затоа што можеше да се задржи колку сака и можеше пак да пуши. Многу често ми ја покажуваше неговата хипи црвено-бело-жолто-плаво обоена луличка во која секогаш имаше марихуана. Велеше дека секогаш предпочитал веднаш после пушење да ја наполни за да му е готова за наредниот пат. Но не успеваше да го прави тоа. Го фаќаше инстантна мрза. Рајан на неколку пати ми имаше речено дека не земал само марихуана дека сакал да зема и други дроги. Ја асоцираше со кафено, лизгање, пумпање. Мене не ми беше важно тоа. Јас знаев дека тој е team player и дека со него лесно се работи. Често ми се потсмеваше дека многу флертувам со Пољкињите кои влегуваат во нашиот коффее шоп.

    Рајан живееше со девојка му. Барем се обидуваше да живееше со неа. Му скисна да му се јавува и на работа да му раскинува преку телефон. Му скисна од сите игри со неа.

    Рајан не беше ко другите Американци. Тој не возеше убава кола, тој всушност и немаше кола. Сакаше да отиде во Армијата зошто беше чул дека можеше да му се отворат многу врати со тоа. Имаше сонови да се запише не некој колеџ но немаше доволно пари за тоа. Рајан беше момче со соништа. За Рајан Чикаго беше град во кој мораше да живее кога се преселија со мајка му. Него не му значеше ни дека Чикаго е трет по облакодери во светот ниту дека не ја живееше Американската Мечта.

    Рајан го нема веќе неколку дена на работа. Го нема веќе два месеци. Не одговара на телефон, го нема дома. Рајан некаде исчезна. Не оди на работа веќе, ниту фаќа седумдеска за да стигне дома.

    1. Vanessa
    2. Jasmi

    петок, март 31, 2006

    За зимата, девојките, туристите, имигрантите и себе си

    Зимата од секогаш сум ја мразел... А и оваа зима која што досега мина затоа што никогаш не ми е било постудено во животот. Знаете какво е чувството да станете во 5.00 саат сабајле (парното не работи) и во 5.30 на температура -15 степени да чекате автобус кој касни? Ужасно! А уште полошто ако е некое мљуткаво време... Сликата неверојатна, коските здрвени, не се чувствуваш ко човек после тоа. Недај боже да се јавуваш на тетката од СиТиЕј да ти каже тајмтејбл.

    Заеби тоа.

    Чикаго е неверојатен деновиве затоа што иде пролет и сите мора да се happy about it. Сите изгледаат повесели, попријатни, подруштвени. Завршија куклите натрупати во облека. Станаа мечките од зимски сон, девојките се разголија, педерите почнаа да шетаат за рака низ улица. Абе, љубов меѓу луѓето. Даутаун е полн, туристи почнаа да идат. Неќни ме сопреа двајца јапонци и ме прашуваа каде се наоѓал Water Tower во Чикаго. Right down this street им одговорив. За момент се осетив староседелец. Искусен туристоводец, стар Чикаговец. I am from Chicago lately.

    Сакам пак да сум турист во Чикаго за да можам го доживеам онака како што го доживеав првиот пат. Грандиозен, полн со луѓе, аумфорија, брзање на секаде, стокатници ти висат надглава и се ти изгледа недофатливо. Како и сега. Не можеш да влезеш во ниедна од зградите ако немаш некоја цел... А и да влезеш мора да ти направат целосен проверка. Неќни бев преку работа до централната канцеларија на мојот коффее шоп. Не по оној Холандски стил, нуту Италијански туку особен Американски to-go стил. Да не е за latte некој? Се движев низ целата глутница од луѓе најчесто офис мени, и нацупени теткици облечени во некој прилично конзервативен стил - никој облечен во рекламна маичка и фармерки купени од пазарот Капетан Рајчо во Пловдив. Имав некој обичен boyish изглед и се загледав во една бела лимузина од која изглегуваше очилав банкар. После си измислив анегдота на која за тоа другарка ми ми одговори: „Пфффф“. Проследено со потсмев.

    „Ќе се чувствувам како успешен имигрант во Чикаго кога ќе излегувам од бела лимузина и ќе влегувам во една од стокатниците."

    Многу недостижно.

    Во таа глутница од луѓе се чувствувам како една мравка или како еден social security број кој ти го дава Американската држава за да можеш да работиш тука или како само трудова гранка.

    „Оди на работа, придонеси нешто за економијата на Америка“ - излезе од устата на еден мој неверојатно интелигентен пријател кој ја има (не)среќата да работи како доставувач на пици.

    „Грбот ме боли од чистење на соби по хотели“ - од устата (грбот) на една бивша докторка во Македонија.

    Лошо е да живееш во некоја непредвлива неизвесност, иднина за работите. Лошто е што не знаеш што ќе ти се случи утре, не знаеш што ќе ти се случи наредниот месец, година без никаква поткрепа и со малку луѓе на кои што можеш да сметаш. Да ми се живи пријателите.

    Си приметив дека она што го правам најчесто на сајтот е дека пушувам само за работа... Море животот ми е работа. Јас живеам за да работам, работам за да живеам.

    Целосно се анализирав, ми треба сон.

    четврток, март 30, 2006

    Wishlist #1

    Мисла од Македонија:

    "Знаете, сакам да почнам да живеам како Американец или барем да се чувствувам дека живеам како Американец. Убаво си живеат нашите таму - и знаат како да живеат. Животот и е брз, убава работа, живеат во убави куќи, секој член од семејството си има кола, 5 телевизора, 3 лаптопа, одат на факултет, излегуваат на вечери, одат на фитнес и ги служат луѓе имигранти. Американскиот сон, батка."

    Прашање: Зошто луѓето толку генерализираат?


    недела, март 26, 2006

    A Journey Through Albania? 2 - бла бла

    Одговор на мојата реакција.

    -----Original Answer-----

    From: Lonely Planet Publishing
    To: Me
    Date: Mar 22, 2006 10:22 PM
    Subject: The Travel Book

    Dear Boban

    Thank you for your email regarding the Macedonia images in The Travel Book. That is very interesting and valuable information for us to have, and I will definitely have a look at this for the next edition.

    Best wishes, Ellie Cobb

    А еве како ја доживеале Бугарија:


    среда, март 22, 2006

    A Journey Through Albania?

    Шетајќи се по Кларк Стриит онака без никоја посебна цел влегов во Бордерс. Најголемата книжарница која сум ја видел во животот. Кога велам голема мислам огромна. Ми треба цел ден за да ја разгледам цела. Ја зедов во раце The Travel Book: A Journey Throught Every Country in the World. Онака носталгично веднаш отворив до М и еве што видов:


    На сликите не видов престава за современиот Македонец туку слики од куќите и обичаите на најбројното Македонско малцинство. Зошто е тоа така? Судејќи по сликите имаме ли ние ТВ, струја, компјутери?

    -----Original Message-----
    From: Me
    To: Lonely Planet Publishing
    Date: Jan 21, 20067:50 PM
    Subject: Product Update / Correction

    To Whom It May Concern:

    I recently bought your book named "The Travel Book: A Journey Throught Every Country in the World." Turning to letter M and finding Macedonia, I found pictures of people not representing the contemporary life in Macedonia, its people, customs and culture but the life of the largest minority instead. Judging by the pictures, Macedonia or FYROM as you name it, still lives in the 18th century.

    Respectfully,
    Boban Stojanov

    понеделник, март 20, 2006

    сабота, март 18, 2006

    Ѕвезди на Капитализмот

    Чувствувајќи се во некоја депресивна сосотјба најдоброто нешто кое што можам да го наравам е да пишувам во овој секогаш позитивно - протестирачки склонен кон анализа авантуристички сајт (блог).

    Whatever.

    Некои работи смрдат тука. Почнувајќи од обичното станување наутро и гледајќи го истиот просјак кој ме мисли за богат белез и ми бара пари/цигара секое утро продолжуваќи со freaking капиталистичкиот начин на функционирањето на државата - завршувајќи со неможноста да се спие некогаш навечер поради некои не-за кажување пред народ причини.

    You're God if you have money.

    Да се биде вештачки насмевнат и љубезен е убиствено тешко. Тоа те уништува. Тоа е уметност, нешто што го учиш и го правиш. Ти ставанува навина. Таков си. Ако не си, ти не си оној кој може функционално да комуницира со нас, ти си from the hood ти не си наш Social Class. Ти имаш акцент. Ти си тој што ми ги разчистува чиниите од маса. Ти си ми келнерка која ми се смее за да и оставам поголем бакшиш и ми тресе задници насекаде. Ти со оној кој ми паркира кола кога јадам во ресторант. Ти си онаа што ми чисти соба. Оној што ми го носи багажот, што ми носи јадење во соба, ме вози во такси, вози камион и го чисти подот на кој газиш.

    Е тоа ти е капитализам baby.

    Јас сум Американец, јас сум богаташ во Македонија. Успешен. Имам пари и ги земам од тебе. Јас сум сопстеник. Ти што ми работиш во фирма. За тебе не плаќам даноци, не ти плаќам осигурување, те терам да работиш прекувремено и да те убедувам дека ти плаќам. Те отпуштам од работа ако збориш многу. Јас сум ти Бог. Имам пари. Профитирам.Кога ќе бидеш ти како мене?Никогаш. Ти не си роден да бидеш таков. Ќе молчиш и ќе работиш од шест до шест.

    Ти си овца. Народот е овца.

    Мене ме штитат пријателите - капиталисти, системот. Не оној матрикс систем туку оној што го изградил човековиот (не)доволно развиен мозок кој не моше да си направи добро на себе си. Не може да креира Утопиа која очевидно не е возможна. Утопиа на системот, за нештата околу себе си, за животот. Капитализмот е тука, тој цвета, се наога во секоја пора од твојот живот, од секој составен дел на твоето општество, тој е некој висок систем на управување. Тој е неуништлив. тој е кучка.
    Всушност и постов е дел од овој капиталистички систем. Мојот мозок мисли поради енергијата коај ја добивам од храната која ја купувам од продавнициата од која човекот живее и купува стока од друга. И се е приватна сопсвеност тука.
    Како да се бориш?
    Да избегаш и никогаш да не се вратиш. Некаде во планина и да живееш сам.
    Да те снема психички. Да бидеш сам со мислите си.
    Да протестираш да собираш потписи.
    Тој е тука. Баравте - добивте.

    понеделник, март 13, 2006

    Америка против Бог и Имигрантите






    "Името ми е Педро. Живеам во Чикаго веќе 18 години. Имигрирав од Мексико заедно со целата фамилија преку Алабама каде што останав некое време и после решив да дојдам во Чикаго затоа што велеа дека тука најлесно се наогало нелегална работа. Работам како мијач на садови веќе 12 години. Живееме нормално досега но може да дојде крај на тоа откако сенатот почна да расправа за статусот на илегалните имигранти. Протестирав и сакав да протестирам. Јас се чувствувам како дел од оваа земја."

    Педро е еден од скоро 1 000 000 примери на илeгални имигранти. Најчесто таквите работат како мијачи на садови, чистачи на маси, работа во земјоделието работа во изградби. Од време на време ќе најдеш некој илeгален имигрант менаџер, заменик менаџер како и управител на фирма. Проблемот е што Америка веќе долго време и овозможува на илегалните имигранти да живеат како слободни не правејќи им никакви проблеми се додека не излезат од државата - не дозволјувајќи им да се вратат повторно назад. Каков апсурд.

    Така да, нашиве се женат, мажат бараат спонзори за секакви видови на визи, се запишуваат на факултети само за да можат да останат тука легално.

    "Не дојдов во оваа земја да крадам, туку да работам и да го издржам моето семејство"
    "Иако сум илегален Америка ја чувствувам како своја земја"
    Ова се дел од коментарите на 100 000 протестанти кои пред некој ден маршираа во центарот на Чикаго - гледка која никогаш не сум ја видел во животот и која ја гледав со огромен восхит.

    Представете си ја ситуацијата во која се наогаат сега: Ке треба да напуштат држава во која си имаат изградена своја сегашност и да се вратат во државата во која се родени и во која во моментот немаат апсолутно ништо. Такви има и Македонци. Ништо чудно скоро таквите да се вратат во Македонија за кои сигурно сте мислеле дека се со зелени карти, успешни, богати и за кои Америка е земјата на сништата. Повеќето од Американците со кои зборував за ова се против било како истерување на нелегалните - тие се срцето на економијата на Америка. Многу и од нив се жалеа дека всушност имигрантите ги земале работите на Американците. Во тој момент се почувствував како навреден имигрант. Искрено.

    сабота, март 11, 2006

    Јас преведен на Бугарски

    Моите текстови за Пловдив и Софија од пред половина година и повеќе преведени на бугарски јазик. хм.... Си звучам чудно.

    четврток, март 09, 2006

    Осмомартовски

    Како се чувствува маж без пари кој живее со три девојки пред очите на 8-ми март?
    Како Жртва.

    "Боби кво ще ни купиш за 8-ми Март?" - ме пита една од нив.

    Упс..... Ајде ќе намалат парите на мојот чекинг акаут. Треба да купувам цвеќиња, поклони вечери = ???

    "Не бе, зошто да ви купувам нешто ќе ве однесам на вечера. "- реков јас

    "А така ли бе, каде?" - ме запита љубопитно таа.

    Па ќе ве однесам во McDonalds да си изберете нешто од dollar menu.

    Колку сум гаден нели?

    недела, март 05, 2006

    Практичност 1


    Автобусите на градскиот транспорт се 100% пристапни а се има за цел такви да се направат и возовите. Автобусите имаат можност да се навалуваат, содржат хидраулични рампи а и има две места во секој автобус каде што може да се соберат инвалидски колички. И не само тоа на секаде и се окажува помош, во продавниците имаат предимство на опслужување како и користат најразлични намаленија не само во градскиот транспорт туку и на секаде.
    Ако имаш бизнис и немаш пристап за инвалидизирано лице а и веце кое тој може да го користи заборави на истиот.